Цветен хороскоп

Цветниот хороскоп открива по нешто за секој од нас затоа што се смета дека душата на човекот се поистоветува со одредено цвеќе во зависност од датата на раѓање.

Цветен хороскоп

Гераниум (21.03 – 20.04)

Овој амбициозен знак означува хиперактивност и сака јаки цветни мириси. Неговата енергија може да се смири со есенцијални масла од боровинки и див портокал. Бидејќи има склоност кон повреди, му одговара цветниот мирис на арника која ја намалува напнатоста и ги ублажува болките. Гераниумот ги сака силните бои, посебно црвената боја, која пак, од друга страна, уште повеќе може да го иритира неговиот лесно раздразлив нервен систем. Заради тоа, гераниумот треба да е опкружен со лалиња и зелени аранжмани.

Роза (21.04 – 20.05)

Овој еротичен знак лесно им подлегнува на сопствените страсти и другите животни задоволства. Не може да му одолее на мирисот на мошус, роза, јасмин и темјанушка. Јаките мириси, како што е мирисот на зумбул, може да делуваат смирувачки. Тоа важи само за претставниците на овој знак кои треба да се оттргнат од апатијата, затоа што розите се по малку бавни. Како големи хедонисти, уживаат во ориенталниот мирис на сандалово дрво, праска и бонсаи. Розите ѝ подлегнуваат на меланхолијата, посебно ако љубовта не им е возвратена. Во тој случај, мирисот на јоргован може да ги оддалечи од летаргијата.

Јасмин (21.05 – 21.06)

Весел и ментално активен, јасминот нема трпение да одгледува собно цвеќе, но сака лесни цветни парфеми и етерични масла со примеси на орхидеја и лаванда. Токму мирисот на лаванда треба припадниците на овој знак постојано да го вдишуваат преку миризливи свеќи, свежо цвеќе или суви цветови ставени под перница затоа што често имаат кошмари. Кога ќе се заљубат сакаат малку појаки мириси, како што е мирисот на липа. Од боите им одговараат жолта и портокалова, па затоа треба да бидат опкружени со жолти рози, јасмин или фрезија која ја буди нивната креативна енергија.

Ирис (22.06 – 22.07)

Ирисот се обидува да делува смирено затоа што мора да научи да ги контролира сопствените емоции. Му одговараат цвеќиња со ладни пастелни тонови, како темјанушка, бел и син крин и гераниум. Овој знак сака да биде опкружен со мали саксиски цвеќиња и многу зеленило, како што е папратот. Кога подаруваат цвеќе, тоа е во сино-бела комбинација, каков што е и самиот ирис. За да постигне внатрешен мир потребно му е масло од темјан, босилек или портокал.

Сончоглед (23.07 – 23.08)

Весел и темпераментен, сончогледот добро знае што сака во животот. На него влијае жолтата боја и заради тоа сака полско цвеќе, невен, лимоново дрво, но и палма, орев и маслинка. Кога подарува цвеќе, најчесто тоа е величествен букет од жолти или црвени рози. За да се смири потребно му е да биде опкружен со мирисот на боровинка, во вид на миризлива свеќа или како есенцијално масло. Етеричното масло од лимон може да го смири сончогледот.

Камелија (24.08 – 23.09)

Овој пребирлив и навидум смирен знак секогаш сака да знае на што е и да ја има ситуацијата под контрола. Заради лесно раздразливиот нервен систем сака убави цветни аранжмани кои делуваат смирувачки. На камелијата ѝ одговара мирисот на покосено сено, нарцис, бадемов цвет и вишна. Овој знак сака бледо жолта боја, па според тоа треба да биде во близина на невен, фикус или тераса со ползавец. Од парфемите најмногу ѝ одговараат оние кои содржат есенција на нарцис, цимет или коријандер. Етеричното масло од бергамот може да ја смири камелијата.

Бугенвилија (24.09 – 23.10)

Бугенвилијата, исто како и камелијата, е многу пребирлива. Сака розови и сини нијанси на цвеќе, па затоа ѝ одговараат розови рози, хризантеми, ириси и бледо розови гербери. Овој знак лесно се изложува на стрес и психички се исцрпува. Заради тоа ѝ одговараат етеричните масла од нане и лаванда. Исто така, ѝ одговара и блага есенција на роза, како и цветни парфеми на база на јасмин и фрезија. Кога е заљубена сака појаки мириси на сандалово дрво и гераниум. Мирисот на цимет ја намалува напнатоста кај бугенвилијата.

Бергамот (24.10 – 22.11)

Упорен, амбициозен и наклонет кон силни емоции, бергамотот не се задоволува со мал цветен аранжман, туку сака божур, темно црвени рози, кактус, гарденија, букет хризантеми, диви каранфили. Сака да одгледува хибискус, зимзелени дрва, орев и храст. На бергамотот му одговараат парфеми со есенција на сандалово дрво, цимет и мошус. За нивниот нервен систем добро е етеричното масло од диво нане или ајдучка трева. Им се допаѓа и мирисот на канабис.

Крин (23.11 – 21.12)

Овој знак повеќе ги сака дрвјата отколку цвеќињата. Ако сепак се одлучи за цвеќе, тоа е некој голем аранжман како филодендрон, или повеќе бонсаи дрвца на едно место. Сака полско цвеќе и му одговара мирисот на праска и цреша. Од дрвјата ги преферира багремот и палмата. Парфемите со есенција на липа, фрезија и коријандер се најдобри за овој знак. На кринот му се препорачува есенцијално масло од нане и портокал.

Јоргован (22.12 – 20.01)

Јоргованот е интровертен, иако делува многу комуникативно. Се смирува со помош на есенцијалното масло на бор, елка и бршлен. Ги сака камелијата, магнолијата, јасминот и розата. Есенцијалните масла од овие растенија го нормализираат тонусот на јоргованот и му го враќаат ентузијазмот. Јоргованот сака силни ориентални парфеми со есенција на мошус, сандалово дрво, како и слаткиот опоен мирис на фрезија. Цитрусните есенции го смируваат јоргованот.

Фрезија (21.01 – 18.02)

Фрезијата важи за ориентален боем и бунтовник во душата. Овој знак би одбрал гладиоли наместо рози. Сака лалиња, орхидеи, папрат, кали и ириси. Брезата и зимзелените растенија ја смируваат фрезијата. Често се одлучува да одгледува бамбус и кактус. Одбира силни и остри парфеми. Од етеричните масла им одговараат маслата од нарцис и коријандер.

Африканска темјанушка (19.02 – 20.03)

На темјанушката најмногу ѝ одговараат калинката, ирисот, врбата, багремот, липата и орхидејата. Ги сака цвеќињата и со задоволство одгледува собно цвеќе, најчесто камелија. Мирисите на бергам, јасмин, темјан и босилек делуваат смирувачки на овој знак. На многу темјанушки им се допаѓа мирисот на канабис и мошус. Доколку се во можност, живеат во куќа опкружена со градина и во близина на вода.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Извор:

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар