Биковите се можеби старомодни во љубовта, но нема да најдете подобри партнери од нив!

Биковите се многу старомодни кога станува збор за љубовта, но исто така се и комплексна комбинација од сила и чувствителност. За надворешниот свет, тие можеби изгледаат многу средено, но однатре се безнадежни романтичари што постојано ја бараат љубовта на својот живот. Нивните потреби се многу обични, тие сакаат стабилен и лојален партнер што не се плаши од своите емоции. Тогаш, зошто е толку тешко да го пронајдат?

Биковите се можеби старомодни во љубовта, но нема да најдете подобри партнери од нив!

Најпрво, Биковите мразат промени па затоа и не сакаат туку-така да се фрлат во некоја врска. Откако ќе започнат со нешто, тие целосно се вложуваат. Лесно предвидливите личности можеби брзо им досадуваат на другите знаци, но за нив, тие се платно на кое можат да насликаат прекрасна љубов.

Биковите не се „играчи“. Кога посесивниот Бик ќе си го најде својот совршен пар, ќе даде сѐ од себе за да го задржи, па затоа и ќе игра на сигурно. Да, тој може да помине низ многу состаноци и да има многу додворувачи, бидејќи е впечатлив и лесно влегува во погледот на другите знаци, но овие минливи авантури ни најмалку не го исполнуваат. Тој сака романса што вклучува ресторани, цвеќиња и вкусни чоколади, па лесно ќе ги прифати сите овие подароци дури и ако не е вљубен. Но сепак, тоа е најдобриот начин и да го освоите неговото срце!

Мудрите Бикови учат како да го задржат тоа што навистина им значи. Иако мразат драма, тие имаат потреба од партнер кој воведува малку „дух“ во нивниот живот и им го зачинува секојдневието. Но само затоа што сакаат стабилност, не значи и дека се досадни. Вистинската личност за нив може да го разбере ова.

Биковите имаат силен инстинкт за семејство, па создавањето удобен дом со љубовта на нивниот живот е на врвот од нивните фантазии. Водени од страна на Венера, тие се неверојатно сензуални, па затоа допирите и бакнежите се нешто што би можеле без престан да го прават цела вечер, секоја вечер. Тие сакаат партнерот да се грижи за нив, па затоа заштедете пари за спа или масажи за двајца, каде што ќе се почувствувате опуштено и прекрасно. Нема подобар начин за искористување на слободното време од масажа за парови, според Биковите.

Харизматични и силни: Дознајте сѐ за жените родени во знакот Бик!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар