Ѕвездите откриваат: Кој цитат би требало да биде вашето мото за 2018-та година?

Новата година само што започна, а многумина од нас веќе „работат“ на остварувањето на новогодишните планови и одлуки. Можеби понекогаш ќе посакате да се откажете од патот кон целта, но за да ја прескокнете таа пречка ви откриваме на кој цитат според вашиот хороскопски знак треба да се присетите. Погледнете што ви препорачуваат ѕвездите.

1-dzvezdite-otkrivaat-koj-citat-bi-trebalo-da-bide-vasheto-moto-za-2018-ta-godina-www.kafepauza.mk_

Овен

„Никогаш не е доцна. Никогаш не е доцна за да почнете од почеток, никогаш не е доцна да бидете среќни.“ – Џејн Фонда

Бик

„Ти си само човек. Живееш еднаш и животот е прекрасен, па затоа изеди го тој прекрасен црвен капкејк.“ – Ема Стоун

Близнаци

„Животот е навистина интересен. На крај од краиштата, некои од најголемите грешки и болки, стануваат вашата најголема сила и предност.“ – Дру Баримор

Рак

„Бидете задоволни со себе. Сакајте ги вашите недостатоци. Почитувајте ги вашите необичности. И секогаш имајте на ум дека сте подеднакво совршени како и кој било друг, токму заради она што сте.“ – Аријана Гранде

Лав

„Дури и кога знаете дека ќе погрешите, направете го тоа величествено.“ – Кејт Бланчет

Девица

„Донесете правилна одлука, особено кога никој не ве гледа, и на тој начин секогаш ќе бидете добро.“ – Опра

3-dzvezdite-otkrivaat-koj-citat-bi-trebalo-da-bide-vasheto-moto-za-2018-ta-godina-www.kafepauza.mk_

Вага

„Ајде да вежбаме мотивација и љубов, а не дискриминација и омраза.“ – Зендаја

Скорпија

„Немојте никогаш да се срамите од она што го чувствувате. Имате право да ја почувствувате секоја емоција што ќе ја посакате и да го правите сè она што ве прави среќни.“ – Деми Ловато

Стрелец

„Што и да се случува во животот, секогаш бидете добри кон луѓето. Да бидете добри е најубавата работа која можете да ја направите.“ – Тејлор Свифт

4-dzvezdite-otkrivaat-koj-citat-bi-trebalo-da-bide-vasheto-moto-za-2018-ta-godina-www.kafepauza.mk_

Јарец

„Не дозволувајте некој или нешто да ве ограничи. Вашиот сопствен глас е единствениот кој треба да го слушате.“ – Дав Камерон

Водолија

„Само кажете ‘да’. Само кажете ‘да’, бидејќи не постои нешто што би ве спречило.“ – Зои Суг

Риби

„Приоритет и апсолутен број 1 во животот е да водите сметка за себе и да се трудите да бидете среќни.“ – Сабрина Карпентер

Погледнете кој цитат најдобро ги опишува вашиот хороскопски знак.


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар