Астролошки профил на родените во знакот рак

(21 јуни – 22 јули)

Астролошки профил на родените во знакот ракЕдна од основните карактеристики на раковите е нивната тенденција кон честа промена на расположението, од една кон друга крајност, која е резултат на емоциите кои во моментот ги облеваат. Некогаш можете да ги видите во типично „журкаџиско“ расположение, како уживаат во сопствената кожа, се смеат на туѓите шеги и делуваат како најдостапната личност за разговор на забавата. Другпат, пак може да бидат сосема емотивно затворени, нежелни за разговори и смеа и седнати сами во некој ќош. Ваквиот чест „пресврт“ во нивното однесување, е првата работа по која ќе препознаете дека некој е рак во хороскоп.

Нежни и грижливи

Раковите се најсреќни и најмногу „блескаат“ кога ја имаат слободата да се грижат за некој. Тие уживаат помагајќи им на другите луѓе. Оваа нивна особина не се однесува само на луѓето, раковите се нежни и грижливи и со животните.Астролошки профил на родените во знакот рак

Срамежливи

Раковите се многу љубезни и полни со љубов за другите луѓе, но кога станува збор за изразување на нивните чувства, тие постануваат многу срамежливи. Тоа е резултат на нивната заштитна обвивка, која си ја создаваат со цел да го спречат излегувањето на површина на нивните „слаби точки“. Како и да е, со тек на време, кога ракот подобро ќе ве запознае и ќе се почувствува безбедно покрај вас, ќе почне сè повеќе да ги изразува неговите чувства и ќе ви ја покаже неговата нежна и грижлива страна.

Таинствени

Дали сте знаеле дека тука на планетата Земја, имаме можност да ја видиме само едната страна на Месечината? Тоа е така, бидејќи Месечината не ротира исто како Земјата. Тоа значи дека ние ја гледаме само едната страна, или едното лице на Месечината. Овој факт за Месечината, која е управител на знакот рак, може да помогне во расветлувањето на неговиот карактер. Раковите се понекогаш толку таинствени, бидејќи се чувствуваат најбезбедно кога кријат нешто од остатокот од светот. Токму таинственоста ја прави Месечината специјално небесно тело, а луѓето родени во овој хороскопски знак – исклучителни личности.

Астролошки профил на родените во знакот рак

Кога раковите се среќни?

Раковите се среќни кога се чувствуваат слободно да ги изразат нивните чувства без да се плашат и без да бидат прекорувани од некој друг. Овие срамежливци смртно се плашат од идејата дека некој нема да го прифати нивното мислење, па доколку сметаат дека постои најмала шанса тоа да се случи, тие инстантно ќе се повлечат во нивниот заштитен оклоп.

Раковите исто така се чувствуваат одлично кога можат да ја споделат нивната љубов кон нешто, како на пример пишување проза или поезија, со најблиските луѓе во нивниот живот. Ова прави раковите да се чувствуваат одлично во врска со нивната улога во светот.

Страв да бидат неприфатени од другите

Друга карактеристика на раковите е нивната тенденција да се чувствуваат гневно и налутено многу често. Ако тие се почувствуваат на било каков начин омаловажено од некоја личност (без разлика дали е реално така или само си замислуваат), раковите ќе му дозволат на бесот да расте во нив, сè до оној момент додека не експлодира на површина.

Проблемот кај раковите е тоа што многу нешта можат да создадат чувство на гнев во нивната душа. Тие имаат неверојатно бујна фантазија и кога не ја користат оваа нивна креативност во некаква продуктивна цел, стануваат деструктивни. Едноставно кажано, многу е тешко да ги задоволите очекувањата на ракот. Најдоброто нешто кое можете да го сторите е да почекате да „излезат“ од песимистичките мисли и да се вратат во нивниот нормален шармантен мод.

Грижливи и сочувствени

Раковите поседуваат многу позитивни нешта кои можат да му ги понудат на светот. Тие имаат непресушен извор на добродушност, која ако им дадете шанса, со задоволство ќе ви ја покажат. Постои огромна разлика помеѓу тоа да се биде фин и да се биде добар, а раковите се најсвесни за тоа. Без разлика дали станува збор за згрижување на болното куче на улица, или хранење на бездомник, раковите се секогаш првите луѓе на светот кои ќе ви помогнат. На раковите секогаш можете да сметате и да се потпрете, без разлика дали станува збор за љубов, пари или давање совет и поддршка. Ракот ќе ви подаде рака! Другите луѓе го почитуваат и обожаваат ракот бидејќи тој е грациозен, великодушен и секогаш желен да им помогне на оние помалку среќните. Знаејќи го ова, воопшто не е зачудувачки тоа што ценетата принцеза Дијана беше рак во хороскоп.

Астролошки профил на родените во знакот рак

Интуитивни

Најбитната карактеристика на раковите е нивната интуиција. Заедно со срцето полно со љубов, доаѓа и нивната моќна интуитивна сила, која умеат да ја пренесат на другите. Исто како што месечевата светлина не води низ темнината, така и нивната интуиција изгледа како да ги води низ животот.

Не се директни личности

Раковите не сакаат недоразбирања и конфронтации, па поради тоа ќе направат сè што е во нивна моќ за да ги избегнат. Не е тајна дека раковите се многу емотивни луѓе и нивните чувства лесно можат да бидат повредени. Ако еднаш им забиете нож во грб, на таа рана ќе и треба долго време (ако не и цела вечност) за да се залечи. Поради стравот од чувствување толку интензивна емоционална болка, раковите решаваат максимално да ги одбегнуваат сите ситуации кои можат да доведат до тоа.

Астролошки профил на родените во знакот рак

Неочекувани особини на раковите

Зборови како „емотивни“, „интуитивни“ и „грижливи“ оддаваат впечаток како раковите да се многу кревки уѓе, кои ќе се скршат ако го дувнете. Но, нека не ве залажува нивната емотивност, бидејќи длабочината на душата нема никаква врска со стабилноста и цврстината на човекот. Особини кои другите луѓе се изненадени кога ќе ги сретнат кај рак вклучуваат:

Бес

На раковите им е потребно многу лутина да им се собира за да избувнат, но кога тоа ќе се случи, подобро пазете се! Ова најверојатно е така, како резултат на тоа што раковите долго време се трудат да ги потиснат нивните гневни емоции, па кога еднаш ќе решат да ги пуштат да испливаат на површина, донесуваат големи одлуки. Така, многу луѓе се изненадуваат од ракот, бидејќи си ги спакувал торбите и си заминал, наместо, како и вообичаено да го прифати фактот дека ќе биде намуртен и депримиран, сè додека не се случи нешто кое ќе го расположи.

Преземаат акција

Кога најмалку тоа го очекувате, ракот се впушта во акција, без разлика дали смета дека постапува исправно или погрешно.

Неверојатно издржливи

Раковите се моќни личности, кои можат да се справат со секаков соперник кој стои на нивниот пат кон успехот. Не за џабе ракот има клешти нели? Па затоа, доколку забележите дека некој рак што го познавате, е решен да се бори за нешто свое, бидете сигурни дека нема да се откаже после првата изгубена битка.

Склони кон депресија

Кога е во меланхолично расположение ракот може да постане најстудената личност на планетата и ќе ве поведе со себе во депресивните мисли. Раковите имаат тендендција да размислуваат песимистички, но најчесто го кријат тој нивен страв зад нивната широка насмевка и смисла за хумор. Раковите сакаат да сонуваат големи соништа и според нив, „само небото е граница“. Кога плачат, тоа го прават бидејќи се навистина длабоко повредени однатре. Остар поглед или груб тон на глас, можат лесно да го повредат ранливото срце на ракот. Кога е повреден, ракот или ќе се исплаче од срце или ќе „одмора„ во неговиот заштитен оклоп. Како и да е, не е типично за ракот да му се одмаздува на оној кој му згрешил. Доколку реши да се затвори во своето безбедно психичко катче, бидете сигурни дека никако нема да можете да пристапите до него. Тој нема да крева на телефон, нема ви отвори на врата кога ќе му заѕвоните, ниту ќе го проверува сандачето за имејл пораки.

Астролошки профил на родените во знакот рак

Имаат бујна фантазија

Додека разговарате со некој рак, ќе забележите дека неговите фацијални експресии ќе се променат многупати, отсликувајќи ги неговите многубројни емоции. Секое животно искуство влијае врз неговиот карактер и се врежува во неговата меморија. Тие имаат навистина бујна фантазија и понекогаш успеваат да го пренесат нивното моментално расположение на другите луѓе. Раковите го помнат сето она на кое животот ги научил и се вистински патриоти. Минатото ги интригира, па поради тоа тие обожаваат и да колекционираат антички предмети и разни остатоци со богато историско значење. Раковите се одлични чувари на туѓите тајни, па не е чудно што луѓето им се доверуваат по автоматизам.

Искрени пред себе, затворени пред другите

Интересно е тоа што, неговите сопствени мисли и тајни, ракот си ги чува стриктно само за себе. Типичен рак никогаш не би разговарал за својот приватен живот со која било личност. Целата неговата емоционалност ја крие на сигурно под неговата цврста кора и доколку сакате да се зближите со рак, ќе треба да му покажете доволно грижа и љубов, за да започне да ви верува. Ракот ретко ги осудува другите луѓе, бидејќи има меко срце, се грижи за другите и секогаш ја нуди својата помош. Но, тој исто така, очекува да види дали и некој друг ќе му помогне нему. Ако одговорот е да, ракот ќе стои настрана и ќе и дозволи на таа личност да биде „спасителот“. Во случај никој да не му понуди помош, ракот секогаш ќе биде тој кој ги „спасува“ останатите во нужни ситуации. Тој може да пристигне во последната минута, но ќе ве спаси токму во моментот пред да се удавите. Ракот не е себичен, но се труди да не избрзува и да не биде импулсивен. Пред да направи некој поголем чекор, на ракот му е потребна силна поддршка од некој негов близок. Без потпора, ракот мрази да презема ризик на своја рака.

Потреба од емоционална безбедност

Ракот тешко ги заборава туѓите грешки, а особено ги памети и своите. Тој ќе жали за нив и ќе му треба многу време додека да ги преболи и да премине на следниот чекор. Ракот обожава да биде дома, со неговите најблиски, бидејќи таму се чувствува најбезбедно. Премногу сигурност не е доволно за него. Тој секогаш сака повеќе и повеќе стабилност, љубов и грижа во животот. Несигурноста може да го одведе до депресивни мисли и физички да го ослаби. Како и да е, раковите имаат неверојатна моќ на самолекување. Сè што им е потребно се моментите на среќа, оптимистични мисли и смеење во големи дози. Таквата потреба ја имаат бидејќи се склони кон негативни мисли и секогаш се подготвени за неочекувани нешта од иднината.

Астролошки профил на родените во знакот рак

Потенцијал да стекнат богатство

Раковите исто така се способни да направат многу пари, а потоа знаат и да управуваат со нив. Тие имаат големо срце и се желни да им помогнат финансиски на најблиските, секогаш кога тоа им е потребно.

  • Ракот најмногу си одговара со: девица, скорпија, риби и бик.
  • Животно мото: „Силната одбрана е најдобрата одбрана“.
  • Омилени бои: зелена, сиво-сребренкаста, крем и бела
  • Најсоодветни професии: поети, писатели, познати актери, фотографи, уметници, археолози, историчари, доктори, менаџери, политичари, менаџери на човечки ресурси, готвачи, социјални работници, наставници
  • Најголема предност: способноста на раковите да се грижат за другите луѓе
  • Најголема потенцијална слабост: чувствување страв дека лошото искуство од минатото ќе се повтори во иднината.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Бети Reply

    Toчно,Точно,ТОчно,Точно ПРЕПРЕТОЧНО!

    • Marko Reply

      Tocno…

  2. Dame Reply

    Toa e :/ 😀

  3. liljana Reply

    golema vistina!

  4. Весна Reply

    Дај вака напишете го профилот за Јарецот :)

  5. Екка Reply

    Се е точно, од точка до точка!
    Весна: http://www.kafepauza.mk/astrologija/astroloshki-profil-na-rodenite-vo-znakot-jarec/

  6. Весна Reply

    Фала :)

  7. maja Reply

    Se e tocno!!!!

  8. Matt Reply

    Поточно неможе да биде! Се е точно од збор до збор.

  9. Ана Reply

    Без грешки. :))))))))))

  10. ММММ Reply

    Ај ве молам за рак и девица комбинација???

    • marija Reply

      celoto e vistina od tocka do tocka……….

  11. Bryan Reply

    Точно до бескрај ,не опишува целосно ,ги открива нашите особини кои не прават различни од другите и често не разбирливи.

    Иначе и јас би сакал да видам за Рак и Девица :)

  12. Некој Reply

    Живеам со Рак,многу малку вистни..

  13. Екка Reply

    Ќе можете да објавите Надворешен Изглед На Ракот?
    Како што е ова за вага: http://www.kafepauza.mk/astrologija/nadvoreshniot-izgled-na-vagata/
    Благодарам :))

  14. tonii Reply

    kombinacija za rak i bliznaci.

  15. emi Reply

    bree duri i omileni boi ste mi pogodile, se e vistina, se pronajdov:)

  16. Tatjana Reply

    Pretocno

  17. Pajche Reply

    TOCHNO !

  18. Ракче Reply

    Се е точно :)

Остави коментар