Близнаци и близнаци – љубовна комбинација

Кога двајца близнаци се во врска, тоа е како вистински да се поврзале четворица луѓе. Оваа врска никогаш не може да биде здодевна, што е добро бидејќи на овој знак лесно му досадува. Бидејќи и двата знака имаат иста потреба за интелектуална стимулација и се големи муабетчии, тие меѓусебно си служат како звучници од кои постојано одекнуваат нови идеи и сфаќања.Близнаци и близнаци – љубовна комбинацијаБлизнаците ја сакаат слободата и можноста за различност во себеизразувањето, па двајцата заедно ќе уживаат во тоа до максимум. Парот од двајца близнаци е омилен во друштвото, тие се живи на секоја забава со својот остроумен дух и добро извежбаната рутина за забавување на друштвото. Кога би можеле да го избегнат натпреварувањето и наместо тоа повеќе да соработуваат, нивната врска може да биде екстремно многу среќна и задоволувачка за двајцата.

Близнаците сакаат да дофрлаат шали, саркастични изјави и повремени иронични и цинични коментари. Ова е забавно, но може да го спречи едниот од партнерите да ја сфати врската сериозно. Во една љубовна врска, секако мора да има простор за сериозност, а близнакот ќе мора се потруди да научи да се однесува така. Доколку двајцата партнери научат да обрнуваат повеќе внимание на своите чувства наместо единствено да се раководат од своите размислувања и разумот, многу ќе си ја подобрат својата врска.

Близнаците се раководени од планетата Меркус (комуникација). Затоа, овој пар може да зборува за исти теми цееела ноќ. Меркур (или Хермес во Грчката митологија) бил патник, па близнаците ја имаат истата љубов за посетување разни места и разговарање на различни теми. Но, да не речете дека не сме ве предупредиле, луѓето со хороскопски знак близнаци имаат секој по една глава, па нивното интензивно муабетење често може да се сфати погрешно и да прерасне во гласина. Клучно е тие да научат да ја користат вештината за комуникација на позитивен начин.

Близнаците се воздушен знак. Тие се поставуваат кон партнерот и кон светот воопшто раководејќи се повеќе од рационалноста, а помалку од емоционалноста. Тие не успеваат долго да го задржат вниманието на една работа, па затоа понекогаш „прегоруваат“, но имајте предвид дека во ваков случај прегоруваат два близнака одеднаш. Затоа, пак, креативноста на близнакот, за кратко време ќе му овозможи да смисли нова интрига.

Близнакот е непостојан знак. Но, нивната флексибилност и лесна природа ги прави сите четворица совршен пар. Овие знаци се господари на компромисот токму поради нивната флексибилна природа. Два променливи знака, многу лесно можат да формираат унија без конфликти. Единствената работа што може да предизвика кавга е разговор кој излегол надвор од контрола. Но, за среќа, близнаците брзо сфаќаат колку е тоа неважно и се откажуваат од докажувањето некаква поента, па и од карањето воопшто.

Најдобриот аспект од врската помеѓу двајца близнаци е големата количина интелектуална енергија и стимулацијата кои си ги овозможуваат еден на друг.

Тие се во состојба да го „спасат“ другиот во врската од водењето вообичаен живот. Заедно тие можат да го забавуваат светот и да постигнат повеќе отколку што би постигнале сами.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар