Хороскопот и бесот: Девицата не повредува – таа понижува, а Јарецот ја сервира одмаздата ладна!

Хороскопот и бесот: Девицата не повредува – таа понижува, а Јарецот ја сервира одмаздата ладна!

Секој од нас се однесува поразлично кога е повреден, навреден или понижен. Во зависност од доминантните карактеристики на секој знак зависи дали тоа ќе го наплатите веднаш, дали ќе ја сервирате одмаздата откако ќе помине доста време или едноставно ќе заборавите и ќе продолжите понатаму.

1-horoskopot-i-besot-devicata-ne-se-osvetuva-taa-ponizhuva-jarecot-osvetata-ja-servira-ladna-www.kafepauza.mk_

Овенот веднаш напаѓа

Благодарение на владејачката планета Марс, Овенот нема да одолее на навредата или повредата, а да не реагира веднаш. Ако се повредени, Овните се најлошите луѓе со кои може да имате работа. Нивниот темперамент и непријатните напади со зборови ќе ги исфрлат од такт и најцивилизираните луѓе. Можен е и физички напад, фрлање на предмети… Нивната одмазда не е ниту стратешка, ниту испланирана, а добрата работа е што брзо се смируваат.

Бикот никогаш не заборава

Припадниците на овој знак не забораваат ништо, особено не работите кои ги повредиле, разочарале или налутиле. Што е најдобро, тие ќе се обидат да сокријат колку се изнервирани. Моменталната одмазда не е нивен стил – тие како воени заповедници набљудуваат и го чекаат моментот во кој нивниот противник е најслаб. Откако ќе ја исполнат својата одмазда, никогаш повеќе нема да имаат доверба и виновникот засекогаш ќе се наоѓа на нивната „црна листа“.

Близнаците се непредвидливи

Припадниците на овој знак се навистина непредвидливи, да дури и за самите себе. Ако ги повредите или навредите со нешто што им е важно, ќе го смислат најзлобниот план на светот – како од филмовите за психопати. Меѓутоа, додека дојде време за извршување на одмаздата, едноставно ќе се премислат – можеби продолжиле понатаму на други и поинтересни работи, се одлутиле или едноставно ја избришале таа личност од својот живот. Од друга страна, може да прогласат војна на комшијата кој случајно го изгребал нивниот автомобил.

4-horoskopot-i-besot-devicata-ne-se-osvetuva-taa-ponizhuva-jarecot-osvetata-ja-servira-ladna-www.kafepauza.mk_

Ракот може да биде бесчувствителен

Припадниците на овој знак се едни од оние луѓе кои често се одлучуваат за одмазда или барем размислуваат за неа. Причина за одмазда може да им биде сешто, бидејќи знаат да ги исконструираат и надградуваат работите кај луѓето со кои се замериле. Со нив е потешко да ги поднесете последиците од нивната одмазда, отколку да ги пронајдете причините, а во бесното расположение лесно може да го исклучат здравиот разум. Без разлика колку е големо нивното срце, во одмаздата навистина може да бидат ужасни.

Одмаздата на Лавот е како цунами

Припадниците на овој знак се чесни и горди, а токму тие точки ги прават многу чувствителни на разочарувањето кои другите им го приредуваат. Тие навредите едноставно не можат да ги заборават, па можат и со ноќи да бидат будни, а извинувањата безнадежни во нивните уши. Тие удираат на сите можни начини – со зборови, со дела, со измами… Начинот не е важен, туку само да го исфрлат целиот бес од себе. Со други зборови, не постои шанса Лавот да му прости на оној кој многу го повредил, а пријателството после тоа е невозможно.

Девицата не се одмаздува, таа ве понижува

Припадници на овој знак не се познати по тоа дека се некои големи одмаздници, но се многу тврдоглави. Повредени, тие ќе играат на картата на емоции. Всушност, возвишените Девици ќе направат непријателот самиот да се чувствува бедно заради тоа што го направил. Нивната цела е да ве расплачат и засрамат, а нивната одмазда е често тивка, без да привлечат внимание од јавноста.

3-horoskopot-i-besot-devicata-ne-se-osvetuva-taa-ponizhuva-jarecot-osvetata-ja-servira-ladna-www.kafepauza.mk_

Вагата казнува со молк

Вагата е знак на праведноста – нивна космичка должност е да ја истераат правдата. Од друга страна, тие сакаат драма, а во конфликтот ќе ги влошат работите сѐ додека не настане војна. Нивната омилена тактика е ладното однесување, апсолутното игнорирање. Ваквото однесување може да го продолжат со години, а ако виновникот ги праша „зошто“, ќе се направат луди и ќе кажат дека не знаат за што зборуваат. Сепак, понекогаш со упорноста и долготрајното додворување можете да се искупите, но тие сакаат вистинско каење.

Бегајте што подалеку од одмаздата на Скорпијата

Ако со нешто длабоко сте ги навредиле или повредиле припадниците на овој знак, подобро ви е да ја промените работата, местото на живеење или уште подобро, континентот. Всушност, тие се прваци во одмазда. Тешко опростуваат, а нивната одмазда е добро осмислена и што е најлошо, ѝ нема крај – истураат отров кога и да им се спојат патиштата со оној кој ги повредил.

Стрелецот повеќе жали отколку што мрази

Со припадниците на овој знак голема е веројатноста дека конфликтната ситуација ќе помине без крвопролевање, бидејќи Стрелецот има тенденција ништо да не сфаќа лично – така му е полесно во животот. Затоа е тешко кај нив да предизвикате големо огорчување, а бидејќи се емпатични, повеќе ќе го жалат оној кој им нанел зло отколку што ќе го мразат. Сепак, ако им се пробудат одмаздничките намери – делуваат моментално и аргументирано.

2-horoskopot-i-besot-devicata-ne-se-osvetuva-taa-ponizhuva-jarecot-osvetata-ja-servira-ladna-www.kafepauza.mk_

Јарецот ја сервира одмаздата ладна

Ако припадниците на овој знак се одлучат за одмазда, тие ќе го направат тоа постапно, методично и со минимално вплеткување на емоциите. Чувството веќе поминало додека тие одлучат да делуваат, останала само горчината и одлуката. Тогаш ќе се претворат во моќен непријател, сигурни во она што го прават – виновен си, сега ќе платиш. Тоа го прават грациозно, како да се издигнале од ситуацијата. Многу тешко простуваат.

Водолијата ретко се одмаздува

Припадниците на овој знак не се склони на одмазда. Имаат тенденција емоционално да се оддалечат од конфликтните ситуации, како и да го ограничат проблемот да не им влијае врз другите делови од нивниот живот и тоа им оди поприлично добро. После тоа, злонамерниот го бришат од својот живот.

Рибите се претвораат во пирани

Иако тоа никогаш не би ви го кажале, припадниците на овој знак можат да се претворат во пирани ако се многу повредени и одлучни да се одмаздат. Нивните фрустрации се насочени толку далеку што прават лудачки сценарија, замислуваат целосен пад на својот непријател, па дури и нивната смрт. Тактиката им е исмејување и омаловажување на оној кој ги повредил, а нивната одмазда не е логичка, туку емоционална.

Погледнете како најлесно да разбеснете некого според хороскопскиот знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар