Бурмански хороскоп: Денот на раѓање ја открива вашата судбина

Бурмански хороскоп: Денот на раѓање ја открива вашата судбина

Астрологијата постои од моментот кога луѓето започнале да гледаат во ѕвездите. Заслугите за неа им припаѓа на Вавилонците. Се смета дека зодијак, што е грчки збор за „круг на животни“, се создал во стар Египет. Зодијаците кои се познати за поголемиот дел од нас, популарноста ја стекнале кај старите Грци. Меѓутоа, и многу други општества имаат свои верзии. На многумина им е омилен бурманскиот хороскоп. Дали знаете кој знак сте во овој хороскоп и што тој открива за вашата личност? Продолжете да читате понатаму доколку сакате да го дознаете одговорот!

Понеделник: Тигар

2-burmanski-horoskop-spored-denot-vo-nedelata-vo-koj-ste-rodeni-ja-otkriva-vashata-sudbina-www.kafepauza.mk_

Ако сте родени во понеделник, вашиот знак е моќен тигар. Како и оваа голема мачка, така и вие сте паметни, имате силна перцепција и многу сте детални. Сакате да играте по правилата, но не дозволувате некој друг да биде подобар од вас, бидејќи се гледате себеси на самиот врв од синџирот на исхрана. Покрај тоа, едноставно немате време за неважни работи.

Вторник: Лав

3-burmanski-horoskop-spored-denot-vo-nedelata-vo-koj-ste-rodeni-ja-otkriva-vashata-sudbina-www.kafepauza.mk_

Луѓето родени во вторник се друг вид дива мачка. Лавовите се родени лидери и силно се борат за своите уверувања. Тие се обично многу фер и морални, а имаат и високо мислење за себе. Ова може да значи дека понекогаш се премногу упорни и тврдоглави.

Среда претпладне: Слон со коски

4-burmanski-horoskop-spored-denot-vo-nedelata-vo-koj-ste-rodeni-ja-otkriva-vashata-sudbina-www.kafepauza.mk_

Во бурманската астрологија, 8 е многу важен број и затоа постојат 8 знаци, односно среда е поделена на два дела. Ако сте родени во среда претпладне, вие сте слон со коски, односно индиски машки слон. Тоа може да значи дека сте малку непредвидливи, но секогаш вложувате 105% од себе во сѐ што правите. Секако, вие имате и своја дива страна која може да ве вовлече во проблеми, но луѓето ве сакаат заради вашата жива природа и возбудувањата кои ги носите со себе.

Среда попладне: Слон без коски

5-burmanski-horoskop-spored-denot-vo-nedelata-vo-koj-ste-rodeni-ja-otkriva-vashata-sudbina-www.kafepauza.mk_

Луѓето родени во среда попладне се слични како слоновите. Може да бидат многу затворени и на затоа на останатите им е многу тешко да им се приближат. Секако, тоа е само одбранбен механизам со кој се бранат од проблемите. Можеби не сакате да ризикувате, но тоа не значи дека не сте многу грижливи и пресметани во сето она што го правите, а тоа најдобро се гледа во вашата кариера.

Четврток: Глушец

6-burmanski-horoskop-spored-denot-vo-nedelata-vo-koj-ste-rodeni-ja-otkriva-vashata-sudbina-www.kafepauza.mk_

Луѓето родени во четврток се слични на глувците. Иако ова не звучи баш привлечно, глувците всушност се најприлагодливиот вид на планетата. Глувците многу лесно може да се вклопат во секое опкружување и да се прилагодат на сите околности, бидејќи се многу интелигентни и со леснотија ги решаваат проблемите. Тие нема да застанат сѐ додека не го добијат она што го сакаат.

Петок: Морско прасе

7-burmanski-horoskop-spored-denot-vo-nedelata-vo-koj-ste-rodeni-ja-otkriva-vashata-sudbina-www.kafepauza.mk_

Животното на луѓето кои се родени во петок е морско прасе. Ако сте помеѓу нив, тогаш сте многу креативни и ентузијастични, но често не ги завршувате проектите и идеите до крај. Вашата страсна и емпатична природа ве прави сјајна личност, заради која секогаш сте опкружени со големо друштво.

Сабота: Змеј

8-burmanski-horoskop-spored-denot-vo-nedelata-vo-koj-ste-rodeni-ja-otkriva-vashata-sudbina-www.kafepauza.mk_

Сабота е ден на змејот. Овој факт не е изненадувачки, бидејќи змејовите се познати по својата запалива личност. Змејовите се многу дружељубиви, но не сакаат да зависат од другите и често сметаат дека никој освен нив не може да направи нешто како што треба. Ваквиот став често може да ги доведе до изолација.

Недела: Гаруда

9-burmanski-horoskop-spored-denot-vo-nedelata-vo-koj-ste-rodeni-ja-otkriva-vashata-sudbina-www.kafepauza.mk_

Недела е ден на гарудата, божествената птица. Гарудите се многу несебични и омилени помеѓу сите луѓе во нивната околина. Покрај тоа, тие не се плашат од предизвици, екстремно се позитивни и претставуваат пример и мотивација за другите.

Ви предлагаме да прочитате уште еден сличен хороскоп, односно дознајте кое животно сте според кинескиот хороскоп.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар