Бик и рак – пријателска комбинација

Помеѓу бик и рак, преовладуваат лојалноста и љубезноста и ова е пријателство кое може да трае цел живот. На ракот никогаш не му пречи да му го подготви омилениот оброк на бикот кога ќе му дојде на гости, дури и тоа да значи дека ќе треба да јаде ист оброк секој ден во неделата.

Бикот секогаш е во можност да ги ислуша сите надежи, соништа и грижи на ракот, дури и доколку му се јави во 1 часот по полноќ. Тој смета дека токму затоа се пријателите, за во добро и во зло. Секој од овие два знака поседува квалитети, на кои другиот им се восхитува. Па така, бикот е импресиониран од извршните способности на ракот, додека тој се восхитува на способноста на бикот да ужива во животот.Бик и рак – пријателска комбинацијаПонекогаш променливото расположение на ракот му ги кине нервите на бикот, додека од друга страна тврдоглавоста на бикот го полудува ракот. Сепак двата знака уживаат за време на активностите поврзани со нивните заеднички интереси како што се градинарството, готвењето и плетењето.

Ракот најверојатно го смета бикот за еден од најблиските пријатели во неговиот живот. Бикот ја разбира неговата потреба за удобен, безбеден и константен живот. Ракот ја цени способноста на бикот да чува пари, како и да ужива во добра храна и во луксуз.

Со никого не е позабавно да се готви отколку со бикот, бидејќи тој ужива во секое залче од домашно направеното лепче, пита или чоколаден колач. Кога ракот не е расположен да зготви нешто за вечера, секогаш може да се потпре на способноста на бикот да препорача одличен ресторан. Ракот потајно мисли дека бикот не го искористува својот максимален потенцијал, додека бикот е уверен дека ракот е секогаш премногу сензитивен. Сепак овие двајца многу лесно ги надминуваат своите различности и знаат заедно да уживаат во долгите прошетки, планинарењето, собирајќи ретки парички или работејќи во градината.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар