ФБИ статистика: Најопасните луѓе се родени во овој хороскопски знак

ФБИ статистика: Најопасните луѓе се родени во овој хороскопски знак

Без разлика дали верувате во хороскоп или не, се чини дека датумот на раѓање сепак влијае на карактерот. Агентите од ФБИ ја анализирале својата архива така што ги споредиле датумите на раѓање и криминалните дела кои биле извршени. На тој начин се дошло до заклучок дека сериските убијци се родени во одреден период од годината. Во продолжение погледнете ја оваа листа која започнува од најнеопасниот, па сè до најопасниот знак.

ФБИ статистика: Најопасни се луѓето родени во овој хороскопски знак

12. Близнаци

Иако сите зборуваат лошо за луѓето родени во знакот Близнаци, се чини дека тие се најмалку опасни од сите знаци и на нивните раце биле забележани најмалку траги од крв. Тие едноставно никој не доживуваат толку сериозно за да го убијат или повредат. Изгледа овие личности имаат поинаков пристап кон криминалот, односно жртвите ги „убиваат“ полека со своите долги и опширни разговори.

ФБИ статистика: Најопасни се луѓето родени во овој хороскопски знак

11. Водолија

Иако на многумина ова не им е јасно, Водолијата е втор по ред најневин знак во зодијакот. Но, можно е да не се издаваат лесно и да се фатат на дело, како што е случајот со припадници на дел од другите знаци, затоа што се паметни и добро ги прикриваат доказите. Сепак, правдата им е многу важна во нивниот живот, но имаат и силно его кое не може лесно да биде уништено.

ФБИ статистика: Најопасни се луѓето родени во овој хороскопски знак

10. Лав

За луѓето родени во овој знак може да се каже дека се како кучиња кои многу лаат, но не касаат. Тие знаат да бидат гласни и да остават впечаток дека се многу опасни, но всушност се држат настрана од проблемите. Кога луѓето родени во знакот Лав ќе убијат некого, тоа обично го прават за да привлечат внимание на себе. Сепак, тие се познати по тоа што сакаат да бидат во центарот на светот.

ФБИ статистика: Најопасни се луѓето родени во овој хороскопски знак

9. Вага

Иако луѓето родени во овој знак оставаат впечаток на праведни, љубезни и трпеливи личности, тие извршуваат повеќе убиства од Водолијата и Лавот заедно, што малку е и чудно. Се чини дека и трпението има свои граници, а Вагите често стануваат насилни откако некој бесрамно ќе се обиди да ја искористи нивната добрина.

ФБИ статистика: Најопасни се луѓето родени во овој хороскопски знак

8. Девица

Иако делуваат мирно и тивко, според податоците на ФБИ, припадниците на овој знак се просечни психопати и многу уредни убијци, иако се посклони кон измами и кражби, а не убиства. Што се однесува до кражбите и измамите, тие ќе ги испланираат до најситен детаљ.

ФБИ статистика: Најопасни се луѓето родени во овој хороскопски знак

7. Риби

Многумина би се излажале кога би помислиле дека луѓето родени во овој знак се слатки и мили. Некои од најпознатите сериски убијци во светот биле родени токму во овој хороскопски знак. Исто така овие личности се посклони кон зависности.

ФБИ статистика: Најопасни се луѓето родени во овој хороскопски знак

За да го видите продолжението на оваа листа, преминете на наредната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар