Дознајте како хороскопските знаци покажуваат дека не се повеќе заинтересирани за вас

Дознајте како хороскопските знаци покажуваат дека не се повеќе заинтересирани за вас

На сите ни се случило да се гледаме со некого и по неколку совршени љубовни состаноци, тој одеднаш да престане со комуникација и да исчезне како да го проголтала земјата. Можеби дури и ние сме го направиле истото. Некои прекинуваат со комуникација во љубовната врска постепено, некои одеднаш, но постојат одредени суптилни знаци кои можат да ни помогнат да препознаеме дека нашиот потенцијален партнер повеќе не е заинтересиран за нас. Ѕвездите и овој пат доаѓаат на помош, па во тој контекст прочитајте како хороскопските знаци покажуваат дека немаат повеќе интерес за вас од љубовна гледна точка…

Дознајте како хороскопските знаци покажуваат дека не се повеќе заинтересирани за вас

Овен: Никогаш не закажува љубовни состаноци

Првиот љубовен состанок со припадникот на овој знак ќе биде совршен. Долго ќе разговарате и ќе се бакнувате на клупа во блискиот парк. Тој дури и ќе ви предложи место за вториот состанок. Но, нема да закаже точно време и секогаш ќе биде премногу зафатен. Точно е тоа дека неговата спонтаност и авантуристички дух се особините кои ве освоија, но никој не сака да биде резерва. Веројатно ќе ве откачува со зборовите „Во гужва сум, ќе те барам“.

Бик: Покажува интерес само на социјалните мрежи

Сте излегле неколку пати заедно и тој ве додал на сите социјални мрежи, кои за жал се единствената форма на комуникација меѓу вас двајца. Не ви одговара на СМС пораките, не ви се јавува, но затоа ви ја лајкнува секоја фотографија на Фејсбук и ви коментира на објави со што ве потсетува дека сте интересни, но од некоја причина не доволно за да бидете со него. Тој секогаш ќе ве потсетува дека постои во вашиот живот, само што не е заинтересиран и вие да станете дел од неговиот.

Близнаци: Постепено учтиво исчезнува

Близнаците сакаат со сите да останат во добри односи, па така од страв дека ќе стекнете лошо мислење за нив, тие не престануваат со комуникација, туку постепено учтиво исчезнуваат со тоа што ви даваат неверојатно здодевни и кратки одговори. Свесни сте дека Близнаците се многу поинтересни бидејќи веќе сте имале еден куп значајни и долги разговори. Ако забележите дека тој ви одговара само со „Да“ и не ви поставува прашања, веројатно се обидува да ве наведе вие да бидете тие што ќе исчезнат без трага.

Рак: Го снемува одвреме-навреме

Раковите се познати по нивните големи промени во расположението, така што нив ги снемува периодично. Веројатно ќе ви се јави кога ќе заврши летото, кога ќе почнат да се ближат празниците или кога ќе се почувствува малку поосамено од вообичаено. Сигурно повторно ќе почнете да се гледате, додека не исчезне пак. Неговата сенка магично ќе се појавува во најлошите можни моменти.

Дознајте како хороскопските знаци покажуваат дека не се повеќе заинтересирани за вас

Лав: Ќе се појави само ако му затреба нешто

Припадниците на овој знак прекинуваат секаква комуникација и тоа трае година или две, додека не сфатат дека само преку вас можат да стигнат до одредена цел. Ако му треба некоја услуга од вас, немојте да се изненадите што тој ќе се преправа како ништо да не се случило.

Девица: Исчезнува како вистински професионалец

Девиците сакаат да им угодат на сите и затоа секогаш ќе ви одговара на пораките во кои прашувате дали сака да се видите. Ќе одговори, но 2 недели подоцна. Во ред, јасно ви е дека не е толку заинтересиран, туку само сака да биде учтив. Но, тогаш тој ќе ви предложи да се видите викендот или наредната недела. „Супер, кое време?“, прашувате наивно со надеж дека навистина ќе излезете заедно. Предупредување: Нема да одреди време додека не поминат… Погодивте, нели? Две недели! Сепак, ќе се обиде да ве утеши со зборовите: „Не можам, ама навистина би сакал да се видиме“.

Вага: Престанува со комуникација кога најмалку очекувате

Вие само што сте напишале цел реферат во кој ги искажувате вашите најдлабоки стравови, спомени од детството и желби за иднината… И што се случува? Поминале неколку дена, а кај вашата порака стои само „пратено“, односно „delivered“. Нема ни „seen“! Пораките штотуку ви станаа неверојатно интимни и вие почнувате да се прашувате зошто тој одеднаш изгубил интерес. Имајте на ум дека Вагите се многу променливи кога станува збор за нивните чувства, така што не го сфаќајте ова премногу лично.

Скорпија: Бесрамно ве демне, но не презема ништо друго

Сте прекинале со комуникација веќе неколку месеци, кога тој одеднаш лајкнува ваша фотографија од 2014 година. И вие веднаш почнувате да се надевате дека повторно ќе ви пише, но тоа никогаш не се случува. Очигледно е дека сѐ уште мисли на вас, штом ги прегледувал вашите стари фотографии од одмор. Но, Скорпиите се такви. Мистериозни и секогаш сакаат да си ги остават вратите отворени. За секој случај.

Дознајте како хороскопските знаци покажуваат дека не се повеќе заинтересирани за вас

Стрелец: Има силен почеток, но веднаш се повлекува

Стрелците знаат да бидат малку импулсивни и не се свесни за тоа како нивните постапки влијаат на луѓето. Тој ќе се распраша за вас кај сите ваши пријатели покажувајќи огромен интерес. Тие, пак, возбудено ќе ви пренесат сѐ до најмали детали и вие конечно ќе се согласите да му го дадете бројот. Тогаш настанува проблемот. Откако ќе размените неколку несигурни пораки од типот „Што правиш? Како си?“, нема никогаш повеќе да слушнете за него. Ако случајно се сретнете на улица, тој нема да може ни да ве погледне и ќе сака само да избега што е можно побрзо.

Јарец: Буквално исчезнува како земјата да го проголтала

Припадниците на овој знак немаат воопшто милост и исчезнуваат одеднаш по неколку месеци врска. Јарците знаат да бидат себични и песимистични кога се работи за нивниот љубовен живот. Комбинација која дава катастрофални резултати. Нема никакво оправдување за тоа да се прекине врска без разговор во живо или каков било разговор. Јарецот е толку нечувствителен што може да ви остави бакнеж во порака и веднаш потоа да го снема засекогаш.

Водолија: Покажува знаци на живот само во ни едно време во ноќта

Слободоумната Водолија е најчесто безопасна, но неверојатно здодевна. Единствените пораки што можете да ги очекувате од него се креативните „Спиеш?“ во 2 часот наутро. Ако решите да одговорите, морате да го направите тоа во рок од 30 минути, затоа што ако му пишете утредента, нема да добиете никаква повратна реакција. Барем сѐ додека не се сети пак на вас во ни едно време во ноќта. Тоа е таа современа романтика!

Риби: Наоѓа нова девојка

Ќе бидете изненадени откако ќе исчезне по првите неколку љубовни состаноци, но сѐ ќе ви стане јасно кога за неколку недели ќе ја видите неговата нова девојка на фотографиите на Фејсбук. Една слика вреди илјада зборови и нема да ви биде потребно дополнително објаснување зошто одеднаш изгубил интерес. Рибите се сонувачи и се толку романтични што можат да преминат во нова врска откако веќе почнале да градат врска со вас. Гледајте на светлата страна: Барем мистеријата е разрешена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар