Хипнотизира со својот поглед: Овој хороскопски знак е извор на голема борба, страст и емоции

Хипнотизира со својот поглед: Овој хороскопски знак е извор на голема борба, страст и емоции

Скорпијата е осмиот знак во зодијакот и, како и секој друг знак, така и таа е поделена на три декади: Првата ѝ припаѓа на Марс, втората на Сонцето, а третата на Венера. Неговата природа е ладна, влажна, водена, флегматична, а станува збор за женски знак, ноќен, фиксен, мрачен.

Хипнотизира со својот поглед: Овој хороскопски знак е извор на голема борба, страст и емоции

Му припаѓаат грабливи ѕверови и водени животни, води кои течат и дрвја со умерена висина, знае да има многу деца, да биде развратен, внимателен, склон на гнев, по малку лажлив, господар на претпазливоста, со убаво лице, дарежлив во душата. Во природниот хороскоп Скорпијата владее во осмата куќа, која се однесува на смртта, губењето, но и наследство. Истовремено ова е втора окултна куќа. Елементот на водата кој му припаѓа, го прави емотивен, а Марс (владетелот) страстен, динамичен и подготвен за акција. Интуитивен е како Ракот и Рибите, па наоѓа длабока смисла зад површните случувања.

Изглед

Со својата појава на другите им открива нешто од нематеријалниот, недопирливиот свет. Скорпиите може да ве привлечат, но не со класичната, по малку слатка убавина, како Вагите, туку со мистеријата која ја носат со себе. Тие едноставно ве хипнотизираат со погледот, а нивната огромна енергија ќе ја почувствувате и тогаш кога делуваат целосно незаинтересирано и отсутно.

Карактер

По природа, личностите родени во знакот Скорпија се полни со противречности, тие се извор на незаситна борба на страстите и чувствата. Иако Скорпиите се детективи кои душкаат околу „тајните“ места на другите, самите тие имаат повеќе тајни отколку кој било друг. Нивната најголема карактеристика е воздржаноста, што ги прави малку таинствени. Никогаш не дозволуваат да им се влезе во нивните најинтимни и најскриени места, а своите слаби точки успешно ги кријат од другите.

Она што во многу случаи им дава предност е длабоката и силна интуиција која им овозможува да ја разликуваат вистината од лагата и доброто од злото. Скорпиите се издржливи борци и во секоја борба влегуваат сами. Тие може да бидат опишани и со изреката „Малите птици летаат во јато, а големите сами“, а Скорпиите дефинитивно се сметаат за големи птици. Важно е тоа што тие самите мислат за себе и за своите работи, а не им е важно што мисли околината. Ако проценат дека живеат помеѓу површни луѓе, имаат сила целосно да се издигнат и да живеат сами. Доколку никој не сака да ги прати, тие самите тргнуваат да ја откријат тајната и смислата на животот и светот.

Скорпиите се многу присебни и ладнокрвни дури и во најризичните животни ситуации, затоа што воопшто не се плашат. Кога намеруваат да остварат некоја цел, тие одат до крајни, за другите недостапни граници, без претерано да размислуваат за последиците. Токму поради тоа честопати делуваат невнимателно. Скорпијата која ќе тргне, тешко е да ја запрете, единствено можете да ја пратите. Тие никогаш не застануваат на половина пат, а под навидум мирниот изглед, се крие вистински вулкан. Доколку не е добро насочена, оваа силна енергија станува деструктивна. Тие се опседнати со смртта, а тоа доаѓа до израз во нивните соништа, а само Раковите имаат толку морбидни соништа како Скорпиите. Со нив не би требало да влегувате во жестоки судири, затоа што се незгодни непријатели. Интелигентни се, многу храбри, но и сакаат одмазда. Тие долго ќе ги паметат вашите навреди, а бидејќи се многу интуитивни, брзо ќе ја најдат вашата слаба точка и ќе ви возвратат кога ќе бидете најслаби.

Хипнотизира со својот поглед: Овој хороскопски знак е извор на голема борба, страст и емоции

Скорпиите не се грижат многу за надворешното изразување љубов, не се додворуваат, ниту пак го очекуваат тоа од другите, затоа што тие добро знаат колку вредат. Не делат совети на сопствена иницијатива, како Овните, но доколку го побарате нивното мислење, тогаш внимателно послушајте ги, затоа што апсолутно ќе ви ја кажат вистината. Доколку Марс и Меркур се лошо насочени, тие намерно лажат за да повредат, се однесуваат како шпиони, инстинктивно уништуваат сѐ што е убаво, бидејќи се исполнети со омраза. Го разбираат дури и она што не е изговорено, храбро ја ставаат на располагање својата огромна сила на слабите и немоќните, ако за нив ги врзува иста идеја. Тие се многу амбициозни и доколку сакаат може да бидат прекрасни работници. Општо земено, со нив не е лесно да се натпреварувате во што било.

Љубов

Страсните и посесивни Скорпии обично доминираат кај оние кои ги сакаат. Врската со нив подразбира екстремности од секаков вид, започнувајќи од возвишени емоции, сјај и духовни возвишувања, па сè до мрак и уништување. Најтешко е да се живее со претставниците на овој знак. Тие се големи перфекционисти, а посесивноста честопати ги води во садизам, па најмногу ги малтретираат токму оние кои најмногу ги сакаат. Тие имаат сомнежи и бараат апсолутна посветеност. Многу се мистериозни и несфатени, а со себе носат еден вид фатализам. Вистинските чувства не ги покажуваат, па така тешко ќе ви биде да сфатите на што сте. Не ги откриваат своите тајни, но сѐ ќе направат за да ги откријат тајните на другите, за да може да владеат. Не поднесуваат закани и уцени, не делат комплименти, а изгледаат мирно, оставајќи ве во недоумица дали некогаш воопшто ве сакале. Доколку ве сакале, тие целосно ќе отстранат еден дел од себе и сѐ ќе заборават, а за тоа им недостига сила.

Кога сакаат, тие со својот магнетизам освојуваат по секоја цена. Презираат рутина и општо прифатени норми на однесувања и работа, па ги следат принципите кои сами си ги поставуваат. Дури и кога се најмногу заљубени, не ја изјавуваат љубовта и не идеализираат, туку ја задржуваат јасната свест за тоа кој колку вреди. Од Скорпиите не треба да очекувате емоциите да им го поматат умот, затоа што тие не се толку романтични и меки, а наместо розови, носат црни очила. Доколку во своето непрекинато барање тие успеат да пронајдат единствена животна љубов, Скорпијата ќе направи сѐ за неа во буквална смисла на зборот. Ќе ја штитат со орловска храброст и ќе сакаат незаборавно и доживотно. Затоа, не треба да бидете изненадени ако запознаете личност родена во знакот Скорпија која доживотно ѝ останува верна на својата љубов, исклучувајќи ја секоја можност некој повторно да засака.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар