Годишен хороскоп за 2012

Годишен хороскоп за 2012

Оваа година ќе донесе некои позитивни промени во животот на скоро сите знаци во Зодијакот. Тоа може да се однесува на кариерата, љубовта или на животот и животните ситуации воопшто, но важно е тоа што влијанието ќе биде позитивно во поголемиот број случаи. Погледнете каква ќе биде 2012 година за секој од хороскопските знаци.Годишен хороскоп за 2012

Овен

Изминатата година беше по малку хаотична и стресна за родените во знакот овен, но во 2012 г. се очекува подобрување на сите полиња. Оваа година ќе биде помалку стресна, а ќе се елиминираат и некои потешки проблеми и оптоварувања. Финансиските проблеми ќе се надминат, а за многумина се очекуваат и позитивни промени на овој план. На работното место може да се очекува унапредување или зголемување на платата, но исто така е можно и да ја пронајдете работата од соништата која ќе ја извршувате со задоволство.

Бик

Божицата на среќата и успехот, Фортуна ќе им се насмевнува на луѓето родени во знакот бик во оваа година поради присуството на планетата Јупитер во нивниот знак. Тоа ќе влијае на сите полиња во животот на биковите. Судбината ќе им биде многу наклонета на луѓето од овој знак, многу добри нешта наидуваат и им се нуди голем потенцијал. Биковите треба да ја искористат оваа година и максималната предност, бидејќи вакво нешто за нив се случува само еднаш во дванаесет години. Сите свои соништа можат да ги остварат во оваа година.

Близнаци

Особено возбудлива година ги очекува родените во знакот близнаци. Многу нешта можат да се случат во нивниот живот. Ќе се појават нови луѓе, нови контакти, патувања во странство, а можна е промена и на работното место. Сите овие случувања и раздвиженост можат да доведат до потполна внатрешна и надворешна трансформација, што всушност ќе претставува фантастична промена на личноста на близнаците.

Рак

Луѓето родени во знакот рак конечно можат да се смират, бидејќи 2012 г. ќе биде особено мирна и тивка за нив. Нема да има вознемиреност, загриженост и стрес. Сите актуелни прашања и проблеми ќе бидат организирани и решени, а нестабилноста во животот од минатата година ќе се врати во својот нормален тек. Не морате да се грижите поради некакви загуби, бидејќи во економска смисла работите среќно ќе се завршат, па дури е можно да се очекува поголема количина пари до крајот на годината.

Лав

Лавовите ќе имаат цела година пред себе во која ги очекува неверојатен бран на среќа. Токму кога ќе помислат да се откажат од својот сон, ќе дојде до неочекувани случувања, идеи или средби кои ќе ги доближат до реализирање на тој сон. На лавовите им претстои интересна и разнолика година, но можеби ќе биде потребно да се ослободат од некои стари нешта, за да ослободат простор за нешто сосема ново.

Девица

Почетокот на оваа година можеби ќе биде малку досаден за девиците, бидејќи нема да се случува ништо возбудливо, но кон средината на годината наеднаш сè ќе се смени. Ќе се случуваат толку промени што едвај ќе можете да ги следите. Можно е ново вработување или унапредување кое ќе ви овозможи нови предизвици, а некое признание кое сте го очекувале или промена на одредени околности ќе ве исполни со целосно задоволство.

Вага

За вагите 2012 година ќе биде година на тестирање. Многу е можно да дојде до провокативни ситуации кои ќе ги натераат да донесат одредени одлуки. Новата година ќе ги извлече од некои ситуации во кои се заглавени веќе некое време, што всушност може да претставува големо олеснување за нив. Оваа година, за вагите ќе биде година на донесување одлуки, при што ќе имаат чисти, јасни и недвосмислени ситуации. Тие не смеат да ги одложуваат работите ниту нивниот тек, туку треба да се посветат на следниот чекор.

Скорпија

Оваа година е многу значајна за скорпиите, бидејќи ќе започнат некои големи и значајни нешта кои ќе го одредат понатамошниот тек на нивниот живот. Многу од припадниците на овој знак ќе почнат радикално поинаков живот од тој што го имале пред тоа. Тоа би можело да биде професионална промена, промена на начинот на живеење или ставовите, но важно е тоа што овие промени ќе имаат позитивен ефект.

Стрелец

Големата желба за слобода кај стрелците се јавува истовремено со желбата и потребата да бидат во врска. Во исто време тие и работата и партнерството ќе ги сфатат сериозно. Среќни промени може да им се случат на работното место и на тој начин може да се очекува подобрување на финансиската ситуација. Кон средината на годината можни се некои егзотични патувања.

Јарец

Во оваа година се очекува финансиски успех и за јарците. Тешкотиите и проблемите од изминатите години ќе завршат и ќе дојде до видливи резултати на вложувањата. Јарците кои имаат сопствен бизнис ги очекува стабилна година со многу клиенти и големи порачки, а оние кои се вработени ги очекува унапредување. Оваа година ќе имате поголеми приходи, а и некои работи што сте морале да ги одложите на подолго време би можеле да се вратат во вашиот живот.

Водолија

Водолиите во 2012 г. ќе поминуваат низ големи внатрешни промени. Конечно ќе се пронајдат себеси и ќе успеат да ја пронајдат професијата која ќе ги усреќи, а воедно и ќе им обезбеди соодветен приход. Ова секако ќе бара и дополнително учење и развој, но тоа ќе биде успешно поради целосната посветеност. Новата професија ќе ги направи водолиите навистина среќни.

Риби

На рибите ќе им се случуваат многу чуда во оваа година. Мистични случувања и искуства ќе ги следат во текот на целата година. Тоа кај нив ќе предизвика длабоки внатрешни промени кои можат да бидат позитивни во сите сфери на животот. На крајот ќе го пронајдат своето вистинско „јас“ и тоа ќе им даде доволно енергија и храброст за промени. Промените може да се однесуваат на работата или на врската, но секако рибите ќе имаат прилика да се ослободат од улогата на жртва.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Катерина Неделкоска Reply

    Oдлично! 🙂

  2. Кристина Reply

    Пред 12 години ми се оствари еден детски сон, значи сега е на ред другиот! 🙂

  3. Даниела Reply

    Е да бе, на сите само убаво им пишува?!

  4. Marian Donev Reply

    иии , супер

  5. mile Reply

    abe za site procitav i za site pisi uspeh sreka zimi topo 😀

Напиши одговор на mile Откажи одговор