Хороскопот ги открива знаците дека не можете да му верувате

Се плашите дека партнерот нешто сокрива од вас, но со „невин“ израз на лицето секогаш успева да се извади? Не грижете се, секој хороскопски знак има некои несвесни движења или знаци кои може да ви откријат дали се обидува да ве убеди.

horoskopot-gi-otkriva-znacite-deka-ne-mozhete-da-mu-veruvate-kafepauza.mk

Овен

Дали е некој за негирање на вистината? Мажот роден во знакот Овен ќе реагира многу агресивно на секое обвинување за кое всушност е виновен. Затоа, ако вашиот партнер навистина се разбесни, наместо да се насмее на оптужувањата кои му ги сервирате, тогаш веројатно вие сте оние кои би требало да бидете лути.

Бик

Инаку сигурниот и самоуверен Бик ќе почне да покажува знаци на несигурност ако лаже или се обидува нешто да сокрие од вас. Ако почне да покажува силна љубомора, не сфаќајте го тоа како нешто „слатко“. Тоа најверојатно значи дека зад тоа се кријат проблеми кои сака да ги скрие од вас.

Близнаци

„Не ми гледај преку рамо! Не мора да знаеш сè што правам!“ Кога мажот Близнак одеднаш почнува да ги изговара овие реченици, би требало да почнете да се сомневате. Инаку сакаат да зборуваат за сè и да делат информации, а кријат нешто само доколку тоа нешто е вредно за криење.

Рак

Раковите се задоволни и среќни ако поголемиот дел од времето го поминат со партнерот и семејството, но ако одеднаш тој почне да се оддалечува, тогаш нешто сокрива. Ракот не сака долго време да биде сам, па можеби тоа време на отсуство го поминува со некој друг.

Лав

Мажот Лав може да стане опседнат со контролата и да започнува расправии во врската само за да го сврти вниманието од својата индискретност. Затоа ако почне да се расправа со вас и почне да ви кажува што да правите а што не во своето слободно време, тоа е само маска дека нешто крие од вас.

Девица

„Не ми е грижа, прави што сакаш.“ Мажот роден во знакот Девица инаку е многу емотивен и драг, но кога нешто крие, го прави тоа така што ги брише емоциите од гласот при конверзацијата. Стануваат сомнителни ако одеднаш станат ладни.

Вага

„Зошто не ми веруваш?“ Мажот Вага е многу добар во лажењето ако смета дека нема друго. Ќе се сврти кон емотивна манипулација така што партнерот ќе се чувствува како грозна личност што воопшто ја започнал темата за сомнеж.

Скорпија

Кога Скорпијата сокрива нешто, станува непријатна. Ако одеднаш почне со грди коментари на сметка на вашата интелигенција и изглед, може да бидете сигурни дека тоа е еден вид манипулација со која се обидува да го сврти вниманието од своите лоши постапки.

Стрелец

Безгрижниот Стрелец ќе остави јасни знаци за криење на вистината. Може да менува по некој детаљ секојпат кога ќе го прашате да ја прераскаже истата приказна. Ако ве изневерува, можете да најдете пораки, број на телефон, па дури и облека од друга жена во неговиот дом.

Јарец

„Ти ме доведе до тоа!“ Кога мажот Јарец лаже, поаѓа од играта на префрлање на вината. Ако го фатите во лагата, тој ќе проба да ве обвини вас. А ако сè уште не сте го откриле, ќе забележите дека има помалку доверба спрема вас.

Водолија

Мажот во знакот Водолија може да биде многу убедлив кога кажува лага бидејќи во секој момент може да биде ладен и да ве лаже во лице. Но за да го направи тоа, би требало емотивно да се оддалечи од вас, што вам ќе ви даде до знаење дека нешто не е во ред. Ќе проба да се потпре на вашата логика отколку на емоциите.

Риби

Мажот во знакот Риба има совест која ќе го издаде ако лаже. Ако одеднаш забележите дека прави работи само за вас повеќе отколку порано, и тоа без причина, ако почне да ви купува подароци и да ги врши работите во домот, најверојатно се чувствува виновен.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар