Емотивни и напорни: Негативните страни на љубовната врска со припадниците на знакот Рак

Генерално гледано, Раковите се многу добри луѓе. Тие се грижливи, сочувствителни и заштитнички настроени кон нивните блиски. Освен тоа, тие се и многу добри готвачи! Но, ако некогаш сте биле во врска со Рак, сигурно знаете дека нема толку часови во денот колку што во овој знак сака да се гушка и милува. Ако личноста што ви се допаѓа е родена во овој знак, треба да ги знаете негативните страни на љубовната врска со Раковите. Во продолжение прочитајте кои се тие…

Емотивни и напорни: Негативните страни на љубовната врска со припадниците на знакот Рак

Бура од емоции

Ако ви се допаѓа некој Рак, треба да бидете подготвени вие да ја одржувате стабилноста во врската. Но, доколку вие сте родени во знакот на Риби, Скорпија или некој друг знак со активен емоционален живот, врската со Рак можеби ќе ви дојде премногу напорна. Расположението на Раковите драстично се менува на секои 10 минути. Нивното расположение се менува толку често што ни тие самите не можат да излезат на крај со себе, така што не очекувајте дека вие ќе можете да го направите тоа.

Имаат ненаситна потреба од нежности и прегратки

Нема ништо лошо во прегратките, но Раковите едноставни претеруваат кога се работи за милување и нежности. Нивните потреби се буквално ненаситни. Секако дека физичкиот допир е еден од најзначајните јазици на љубовта, но и постојаното гушкање знае да стане напорно. Ако започнете врска со Рак, понекогаш ќе се чувствувате како да не можете да дишете и доколку побарате простор, подгответе се за поплава од крокодилски солзи.

Емотивни и напорни: Негативните страни на љубовната врска со припадниците на знакот Рак

Ќе морате со зборови да ја искажувате вашата благодарност за секој нивен гест

Раковите обожаваат да готват за нивните сакани и тоа е многу слатко, но понекогаш можеби ќе се чувствувате како да ве хранат сосила. Постојано ќе ве прашуваат дали ви се допаѓа храната и ќе ви додеваат со прашања од типот „Да не требаше да ставам помалку сол?“ сѐ додека не изедете сѐ што има во чинијата. Ако се осмелите да оставите малку од јадењето, очекувајте драма.

Обожаваат да седат дома

Се надеваме дека обожавате маратонско гледање серии, бидејќи припадниците во овој знак обожаваат да седат дома. Раковите си ги полнат батериите на тој начин што се излежуваат на каучот и тука не можете да преземете ништо за да им помогнете. Тие се многу чувствителни и времето што го поминуваат надвор од дома им ја исцрпува сета енергија. Па така, дури и да ги убедите да излезете, тие сигурно ќе сакаат да си одат многу порано од вас.

Не ни помислувајте на тоа да излезете сами! Како и самиот симбол на нивниот знак, Раковите ќе се закачат за вас како со клешти и нема да ве пуштат да одите никаде.

Прочитајте ги и овие работи што треба да ги знаете пред да започнете љубовна врска со Рак.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар