Девица и девица – пријателска комбинација

Две девици можат да формираат пријатна и хармонична пријателска врска. Комбинацијата од две трудољубиви и логични умови, формираат еден лојален и посветен пар, со необичен талент во гранките на трговијата и индустријата. И покрај тоа што помеѓу две девици може лесно да избијат и несогласувања, сепак претставниците на овој хороскопски знак, се доволно интелигентни за брзо да изнајдат решение на проблемот и да преминат кон нивниот следен потфат.Девица и девица – пријателска комбинацијаПријателството помеѓу двете девици, би требало да се одвива „мазно“. Колку повеќе време поминуваат заедно, толку поцврста ќе станува нивната врска. Секој од нив си ја знае својата улога во пријателството и немаат никаков проблем да се држат до неа. Тие сакаат да ги одржуваат работите уредни и под контрола. Сѐ додека секој од овие пријатели се труди помалку да го критикува другиот, нивното другарство ќе биде беспрекорно.

Водени од планетата на комуникацијата – Меркур, не е ни изненадувачки што овие пријатели одлично функционираат на тоа поле. Тие умеат прецизно да ги интерпретираат зборовите и движењата на другите, па дури и да го претпостават нивното длабоко и скриено значење. Нивниот логичен ум им овозможува лесно да ги решаваат проблемите и да се справуваат со сите ситуации. Умеат да ги анализираат ситуациите и преземаат акции, врз основа на нивниот сопствен суд. Понекогаш дури и се жртвуваат, за да ја постигнат целта. Со заеднички сили, двете девици формираат динамичен пар.

Девиците сакаат да уживаат во луксуз и во удобностите кои животот може да ги пружи. Тие настојуваат да стекнат екстравагантни и спектакуларни материјални работи и не се задоволуваат со нешто помалку вредно. Нивната прецизна и пребирлива природа, може многу да им помогне во формирањето бизнис, а понекогаш и во изборот на пријателите.

Како променлив хороскопски знак, девицата може лесно да се прилагоди на секоја настаната ситуација. Кавгите помеѓу две девици, се вистинска реткост и кога ќе се случат тие лесно ги решаваат. Ниеден од овие пријатели не чувствува потреба да доминира врз другиот. Девиците најчесто ги комплетираат нивните замислени планови и шеми и поради тоа овие пријатели можат да бидат многу ефективен тим.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар