Астролошки секс трикови: Како да го освоите во јули 2015?

Астролошки секс трикови: Како да го освоите во јули 2015?

Летото, особено месецот јули, е совршеното време да ја зацврстите вашата врска или да го освоите неговото срце. Токму затоа пронајдете го неговиот знак и погледнете ги следниве совети како да успеете во вашата цел.

Астролошки секс трикови: Како да го освоите во јули 2015?

Овен

Благодарение на влијанието од Меркур кој патува, нему овој месец му е потребна промена. Планирајте мини излет со автомобил околу 11-ти со цел максимално да го искористите времето. Промената на околината ќе го освежи и ќе ви овозможи нов простор за игра.

Потег по кој копнее: Утрински орел. Разбудете го со вашите усни.

Бик

Мрзливата Венера ќе му донесе чудно расположение околу 19-ти, па токму затоа оставете му малку простор додека не ја врати контролата над своето расположение.

Потег по кој копнее: Игри со градите. Нанесете лубрикант и предложете му да се повлече меѓу нив.

Близнаци

Тој ќе биде исклучително дарежлив поради влијанието на несебичниот Јупитер. Токму затоа и сосема е во ред да му дозволите да плати за вашата префинета вечера.

Потег по кој копнее: Поглед од позади. Пробајте со обратната каубојка која ќе ги оствари неговите диви соништа.

Рак

Благиот Уран го поттикнува неговото добро расположение овој месец, па токму затоа и ќе ве одушеви со неговата ведрина.

Потег по кој копнее: Забава со храна. Земете чоколаден прелив со вас во кревет.

Лав

Вредниот Меркур ќе го поттикне да се посвети на работата во неделата околу 20-ти. Изненадете го така што на работа ќе му го однесете неговиот омилен ручек од ресторан.

Потег по кој копнее: Журка во када. Уживајте заедно во пенлива бања пред да преминете на главното.

Девица

Во средината на месецот тој ќе ја промени фризурата и ќе биде несигурен во однос на тоа. Токму затоа доколку му упатите комплимент ќе се почувствува многу подобро.

Потег по кој копнее: Експлицитни зборови. Опишете му точно како се чувствувате за време на сексот.

Вага

Еротичниот Марс ќе ја наполни неговата глава со диви мисли пред 18-ти. Токму затоа и тој ќе посака да испробува нови играчки, па ајде, опуштете се и зачинете ја вашата врска.

Потег по кој копнее: Контакт со поглед. Гледајте го во очи додека доживувате оргазам.

Скорпија

Под влијание на хаотичниот Сатурн, неговиот распоред ќе биде пренатрупан до 27-ми. Бидете трпеливи, бидејќи и покрај сè тој сепак ќе најде време за вас.

Потег по кој копнее: Сензуален секс. Пред да преминете на главното, запалете свеќи.

Стрелец

Благодарение на лежерниот Меркур тој ќе биде многу опуштен во попладневните часови. Искористете ја оваа можност, отворете вино и уживајте во неговите прегратки.

Потег по кој копнее: Секси изливи на нежност на јавно место. Чешкајте ги неговите бутини под столот додека вечерате во ресторан.

Јарец

Интензивниот Плуто ќе го инспирира да се исцрпи до лудило во теретана. Масирајте ги неговите болни мускули и веднаш ќе му станете најомилената личност на сите времиња.

Потег по кој копнее: Секси порака. Пратете му жешка говорна порака со секси глас.

Водолија

Благодарение на влијанието на Марс кој многу мечтае, тој ќе се чувствува креативно во почетокот на овој месец. Токму затоа и очекувајте кул непланиран состанок.

Потег по кој копнее: Не ја соблекувајте целата облека од вас. Оставете ги и штиклите и полудете го.

Риби

Благодарение на неуредниот Нептун тој ќе има проблеми на работа, па ќе го побара вашиот совет околу 14-ти.

Потег по кој копнее: Груб секс. Грицкајте го неговиот врат за време на сексот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар