Близнаци и лав – љубовна комбинација

Љубовната врска помеѓу лав и близнаци е ведра, позитивна, активна и изобилува со младешка енергија. Близнакот е во вечна потрага по ментална стимулација, па поради тоа многу го привлекува креативната, драматична природа на лавот. Но, помеѓу овие двајца партнери може да настанат и проблеми. Тоа може да се случи, доколку лавот ја сфати премногу сериозно комуникативната, флертувачка природа на близнакот или доколку близнакот смета дека лавот се обидува да заземе целосна контрола врз нивната врска. И покрај тоа што нивните погледи кон животот се различни, во смисла близнакот сака да ги анализира сите детали од еден интелектуален разговор, а лавот попрво не би разговарал на темата и би се впуштил во кавга – овие два знака сепак добро си одговараат.Близнаци и лав – љубовна комбинацијаИ лавот и близнакот се многу енергични знаци. Лавот обожава да биде координатор на проекти, додека близнакот сака да ја има слободата да размислува што е можно побрзо и подлабоко. Директниот и решителен лав, може да му помогне на близнакот побрзо да донесува одлуки, доколку тој почне да се колеба, поради неговата способност да ги гледа сите опции кои му стојат на патот. Но, лавот мора да внимава да не звучи премногу шефовски, бидејќи на таквото однесување, близнакот нема да реагира добро.

Лавот е предводен од Сонцето (его), а близнаците од планетата Меркур (комуникативност). Двата знака се доста отворени луѓе, желни за разговор, како резултат на нивните слични планетарни влијанија во нивниот хороскопски знак. Но, тие имаат различен начин на самоизразување, поради што може да имаат „жешки“ дебати. На близнакот ваквите дискусии може да му бидат забавни и ментално стимулирачки, но лавот има тенденција да ги сфаќа премногу сериозно, поради што неговите чувства може да бидат многу повредени.

Близнакот како воздушен знак и лавот како огнен знак, си одговараат многу добро. На близнакот му е многу лесно да излезе на крај со енергичноста и креативноста која ја има лавот. И покрај тоа што, лавот има тенденција да биде премногу драматичен  и демонстративен и сака да „им соли памет“ на луѓето, близнакот секогаш успева да ја разбере пораката која што тој се обидува да ја испрати. Најслатката работа во нивната врска, е тоа што овие двајца партнери може да бидат во текот на цел ден, активни, зафатени со некоја работа, но навечер кога ќе се видат, со задоволство ќе си раскажат сè што им се случувало додека не биле заедно.

Лавот е тврдоглав и одлучен лидер, а понекогаш е и премногу крут, кога се обидува да промени некоја своја идеја или правец во животот. Кога лавот еднаш ќе се реши на некој чекор, тој некако умее да си ја визуелизира целата работа до крај. Близнаците, од друга страна, се екстремно флексибилни луѓе. Нив лесно им досадува, па поради тоа и му дозволуваат на лавот да управува со своите планови, онака како што тој смета дека треба, без разлика на тоа дали тие мислат дека таквиот план е изводлив или не. Близнакот сака единствено да си биде лидер на сопствените мисли. Нему му е сосема во ред да заземе подредена положба во врската и да си биде среќен со мислите кои „стрјуат“ низ неговата глава, додека неговиот лав е во центарот на вниманието.

Најдобриот аспект од љубовната врска помеѓу лав и близнаци, е младешкиот поглед кон животот кој го имаат овие два знака. Овој пар, може да биде многу успешен, како резултат на оптимизмот и отворената природа на овие двајца партнери.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Jyl Reply

    Bash vaka e :)

  2. Оља Reply

    астролошки профил на родени во знакот на рак кога ќе има? време е :)

  3. JASMINA Reply

    NAJUBAVA KOMBINACIJA

  4. Bojan Reply

    Се е точно ! :)

Остави коментар