Фатални убавици: 5-те најубави жени во Зодијакот

Секоја жена е убава на свој начин, без разлика дали привлекува со својата физичка убавина, со харзима или со позитивната енергија што ја носи во себе. Но, според експертите во областа на астрологијата, припадничките на понежниот пол родени во некој од овие 5 хороскопски знаци дефинитивно се на врвот на листата според убавината, сексапилноста и магнетската привлечност која ја поседуваат.

Фатални убавици: 5-те најубави жени во зодијакот

Овен

Овие жени делуваат силно, имаат спортска градба и изразени црти на лицето. Црти кои тешко се забораваат. Многу често се бринети со светли очи и совршено тело. Нивниот изглед е во согласност со силната и енергична личност која ја носат во себе, а нивната свиленкаста кожа ќе направи секој допир на оваа убавица засекогаш да остане врежан во вашите сеќавања.

Лав

Силни, грациозни и често спортски градени, Лавиците пленат без компромиси. Тие се одликуваат со убаво извајани нозе, чии изглед и држење ќе ве остават без текст. Сакаат да се облекуваат модерно и да се дотеруваат, а понекогаш во тоа и уживаат. На нив може да им се припишат многу таленти, а без лажна скромност, природната убавина и шармот никогаш не престануваат да им го одземаат здивот на мажите. Ако мислите дека кога станува збор за Лавиците се мисли на просечна убавина, се лажете. Нив лесно ќе ги препознаете помеѓу останатите, бидејќи покрај нивната убавина, нивниот стил на облекување и начинот на живот никогаш не се клише.

Скорпија

Дури и кога се слаби, Скорпиите имаат прилично силна градба. Добри нозе, широки рамена, впечатливо лице со сензуални усни и продорни очи неретко ги красат овие дами. Припадничките на овој знак најчесто имаат преубава кафена густа коса. Тие сакаат да се дотеруваат, но нивниот истанчен вкус никогаш нема да дозволи да претераат. Кога Скорпијата ќе реши да ве освои, таа сиот свој „отров“ ќе ви го сервира така што вие слатко ќе го испиете. Нивната убавина е секогаш над просекот, а покрај мажите ги сакаат и децата. Среќен е човекот кого Скорпијата искрено ќе го засака.

Стрелец

Дамите родени во овој знак се најзгодни во целиот зодијак. Со просечна висина и спортска градба, овие убавици како да имаат природен талент да дојдат до израз. Често имаат убаво и по малку долгнавесто лице, високо чело и изразени светли очи. Сакаат да се облекуваат спортски и едноставно, но кога треба да се претстават во полн сјај ќе го направат тоа на вистинскиот начин и со одмерена доза на луцидност. Секогаш се оригинални во настапот и лесно ќе ви го украдат вниманието. Кога се излезени во град, нема многу да ви треба за да ги забележите помеѓу група убави девојки, бидејќи нивната убавина и шарм доаѓаат до израз кога се чувствуваат добро.

Водолија

„Отровот“ го чуваат во мали шишенца. Водолиите обично се со средна висина или ниски. Имаат преубаво заоблено лице и светол тен. Обично имаат помали дланки и стапала, но убаво извајани нозе. Очите им се нежни, а погледот бистар и искрен. Имаат убави и меки крупни усни. Водолиите не му придаваат преголемо значење на облекувањето, тие знаат дека кога пред својот избраник ќе се најдат голи, никој нема да размислува за облеката. Водолиите се често природно благословени и со женски атрибути, па така го оставаат спротивниот пол без здив.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Teatime Reply

    Zenata Vaga e najubava, harmonicna i inteligentna vo celiot zodijak, dokazano ne samo od eksperti astrolozi, tuku i vo realnosta.

    • jmkbhk Reply

      taka e !!

    • ... Reply

      Imav “drugarka” vaga i ne samo vo liceto i vo teloto e totalno kako bager da pominal po nea…Za dr neznam ama taa e najgrdata devojka sto dosega ja imam zapoznaeno,skoro sekoj den so mrsna kosa,akni po celo telo,podgrbavena…Uzas :p Se sramam sto mi bese drugarka takov smackanak

  2. Maja Reply

    Mislam deka ste greska 😊

Остави коментар