Бик и рак – љубовна комбинација

Бик и рак – љубовна комбинација

Кога две личности од спротивниот пол со хороскопски знаци бик и рак стапуваат во љубовна врска, најчесто формираат добра љубовна комбинација. Бикот и ракот се за само две позиции оддалечени еден од друг во зодијакот, а тоа значи дека имаат тенденција за формирање една цврста кармичка конекција и длабоко меѓусебно разбирање. Двајцата партнери ја ценат сигурноста и стабилноста во врската, повеќе од сè друго. Тие сакаат да се грижат еден за друг и да се негуваат. Така, ракот сака емоционално да го негува бикот, а бикот пак го разгалува својот љубен давајќи му сензуални задоволства, скапи подароци и убави богати оброци. Двајцата партнери уживаат во домашна атмосфера, па совршен избор за нивен љубовен состанок, е ноќ помината дома, во прегратки со душичката.Бик и рак – љубовна комбинацијаЉубовното партнерство сочинето од бик и рак има тенденција да биде многу среќно, поради нивното обострано уживање во сигурноста и комфорот кои ги овозможува домот. Тие сакаат да имаат убав дом, цврста љубовна врска, квалитетна храна и да поседуваат скапи материјални работи, односно сакаат да уживаат во сите удобности кои ги нуди семејниот начин на живот. Бикот и ракот најчесто се способни да формираат едно идеално семејство кое е ориентирано повеќе кон фамилијарниот живот, отколку кон надворешниот свет, па секој друг отстрана би им позавидел. Единствен поголем проблем помеѓу овие партнери може да настане доколку бикот инсистира сè да биде по негово, а ракот на тоа реагира со демонстрирање лошо расположение, муртење и лутење. Бикот мора да ја разбере емотивната природа на ракот, а ракот пак мора да научи да разговара отворено и искрено и да престане да се служи со емоционални манипулации и уцени.

Бикот е управуван од планетата Венера (љубов), а ракот од месечината (емоции). И во двата хороскопски знака доминира женствената енергија. Ракот обично ги чува неговите емоции затворени некаде длабоко во него, каде ги остава долго време да „крчкаат“, што најчесто завршува со „прелевање на чашата“. Тоа значи дека неговите длабоки чувства, честопати ескалираат во пренагласени реакции, во ситуации кои не заслужуваат толку многу внимание. Токму поради неговата емоционална затвореност, ракот го привлекува отворената, искрена и храбра природа на бикот. Како што месечината го диктира настапувањето на ноќта и заминувањето на денот и тивко влијае врз целиот жив свет, така и ракот манипулира „зад сцената“. Овие партнери најмногу уживаат во заедничко друштво и немаат тенденција многу да се социјализираат во големи друштва.

Бикот е земјен знак, а ракот воден, па во оваа врска ракот го негува бикот, исто како што дождот ја негува земјата и им овозможува на плодовите да пораснат. Бикот од друга страна има постабилен поглед кон животот и е помалку склон кон емоционални турбуленции од ракот. Поради тоа, бикот може да му помогне на ракот да научи да ги контролира неговите „немирни“ чувства. Двајцата партнери мораат да бидат внимателни во однесувањето еден кон друг, бидејќи на бикот може да му здодее од променливото расположение на ракот, а ракот од друга страна може да си мисли дека бикот е нечувствителен во однос на неговите потреби.

Бикот има непроменливи навики. Кога еднаш ќе оформи мислење по едно прашање, нема да го промени, сè дур не се случи нешто поголемо што ќе го натера да се замисли. Ваквата особина на бикот, може да претставува безбедна „емоционална карпа“ за ракот, бидејќи тој ќе верува дека бикот е целосно посветен на нивната врска, а неговите љубовни чувства се цврсто фиксирани. За возврат, ракот може да внесе инспирација во нивната врска, започнувајќи да работи на нови проекти, за кои бикот со задоволство ќе сака да презема одговорност подоцна.

Најдобриот аспект од љубовното гнездо бик-рак е способноста на партнерите да креираат од себе спремен, истраен и надежен тим. Двата знака се потпираат еден на друг и умеат меѓусебно добро да се негуваат, фокусирајќи се кон нивниот заеднички живот. Нивната заедничка љубов кон домот и безбедноста, ја прави оваа врска идеална, долготрајна и ориентирана кон фамилијарниот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. DEJAN TRAJKOSKI Reply

    SE E VO TEKOT NA HOROSKOPSKITE ZNACI-dovolno za toa da se osekam pokomotno vo zivotot so opkruzenite okolu nas”

    • Сања Reply

      Ако хороскопот го одредува карактерот, мене 100% ме замениле некако, за месец најмалку:D

Напиши одговор на DEJAN TRAJKOSKI Откажи одговор