Астролозите тврдат: Овие два хороскопски знаци се најискрени

Астролозите тврдат: Овие два хороскопски знаци се најискрени

Астролозите тврдат дека помеѓу хороскопските знаци, два се издвојуваат како најискрени. Тие секогаш ги избегнуваат лагите и ја одбираат вистината. На некој начин, дури и не умеат да лажат. Според астрологијата овие знаци го плашат светот со својата искреност, но што мислите вие, дали и вашето искуство го потврдува ова верување?

Астролозите тврдат: Овие два хороскопски знаци се најискрени

Стрелец

Припадниците на овој знак се великодушни и добри луѓе. Но, дури и покрај тоа што се едни од најискрените хороскопски знаци, понекогаш знаат малку да ги преувеличат авантурите од својот живот. Тие не го прават тоа со намера да лажат, туку едноставно сакаат да го анимираат својот слушател. Сè на сè, Стрелците секогаш ја кажуваат вистината во лице, без разлика дали е добра или лоша.

Овен

Овните се толку импулсивни што секогаш го кажуваат она што го мислат без претходно да размислат. Тие се многу енергични, но воопшто не сакаат оваа енергија да ја трошат на лаги. Тие во односите со другите луѓе се брутално искрени, па токму затоа и понекогаш нивната искреност може да ги повреди другите луѓе. Понекогаш зажалуваат за своите искрени зборови, но никогаш не се откажуваат од самата искреност бидејќи таа е како нивното второ „јас“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар