Чудесна, независна и искрена: Откријте сè за жената родена во знакот Водолија

Чудесна, непредвидлива, слободоумна, мирољубива, „откачена“, ексцентрична, пријатна, искрена, квалитетна, иновативна, забавна, оптимистична, оригинална, разиграна – сето тоа ја опишува жената родена во знакот на Водолија. Дел од нејзината привлечност лежи во нејзината несекојдневност и неограниченост – често е тешко да ја разберете и сфатите, но тоа е така, бидејќи Водолијата е секогаш само своја. За неa стереотипите не вредат и не е возможно да ја „ставите во фиока“, бидејќи е изразен неконформист и се срами од општествените правила и норми. Секогаш работи по своето и не сака кога другите ѝ велат што да прави.

1-chudesna-nezavisna-iskrena-otkrijte-se-za-zhenata-rodena-vo-znakot-na-vodolija-www.kafepazua.mk_

Од друга страна пак, таа е хуманитарец со големо срце, поточно секогаш е спремна да помогне, без разлика дали станува збор за финансиска, емотивна или кој било друг вид помош. Сака напредок, но на лично ниво не сака промени. Многу е врзана за своето минатото и спомените кои ги чува како најголемо богатство, а верноста ја носи на ново, подлабоко ниво – не само што останува верна на својот партнер туку истото го прави и на одреден бренд, бутик, ресторан, тим, музичар и така натаму, во добро и зло.

Љубов и секс

Животот за жената Водолија е игра во која секој игра по сопствените правила. Кога станува збор за љубовта, ќе се погрижи таа игра да биде посебно забавна и никогаш досадна. Но, нејзиниот лежерен поглед на животот и љубовта не значи дека лесно се заљубува. Баш напротив, потребно ѝ е време за да се поврзе емотивно со некоја личност и да започне да ѝ верува.

Кога е во врска, повеќе од сè ја цени својата независност, слобода и „простор за дишење“ (која се поклопува со нејзините припадници во групата воздушни знаци), а тоа му го дава и на својот партнер. Водолијата постојано задржува и мал дел од себе кој никогаш нема да го открие ниту на најблиските личности.

Оригинална и непредвидлива, на својот партнер ќе му овозможи уживања за кој претходно не знаел дека постоеле. Во спалната соба за неа не постојат кочници, љубител е на експериментирања и подготвена е да проба сè, па дури и секс во јавност. Идеални партнери за неа се: Вага, Близнаци, Стрелец и Овен.

Пријателство

Додека чекори по својот пат, без проблем застанува да се поздрави со луѓето кои ги познава. Поради тоа изгледа дека е пријателка со сите, но тоа всушност се познаници и драги луѓе кои ја сакаат, бидејќи Водолијата сака со сите да биде во добар однос, па избегнува конфликти и расправии.

Што се однесува до пријателите на кои им дозволува целосно да ѝ се приближат, може да ги наброи на прстите од едната рака. Може да биде лесно резервирана кога станува збор за нејзините вистински чувства, поради што нејзиниот круг на пријателства е многу потесен од бројот на познаниците.

Великодушна и секогаш присутна кога им е потребна на своите најблиски, жената Водолија е пријател со оние со кои дели љубов кон независноста и интелектуалните барања и стремежи. Таа е жена која секогаш можете да ја прашате за искрен совет и која секогаш ќе ги има вистинските зборови за да ве утеши.

Изглед

Суптилна и слатка насмевка, спуштени очи, привлечен мал нос, силна вилица, дупчиња на образите, мека кожа, темна, густа коса и грациозен став се некои од одликите на физичкиот изглед на жената Водолија.

Таа не се одликува со врвна женственост и сензуалност, дури и повеќето од Водолиите знаат да имаат момчешки изглед, но токму поради тоа и се барани во светот на модата каде што царува андрогениот изглед. Обично се витки и високи иако нивниот врат може да биде пократок и широк.

Блескавите очи одаваат голема живост, но често знаат да имаат сериозен израз на лицето. Ги краси чист и артикулиран глас. Меѓутоа, како што изгледа однадвор, без разлика дали го има и најсериозниот изглед на лицето, во својата внатрешност Водолијата секогаш ќе ужива и ќе биде задоволна.

2-chudesna-nezavisna-iskrena-otkrijte-se-za-zhenata-rodena-vo-znakot-na-vodolija-www.kafepazua.mk_

Стил

Не ги следи трендовите, повеќе сака да го носи спротивното од она што е модерно, па во сезоната каде што сите носат мини здолништа, Водолиите ќе ги препознаете по тоа што ќе носат макси здолниште. Храбра и смела, со нејзиниот електричен и разновиден моден стил сака да го привлекува вниманието и да шокира.

Еден ден ќе има светло розова коса и ќе носи ексцентричен накит, на пример пирсинг на лицето, а веќе наредниот ќе биде облечена во сериозен работен костим и косата повторно ќе ѝ биде во нормална боја. Неспојливите парчиња облека ѝ создаваат добра комбинација, како на пример, свилена блуза споена со маслинести панталони. Во нејзиниот гардеробер секогаш ќе се најдат авангардни парчиња облека, а фризурите кои ги преферира често се шик и неконвенционални, без разлика на начинот на кој е пострижена или бојата на коса.

Најдобро ѝ стојат светлите и весели бои како што се морско сината, тиркизната, силната розова и смарагдно зелената. Убавина без суровост е нејзината мисла водилка кога купува козметика, поради што бира брендови кои не ги тестираат на животни, а сака и се обидува самата да прави природни козметички препарати.

Стил на купување

Во купувањето никогаш не одат со листа на работи кој треба да ги купат, но затоа со задоволство ќе го купат она што ќе им фати око. Таа не преферира големи шопинг центри, туку мали бучни локални дуќани во кој ќе најде винтиџ парчиња кои потоа ќе ги спои во уникатни модни комбинации. Со задоволство ќе отиде на шопинг со своите пријателки, но повеќе за да помине време во добро друштво отколку нешто да купи.

Стилска икона

Една од најдобро градените холивудски актерки и омилената „пријателка“, 45-годишната Џенифер Анистон се нарекува кралица на кежуал и шик модниот стил. Модните експерти ги фалат модните комбинации на оваа славна Водолија, бидејќи во секоја прилика изгледа модерно и едноставно не постои модна утка во нејзината биографија.

Дури и кога ќе облече машки костим, како што на пример носеше на минатогодишното доделување на „Critic’s Choice Awards“, тоа ќе биде кроено така што на нејзиното тело ќе изгледа супер секси. Но, причината зошто Анистон е вистинска стилска икона е нејзината култна фризура од серијата „Пријатели“ – една од најмногу копираните фризури некогаш, која од средината на 1990-та година во фризерските салони ја барале жените од целиот свет.

3-chudesna-nezavisna-iskrena-otkrijte-se-za-zhenata-rodena-vo-znakot-na-vodolija-www.kafepazua.mk_

Од познатите дами родени во знакот на Водолија кои се истакнуваат со својот стил би требало да се издвојат и актерките Ајла Фишер, Елизабет Бенкс, Гема Артертон и Миша Бартон, пејачката Кели Роуланд, и актерката и пејачката Натали Имбруглија.

На жената Водолија најмногу ѝ одговараат свежите парфеми кои во себе содржат грејпфрут, ирис, крин и јоргован. Идеален избор ќе бидат парфемите: „Idylle“ од Герлан, „Acqua di Gioia“ од Армани, „L’Eau par Kenzo“ и „L’Eau d’Issey“ од Кензо.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар