Дознајте какви супермоќи поседуваат хороскопските знаци

Дознајте какви супермоќи поседуваат хороскопските знаци

Според особините, интересите и квалитетите, сите хороскопски знаци поседуваат барем по една супермоќ. Во светот на суперхероите сите знаци би имале своја значајна улога. Не ви се верува? Пронајдете го вашиот хороскопски знак и откријте ја вашата супермоќ со која можете да го освоите светот…

Дознајте какви супермоќи поседуваат хороскопските знаци

ОВЕН – Неограничена енергија

Припадниците на овој хороскопски знак лесно би можеле да се прогласат за суперхерои, благодарение на посебната моќ што се крие во нивната неограничена енергија. Оваа нивна особина излегува на виделина секогаш кога имаат некаква цел што многу силно сакаат да ја остварат. Тоа им дава сила да се движат побрзо од куршум, да прескокнуваат згради, да не спијат, да не јадат… Подготвени се да направат сѐ за да го добијат она што го сакаат.

БИК – Суперсила

Сте ја чуле изреката „силен како бик“? Кога припадниците на овој знак би имале само една моќ, тоа дефинитивно би била суперсилата. Се мисли на нивната физичка и емоционална подготвеност да се справат со предизвиците и да ги пребродат тешките ситуации. Тие се навистина некршливи и непобедливи.

БЛИЗНАЦИ – Неверојатна меморија

Близнаците би имале неверојатна способност да впијат огромна количина на информации за неверојатно кратко време. Без разлика дали читаат весници, ги набљудуваат луѓето околу себе или учат нешто, нивните ментална енергија и капацитет на мозокот се вистинско чудо.

РАК – Моќ за сочувствување

Раковите поседуваат неверојатна емпатија. Тие се способни да ги сфатат и разберат речиси сите човечки постапки околу нив, да се поврзат со сите емоционални состојби и да воспостават врска со сите луѓе, растенија и животни на Земјата.

ЛАВ – Господар на огнот

Благодарение на нивниот жежок темперамент во комбинација со моќта што ја добиваат од сонцето, припадниците на овој знак лесно можат да се претворат во господари на огнот. Тие можат да запалат оган од ништо, доволно е само малку да се налутат. Но, можат и да го изгаснат исто толку брзо колку што го запалиле. Лавовите ги заштитуваат нивните блиски со огнот и ги предупредуваат непријателите ако им се приближат.

ДЕВИЦА – Човечко торнадо

Брзината и интензитетот што ги красат Девиците секогаш кога имаат некаква цел, ги претвораат во човечки торнада во светот на суперхероите. Благодарение на нивната способност да размислуваат однапред, тие можат без проблем да ја променат нивната околина и да ја „изненадат“ како торнадо, кое заминало уште пред да објасни зошто всушност се појавило.

Дознајте какви супермоќи поседуваат хороскопските знаци

ВАГА – Менување на формата

Вагите се одликуваат со една многу практична вештина – моќ за прилагодување. Кога би биле суперхерои, припадниците на овој знак би можеле да менуваат форми и да се прилагодат на секоја ситуација, околина или човек. Оваа нивна моќ им помага да го искусат животот преку разни позиции и облици.

СКОРПИЈА – Читање души

Кога припадниците на овој знак би имале супермоќ, тоа дефинитивно би била способноста за читање души. Благодарение на нивната аналитичност, логичност и моќна перцепција, Скорпиите најдобро би можеле да проценат нечии чувства или болка само со гледање во очите на луѓето.

СТРЕЛЕЦ – Детектор на лаги

Стрелците многу лесно можат да ја извлечат вистината од некого. Токму затоа, во светот на суперхероите тие дефинитивно би биле човечки детектори на лаги. Меѓутоа, тие не би дошле до вистината со помош на мерење пулс и промени во ритамот на дишењето, туку со помош на ситни манипулации со кои ги заведуваат соговорниците и ги убедуваат да ги откријат нивните вистински намери.

ЈАРЕЦ – Контролирање мисли

Јарците имаат неверојатна ментална енергија и упорност благодарение на кои можат да управуваат со другите луѓе и нивните одлуки. Во светот на суперхероите, тие би ги контролирале туѓите мисли и би ги наметнувале своите идеи во умот на луѓето, така што тие би помислиле дека се работи за нивни оригинални идеи и би ги исполнувале желбите на Јарците.

ВОДОЛИЈА – Невидливост

Во светот на суперхероите, Водолиите би можеле да стануваат невидливи. Тие се способни да исчезнат од ситуациите што не им одговараат, не само физички туку и психички. Таквата способност за исчезнување им овозможува да го „прелетаат“ светот, да запознаат најразлични луѓе и да доживеат неверојатни искуства.

РИБИ – Творци на светови

Припадниците на овој знак постојано сонуваат, така што во светот на суперхероите, тие би биле творци на светови кои ги остваруваат своите фантазии. Нивните фантазија и креативност не познаваат граници, па така тие лесно би можеле да владеат со необични футуристички светови.

Сите хороскопски знаци имаат свои светли и темни страни. Дознајте ја и морничавата страна на вашиот хороскопски знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар