Хороскоп за Св. Валентин

Автор: Вера Мартиноска

Изгледот може да лаже на овогодишниов Св. Валентин. Овој романтичен празник е за прославување на радостите на љубовта, но сериозните чувства оваа година се брануваат под површината. Цвеќето, чоколадите и сличните подароци нема да ѝ наштетат на врската, но нема да ги оттргнат грижите и сомнежите за подарувањето на вашето срце.

Венера, планетата на љубовта и манипулативниот Плутон се во таква позиција што може да предизвикаат појава на посесивност и љубомора, поткопување на довербата помеѓу партнерите, како и на вербата во себе.Хороскоп за Св. ВалентинНајкорисните подароци кои може да ги дадете сега, се искреното изразување на вашите грижи и покажувањето разбирање за стравовите на партнерот. Веројатно ова ќе ги тргне површните насмевки во моментот, но ќе ги продлабочи и зајакне врските во иднина. Погледнете ги предвидувањата за вашиот знак за овој Св. Валентин.

Овен

Оваа година важни се малите нешта затоа што вашата вообичаено страсна владејачка планета Марс е заглавена. Ова може да ве направи носталгични, но подобро ќе ви биде ако се посветите на деталите од сегашноста. Правењето нешто корисно е одличен начин да го прославите овој празник, со Марс во практичната Девица. Наместо да се занесете во јадење и танцување, зошто овој ден да не го посветите на тоа да им послужите на другите? Ова веројатно не звучи романтично, но ја покажува вашата љубезност и сочувство. Помагањето некому како волонтер, пријател или член на семејството ќе ви донесе ниво на задоволство, кое ќе направи да се чувствувате дека навистина ја заслужувате љубовта, овозможувајќи ви послободно да ја дарувате и воспримите.

Бик

Слатката страна на Св. Валентин ѝ прилега на вашата сензуална природа. Слаткиот мирис на цвеќе и вкусот на чоколада ја истакнува нежната страна на вашиот карактер. Сепак, може да има нешто што недостасува оваа година затоа што ви е тешко да се смирите и да уживате во овој специјален ден. Романсата која ја претставува овој ден е завиена во напнатата врска помеѓу љубовната Венера и провокативниот Плутон. Задевање, недоверба, љубомора или сомневање во себе може да ви го помрачат расположението. Ако имате партнер, побарајте тивко, оддалечено место каде ќе може да разговарате за интимни нешта. Ако сте сингл, подобро е да сте сами или со некој кому му верувате, отколку да барате романса под ризични околности.

Близнаци

Св. Валентин за вас може да започне отрезнувачки затоа што Месечината во Скорпија која е одговорна за расположението, се наоѓа во вашата 6-та куќа на прилагодување сè до вечерта, но токму тогаш забавата започнува. Месечевата промена кон дружељубивиот Стрелец  ја осветлува вашата 7-ма куќа на партнери, канејќи ве гласно и силно да се забавувате со некоја авантуристичка индивидуа. Сепак, може да сте со личност која се чувствува малку несигурна, што не му одговара на вашиот дух. Сфаќањето дека другиот можеби не се чувствува толку весело и разиграно како вас е важно доколку сакате да ја стекнете неговата или нејзината доверба. Не сметајте ги за безначајни повредените чувства, иако мислите дека проблемот и не е толку важен.

Рак

Разбудената сентименталност на овој Св. Валентин е помешана со некои компликации. Патувањето започнува со Месечината во страсната скорпија и вашата 5-та куќа на романсата, што звучи како совршена формула за добивање на посакуваната интимност. Сепак, вечерта се случува промена, со влегување на Месечината во грубиот стрелец, која може да биде помалку нежна од потребното. Нечувствителните забелешки може да предизвикаат непријатни чувства. Ако е така, искажете се цврсто, но нежно, наместо да се смешкате додека од внатре вриете. Довербата бара вистина, дури и кога кажаното не се вклопува во идеалниот модел на Св. Валентин со срценца и цветчиња. Соочувањето со реалноста е клучно за љубовта да трае.

Лав

Денот може да ви донесе извесни предизвици, односно да дојде до комплицирање на вашите планови, а емоциите може да ви бидат многу повредени. Љубомората или презирот може да му го одземе сјајот на празникот и славењето на љубовта. За среќа лунарната транзиција во ентузијастичкиот стрелец и вашата 5-та куќа на романсата, во текот на вечерта може да го сврти ветерот во поповолна насока. Игривата и дарежлива природа на вашиот карактер ќе заблеска и ќе ви овозможи да си поминете незаборавно. Сепак, извесна чувствителна личност може да реагира со љубомора, недоверба или едноставно да не биде расположена. Наоѓањето рамнотежа помеѓу радоста која вие ја барате и ранливоста на оваа личност, најлесно може да биде постигнато со љубезност и умерена смисла за хумор.

Девица

На овој празник, обидете се да ги поедноставите работите затоа што страсниот Марс сè уште се движи ретроградно во вашиот знак. Враќањето на место или на активност каде во минатото сте искусиле задоволство, е еден добар начин да ја искористите оваа инаку комплицирана транзиција. Само одржете ги работите едноставни за да го ограничите стресот и да си поминете убаво. Поврзувањето со некој што не сте го виделе некое време е уште еден начин да го прославите овој празник. Можно е да сретнете гласни или некултурни поединци во текот на вечерта. Дадете сè од себе да бидете во духот на забавата и немојте да им дозволите на груби личности да ви го уништат расположението.  Исто така, може да испланирате тивка вечер надвор или да останете дома и да најдете помирни начини на уживање.

Вага

Вашиот вкус за романтика тежнее кон слатката страна, што всушност треба да е поентата на Св. Валентин. Сепак, на овој ден постојат моќни чувства во вашите врски со другите луѓе, кои ја симнуваат фасадата на љубезност за да стигнат до подлабоките лични проблеми. Вашата примамлива владејачка планета Венера, е на пат кон заплеткување со мрачниот Плутон, побудувајќи проблеми со самоконтролата, љубомората и изнесувањето на скриените работи на површина. Страста е дел од пакетот, а ако имате волја да се соочите со непријатните чувства, може да го претворите проблемот во можност да се зближите со некого. Клучот е да бидете искрени кон себе и потоа да ги изразите вашите желби, без да застранувате во презир или во фокусирање на минатото.

Скорпија

Страста пулсира додека барате задоволство на подлабоко ниво од она што ќе го најдете на која било картичка за Св. Валентин. Денот започнува со Месечината во вашиот интензивен знак, подигајќи ги влоговите во играта на љубовта.  Вие не сте за флертување или за играње со луѓе кои не се подготвени да се посветат целосно на романсата. Планетата на љубовта, Венера сега се судира со вашата моќна владејачка планета Плутон, интензивирајќи ги врските со поголема желба, но исто така заканувајќи им се со тајност, љубомора и проблеми со контролата. Оваа атмосфера не е идеална за весели активности, но може да ве поттикне да ги поместите границите со вашиот партнер. Само, направете го тоа нежно за да не отидете предалеку и на крајот да создадете криза.

Стрелец

Одржувањето позитивен став е една од вашите јаки страни и вештина која ќе ви биде потребна овој Св. Валентин. Оптимизмот ќе ви биде неопходен, затоа што имате „сиви чувства“ на денот кога треба да се прославува љубовта. Започнува со Месечината во мистериозната скорпија и вашата таинствена 12-та куќа, што може да не ве доведе во најигривото расположение. Можеби ќе бидете посреќни ако не сте толку активни вечерта или ако поминете време со личност која не очекува многу. Лунарна промена во вашиот знак вообичаено би ја разубавило вечерта, што и во овој случај е возможно. Како и да е, љубовната Венера се судрува со манипулативниот Плутон, а вие не сте некој што сака да биде контролиран. Ако сте незадоволни со вашиот партнер, бидете искрени, но внимателни со вашите зборови.

Јарец

Една од вашите силни страни е тоа што знаете што сакате, но знаењето што и кого не сакате е еднакво важно за овој ден. Секако, празникот треба да претставува славење на љубовта, исполнет со цвеќиња, чоколади и романтика. Но ова не е баш таков ден. Овој Св. Валентин посоодветно е да се зборува за сериозни емоционални проблеми со пријател, отколку да се однесувате како заљубен тинејџер. Добрата вест е што можеби сте подготвени да дискутирате за некои сериозни работи. Ова не е забавно, но може да биде исклучително продуктивно за да се расчистат нерешени прашања кои ве фрустрираат во сегашната врска или во потрагата по нова. Ако и покрај ова, сега одлучите да си „играте“, добро е да знаете дека работите може да станат сериозни, затоа избегнувајте да бидете премногу компетитивни.

Водолија

Идејата за љубовта е прекрасно нешто и нешто во кое можете целосно да верувате. Сепак, овој концепт можеби нема да се отслика во реалноста на годинешниот комплициран празник. Првичниот проблем е тоа што Венера, планетата на љубовта се вплеткува со Плутон, темниот господар на подземјето. Ова може да предизвика некои провокации кои го разбиваат духот на денот. Но наместо да се трудите да пловите над непријатните чувства, соодветно време е да нурнете длабоко во себе и да размислувате за вашите желби. Доколку тие не се исполнети од вашиот сегашен партнер или сте сингл, интимен разговор со некој на кого можете да му верувате, може да ви помогне да тргнете кон остварување на вашите потреби.

Риби

Дури и романтична личност како вас може да забележи дека овој Св. Валентин повеќе е за копањето длабоко во нашата емотивност, отколку за кратки врски во лесен стил. Многу е важно да бидете ценети, со оглед на тоа што Венера е во вашата 2-ра куќа на самопочитта и се судира со проникливиот Плутон.  Вие веројатно не можете да си ги објасните непријатните проблеми, како на пример чувството да се биде непочитуван или игнориран. Не е убаво кога незадоволството ќе излезе на површина, но тоа е многу поздраво отколку да се потиснуваат чувствата. Решението е во признавањето дека заслужувате љубов и внимание без да се борите за тоа и да сфатите дека не сте жртва. Добивањето на тоа што го сакате, започнува со елиминирање на кое било однесување и верувања кои ви стојат на патот, за да се осигурате дека ве третираат фер.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар