Бестрашни заводнички: Дознајте сѐ за жените Овни!

Страсни, импулсивни, бунтовни, слободоумни, храбри, самоуверени, забавни, тврдоглави и темпераментни. Сите овие придавки совршено ги опишуваат жените родени во знакот Овен. Тие се бестрашни и родени се да бидат лидери, поради што и станува збор за првиот знак во зодијакот. Со нивната енергија, харизма и динамичност тие се во состојба да ги покренат сите останати 11 знаци.

Бестрашни заводнички: Дознајте сѐ за жените Овни!

Лејди Гага е Овен во хороскоп

Овните обожаваат нови предизвици, па затоа најчесто се ранобудници кои одвај чекаат да го почнат новиот ден и да видат што ќе им се случи. Сепак, поради нивната нетрпеливост, понекогаш знаат да прејдат на нов предизвик уште пред да го завршат претходниот до крај.

Тие се и непоколебливи оптимисти, поради што многу често се борат за правата на другите, но и за подобра иднина. Знаат да бидат големи авантуристи кои секогаш гледаат напред, а многу ретко назад во минатото. Имаат мани, како и сите останати знаци, а тоа се егоцентризмот, преголемата тврдоглавост и љубомората. Во продолжение, дознајте сѐ за жените Овни…

Секс и љубов

Овенот спаѓа во огнените знаци, што значи дека припадничките на овој знак се многу страсни. Тие сакаат да преземаат иницијатива во љубовните игри. Сакаат да заведуваат, но и да доминираат, па затоа кавгите и несогласувањата ги доживуваат како сексуална предигра. Ги привлекуваа мажите како магнети, бидејќи оставаат впечаток на интензивни и интересни личност, а освојувањето на жената Овен неретко претставува голем предизвик.

Најживо се чувствуваат кога се вљубени и тогаш сиот нивен живот станува екстремен. Не сакаат кога некој мисли дека ги поседува, но повремените изливи на љубомора и посесивност им ласкаат, бидејќи за жените Овни тоа е знак дека нивниот партнер знае колку вредат.

Не им треба романтика, но им треба внимание. Тие се едни од ретките жени кои можат да ги одвојат љубовта и сексот. Понекогаш им е полесно да се изразат сексуално, одошто интимно, па затоа сакаат работите да одат бавно кога се работи за љубов. Во сексот се забележува нивниот авантуристички дух. Тие обожаваат да пробуваат нови пози и нови места за секс.

Пријателство

Исто како и во љубовта, така и во пријателството жената Овен може во еден момент да донесе возбуда и хаос и веднаш потоа да ја снема. Пријателствата со жените Овни честопати се многу интензивни дури и тогаш кога не траат долго, но тие секогаш имаат пријатели за цел живот. Имаат широк круг на пријатели, бидејќи постојано менуваат интересни и не можат сите да го следат нивното темпо.

Тие ги привлекуваат луѓето поради дозата опасност и непредвидливост што ја носат под својата кожа. Сепак, на пријателите понекогаш им е тешко да ја разберат нивната изразена независност, а другарките знаат и да им љубоморат поради таа нивна особина. Кога излегуваат навечер, не им требаат група пријатели, туку 2-3 блиски луѓе кои размислуваат слично како нив и кои се подготвени на луди авантури. Друштвото на жените Овни гарантира добра забава!

Бестрашни заводнички: Дознајте сѐ за жените Овни!

Викторија Бекам е исто така претставничка на овој знак

Физички изглед

Одликите по кои ќе ја препознаете жената Овен се фокусираниот поглед, нескротливата коса, високото и изразено чело, по малку агресивниот став и немирните движења. Нивен главен дел од телото е главата, која најчесто е издолжена и прилично широка во пределот на очите, а тесна кај брадата.

Впечаток на високо и големо чело дава и фактот што косата им почнува на почетокот од челото кое е повисоко од просечното. Нивен заштитен знак се истакнатите, густи веѓи. Имаат издолжен врат и силни и широки рамена. Жените Овни се со средна висина и прилично слабо тело. Очите им се кафеави или сиви, а кожата чиста и мека.

Стил

Припадничките на овој знак обожаваат да привлекуваат внимание, а црвената боја е идеална за тоа! Црвената боја ја одразува нивната чиста енергија и живиот дух. Тие изгледаат совршено во кожни парчиња облека, сакаат светкави и сјајни работи, а нивен заштитен камен е дијамантот кој е синоним на силата, невиноста и чистотата, што се главните карактеристики на Овните.

Жените Овни носат дијаманти најчесто во форма на обетки, бидејќи главата е делот од телото кое им помага да владеат. Многу им е важно да бидат во форма, поради што многу жени родени во овој знак посветено вежбаат, а со оглед на тоа што се спортски типови, одлично им стои и спортскиот начин на облекување. Тие носат едноставни фризури кои не им одземаат многу време и претпочитаат практична и повеќенаменска козметика, како на пример, шампон и регенератор во едно, крема за лице која истовремено ја влажни кожата и ја штити од сонце и други слични производи.

Начин на купување

Како ќе ја препознаете жената Овен на шопинг? Таа е најгласна во продавницата. Без воздржување коментира што ѝ се допаѓа, а што не и нетрпеливо чека да дојде на ред на каса. За жените Овни, шопингот претставува освојувачки поход во кој ќе се борат да го купат најдобриот производ по најповолна цена. Кога ќе го чујат зборот „намалување“, веднаш им блеснуваат очите, а многу често купуваат импулсивно.

Бестрашни заводнички: Дознајте сѐ за жените Овни!

Сара Џесика Паркер е една од бестрашните жени Овни

Модни икони

Припаднички на овој хороскопски знак се 2-те господарки на автентичниот моден израз: Поп иконата Лејди Гага и Сара Џесика Паркер. Првата е екстравагантна, провокативна и редовно шокира со нејзините модни избори. Не е случајност тоа што Лејди Гага обожава да носи шешири со најнеобични облици. Шеширите се моден императив за жените Овни, а што се поголеми, тоа се подобри!

Сара Џесика Паркер, пак, е попрефинета, но и во нејзиниот стил се забележува храброста и шармантната дрскост кои се типични за жените Овни. И Гага и Сара обожаваат да привлекуваат внимание со нивната раскошна облека. Модна икона е и Викторија Бекам, која ја негува елеганцијата, а омилена боја ѝ е црна, која покрај црвената и белата одлично им стои на жените родени во овој знак. Викторија знае дека на жените Овни многу добро им стои и тесна облека, па затоа таквите модни парчиња се нејзиниот најчест избор. Актерките Кира Најтли, Џенифер Гарнер и Рис Витерспун се исто така познати жени Овни кои се истакнуваат со својот стил.

Мирисот на жената Овен треба да биде силен, моќен, пикантен и кокетен, а најдобри се аромите на бибер, сандалово дрво и цимет. Идеални парфеми за нив се „Mistero di Roma“ на Лаура Бјаџоти, „Belle d’Opium“ на Ив Сен Лорен, „Dolce Vita“ на Диор, „Guilty“ на Гучи и „Si Lolita“ на Лолита Лемпика.

Во продолжение прочитајте зошто жените родени во знакот Овен се неверојатни.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар