Дознајте кои хороскопски знаци ќе се заљубат до крајот на годинава

Дознајте кои хороскопски знаци ќе се заљубат до крајот на годинава

Новата 2017-та година е веќе на прагот, но тоа не значи дека не нѐ очекуваат уште неколку изненадувања до крајот на 2016. Ова посебно важи за 3 хороскопски знаци кои ќе имаат навистина возбудлив предновогодишен период од 17-ти декември до 31-ви декември. Според астролозите, овие хороскопски знаци ќе се заљубат и празниците дефинитивно нема да ги поминат сами. Во продолжение дознајте за кои знаци станува збор…

Дознајте кои хороскопски знаци ќе се заљубат до крајот на годинава

Лав

За Лавовите оваа година беше навистина бурна и полна со настани. Меѓутоа, најдоброто секогаш се чува за крај, па така во последните две недели од 2016-та година тие ќе ги решат сите нивни љубовни проблеми. Без разлика дали се работи за изборот на партнер или ќе се охрабрат да ја дефинираат врската со моменталниот љубовник, припадниците на овој знак ќе имаат среќа конечно да го добијат она што го посакувале цела година. Можно е да се појави некоја личност од минатото која ќе им внесе малку немир во животот, но како и секогаш Лавовите знаат кој пат да го одберат и нема да дозволат да им падне круната од глава ниту пак да им се избрише насмевката од лицето.

Девица

Нежните и романтични Девици речиси никогаш не се задоволни со нивниот љубовен живот, но се чини дека и ним ќе им се насмевне среќата. Во наредните две недели тие ќе сфатат со кого сакаат да бидат, но тоа нема да биде крајот на изненадувањата. Сингл Девиците ќе имаат можност на некој настан да запознаат личност која ќе ги остави без зборови и тоа ќе биде убав почеток на едно познанство, а можеби и љубовна приказна. Во секој случај, припадниците на овој знак нема да ги поминат новогодишните и божиќните празници сами. Тоа е знак дека ќе им се отвори едно сосема ново поглавје од наредната година.

Риби

Рибите ќе доживеат големи промени во декември, особено ако веќе подолго време се во врска. Ново е тоа што тие конечно ќе посакаат да ја подобрат врската и да ја прогласат за официјална, така што немојте да се чудите доколку новогодишната ноќ ја украсите со свршенички прстен. Сингл Рибите не треба да очајуваат бидејќи тие ќе ја искористат празничната еуфорија за да се збогуваат со минатото и да ја започнат 2017-та година во ново руво.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар