Дали се уништувате себеси? Вашиот хороскопски знак може да ви открие колку сте самодеструктивни

Самодеструктивното однесување е одраз на нашите мрачни страни кои произлегуваат од ниската самодоверба. Некои психолози го сметаат самоуништувањето за механизам на соочување со проблемите, како што се големиот стрес, притисок и слично. Други, пак, веруваат дека самодеструкцијата е начин на одржување на удобната зона поради недостаток на доверба или чувство на недостојност. Самодеструктивното однесување може да се јави во многу облици. За го продолжите вашиот личен развој и да си подобрите животот најдобро е да се соочите со вашите демони. Па, што има хороскопот да каже на оваа тема? Дознајте кои хороскопски знаци се најсклони кон самодеструкција во меѓучовечките односи…

Дали се уништувате себеси? Вашиот хороскопски знак може да ви открие колку сте самодеструктивни

Скорпија

На прво место се наоѓа Скорпијата. Тие имаат разорна моќ на нуклеарна бомба! Тие не се уништуваат само себе, туку и луѓето околу себе. Генерално гледано, Скорпиите се полни со љубов, затоа и ги привлекуваат останатите, но имаат тенденција во врските да бидат претерано посесивни и љубоморни.

Бик

Второто место го зазема Бикот, кој е познат по неговата страст. Биковите имаат необична способност да ги оставаат луѓето без зборови, благодарение на нивната привлечност. Но, исто како и Скорпиите, и тие треба да решат многу работи. Дозволете ѝ на вашата страст да го извлече најдоброто од вас, наместо да бидете претерано опсесивни во врската и да го згушите партнерот.

Близнаци

Однадвор, Близнаците делуваат како многу енергични и позитивни. Тие секогаш ја гледаат светлата страна на работите. Но, однатре работите не се баш такви какви што изгледаат. Близнаците постојано се борат со анксиозност, несигурност, недоверба, а тоа влијае на динамиката на нивните врски во животот. Коренот на проблемот потекнува од нивната неспособност да им се отворат на другите.

Лав

Сѐ е во ред со Лавовите на почетокот од врската. Тие се одлични партнери кога врската е нова и свежа. Секогаш зрачат со возбуда и радост во првата фаза. Но, кога ќе влезат подлабоко во врската, нивните демони на гордоста и егото почнуваат да излегуваат на површина и да предизвикуваат проблеми.

Рак

Најчесто, Раковите се многу чувствителни и конзервативни. Исто така, тие се многу експресивни кога се работи за нивните емоции и луѓето секогаш знаат како се чувствуваат. Меѓутоа, честопати знаат многу долго да замеруваат за некои работи. Тешко ги забораваат караниците и несогласувањата со партнерите.

Девица

Најголемите непријатели на Девиците се тие самите. Иако на почетокот знаат како да управуваат со врската, подоцна нивниот ум почнува да потфрлува. Премногу размислуваат и ги анализираат работите, па затоа на крајот заглавуваат во канџите на самоуништувањето.

Дали се уништувате себеси? Вашиот хороскопски знак може да ви открие колку сте самодеструктивни

Овен

Овните секогаш изгледаат заљубено. Отворено ги покажуваат нивните емоции и љубов. Меѓутоа, нивната неспособност да се врзат и да останат верни е она што ги доведува нивните врски до пропаст.

Вага

Вагите не се многу самодеструктивни во врските. Знаат што треба да направат за да опстои врската, но тоа не им доаѓа толку природно колку на другите. Тие се многу дружељубиви, а тоа им го одвлекува вниманието и ги доведува до донесување погрешни одлуки во врските. Вагите се обидуваат да им угодат на премногу луѓе одеднаш и забораваат да си постават приоритети.

Јарец

Најчесто, Јарците се многу посветени на врските. Многу се стабилни, сигурни и смирени, дури и во ситуации кои предизвикуваат голем притисок. Тие не поднесуваат глупости и никогаш не се плашат да го кажат она што го мислат. Не ги толерираат луѓето кои не можат сериозно да ги сфатат работите. Нивните единствени недостатоци се тоа што се песимистични и негативни.

Водолија

Иронично е тоа што недостатокот на емоциите е она што ги прави Водолиите добри партнери во врските. Многу се паметни и аналитични, па затоа знаат како да се извлечат од сите неволји без многу потешкотии. Единствената пречка што треба да ја надвладеат е нивната неподготвеност да се поврзат со луѓето на духовно и емоционално ниво.

Стрелец

На Стрелците им е тешко да сфатат што значи поимот самодеструкција. Тие секогаш зрачат со среќа, радост и оптимизам. Стрелците несебично ги пренесуваат позитивните вибрации со луѓето околу нив. Но, мора да научат да го држат оптимизмот под контрола. Не смеат да му дозволат да ги одлепи од реалноста.

Риби

Од сите знаци во зодијакот, Рибите се најмалку самодеструктивни. Тие навистина знаат како да воспостават рамнотежа во врските. Многу се чувствителни и искрени. Знаат како да ја искажат нивната љубов на прекрасен и посебен начин. Ако дојде до прекин на врската, многу ретко може да се обвинат Рибите за раскинувањето.

Дознајте ја и морничавата страна на вашиот хороскопски знак.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар