Астролошки профил на родените во знакот лав

(23 јули – 22 август)

Астролошки профил на родените во знакот лавДа се наведат сите карактеристики на родените во знакот лав, е исто како да ги прочитате сите имиња на крајот од филм, кои се заслужни за неговото реализирање. Лавот може да ја одигра секоја улога во филмот и притоа да го прилагоди светлото, за да се осигури дека секогаш ќе биде во центарот на вниманието. Овие луѓе сакаат секогаш да бидат забележани и да привлекуваат внимание. Лавовите се родени за да бидат „кралови/кралици на драмата“. Тие се родени лидери, кои се ценат себеси и зрачат со самодоверба.

Љубител на човековата насмевка

Вие поседувате неколку карактеристики кои ви овозможуваат да го придобиете вниманието на другите луѓе. Некои можеби ќе ве обвинат дека сте егоцентрични, но вистината е дека вие едноставно го покажувате вашето вистинско лице – забавувач. Вие сакате да сте „виновникот“ за туѓите насмевки, бидејќи тоа ви создава искрено задоволство во душата. Оваа ваша дарежлива природа ве прави алтруист, кој може да постигне голем успех во животот, благодарение на вашиот оптимизам и позитивни мисли. Лавот е кралот на животните, па така и вие чувствувате обврска дека треба да се грижите за поданиците во вашето царство. Со задоволство го понесувате товарот на другите луѓе, секогаш кога е тоа потребно, но и кога не е потребно, ниту е ваша работа да се грижите.Астролошки профил на родените во знакот лав

Хуманитарната страна на лавот

Најчесто луѓето кај вас ја забележуваат само вашата „сценска страна“. Најчесто се чувствувате како да сте на сцена и морате да се однесувате онака како што публиката очекува од вас. Но, во вас се крие и друга страна, која е тешко забележлива, а тоа е хуманоста.

Вашата длабока потреба да им помагате на другите луѓе е честопати засенета од карактерот кој го прикажувате пред светот. Повеќето луѓе никогаш не успеваат да ја видат оваа ваша страна. Тоа е така, бидејќи вие сте многу затворена личност кога станува збор за добрите дела кои ги правите, ко божем да чувате некоја државна тајна. Последната работа која што сакате да се случи, е некој да се сомнева во вашите акти на хуманост. Оваа ваша особина може да изгледа дека е контрадикторна на вашата позерска улога која ја прикажувате пред светот, но вашето големо срце е навистина многу дарежливо и милосливо и ве тера да се вклучите во некоја добротворна акција.

Суетност: мит или реалност?

Во многу прилики, најверојатно сте биле обвинети дека сте многу самоуверени, суетни или нарциси. Соочете се, вам ви се допаѓа вашиот одраз во огледало и да се има его е навистина добра компонента во карактерот на една личност. Но, кај некои лавови, тоа е екстремно нагласено. На овие луѓе, им е многу тешко да го пронајдат балансот помеѓу самоувереноста и потребата да доминираат над другите луѓе. На крајот на краиштата, тоа е космичка сила, а понекогаш едноставно не можете да се борите против ѕвездите.

Лавот на работното место

Вашата силна потреба за внимание, може да постане водечка сила во вашиот живот. Глумата е природен избор на кариера за вас, како и пиар или работа во департманот за продажба. Секоја професија во која вашата улога е да ги убедувате луѓето, ќе ви биде добредојдена. Вие секогаш сте во центарот на вниманието, а тоа може да ги налути луѓето околу вас, кои сакаат да бидат на вашето место. Научете да го делите „сценското светло“ со другите луѓе, особено со колегите и ќе бидете почитувани и обожувани повеќе отколку што можете да посакате.Астролошки профил на родените во знакот лавЛавот е роден за успех. Тој никогаш не би прифатил пораз и ќе продолжи да се бори, додека не го победи секој предизвик кој ќе му се појави на патот. Кога ќе започне да работи на некој проект, лавот не само што ќе си ги оствари своите цели, туку и ќе ги надмине очекувањата на другите за него. Тој исто така, може да биде одличен шеф бидејќи неговиот стил на менаџирање е професорски и менторски. Лавот чувствува огромно задоволство кога гледа дека членовите на неговиот тим напредуваат во работата.

Екстремно лојален кон најблиските

Вие сте многу лојална и предана личност и сте безусловно приврзани и посветени кон членовите на вашето семејство и пријателите и го очекувате истото од нивна страна. Кога лојалноста не ви е возвратена, се чувствувате повредени до дното на вашето срце. Тоа е така, бидејќи лавовите имаат многу големо его, кое им е секогаш на прво место во животот и тоа лесно може да биде рането. Ќе бидете во агонија поради предавството и непочитувањето кое сметате дека ви е дадено. Вие ќе се обидете да ја излекувате оваа рана, но доколку не пронајдете начин да се справите со вашата болка, таа може да ви претставува камен на кој ќе се сопнувате во текот на целиот ваш живот. Доколку такво нешто ви се случи, вие треба да свртите нов лист и да научите како максимално да го живеете животот кој ви е даден, како и да почнете да ги опростувате туѓите грешки. Морате да сфатите дека не секогаш светот се врти околу вас, бидејќи во спротивно, постојано ќе им се лутите и ќе им замерувате на луѓето во вашиот живот. На крајот на краиштата, секој заслужува втора шанса, нели!?

Високи очекувања од пријателите

Научете да направите еден чекор назад и да ја преиспитате ситуацијата. Обидете се да погледнете кон светот со други очи. Можеби ќе откриете дека она што сте го интерпретирале како недостаток на лојалност од нечија страна, не е ништо друго освен фактот дека вашите преголеми очекувања од некое пријателство, не се совпаѓаат со дефиницијата за пријателство која таа личност ја има во својата глава. Можеби ќе сфатите дека не станувало збор за некакво непокажување почит, лојалност или доверба. Можеби е тешко да ги преиспитате вашите сопствени идеали и да ги погледнете од поинаков агол, но тоа е најдобриот начин да сфатите дека, не секоја личност може да одговори на толку високи стандарди какви што имате вие.Астролошки профил на родените во знакот лав

Како другите го доживуваат лавот?

И покрај тоа што можеби сте „кавгаџиски“ настроени во некои ситуации, повеќето луѓе сепак ве доживуваат како пријатна, дарежлива и љубезна личност. Вашите колеги очекуваат од вас да бидете лидери на работното место и честопати ќе се обраќаат кај вас за совет околу работата. Вашите деца (ќе) ве сметаат за топол, искрен, срдечен и забавен родител. Вашиот љубовен партнер ве доживува како интересна, егзотична и страсна личност. Вашите родители ќе се гордеат со она што нивното дете го постигнало во животот. Како што можете да забележите, вашиот хороскопски знак има многу комплексна природа. Ако научите како да го контролирате вашето его, убавите аспекти од вашиот карактер ќе излезат на површина и ќе го заземат централното место во вашиот живот.

Креативност

Една помалку позната карактерна особина на лавовите, е нагонот кој тие го чувствуваат за создавање нешто, без разлика дали станува збор за глумење во претстава, пишување роман или нешто друго. Лавовите не се луѓе, кои можат само да седат и фантазираат за работите, туку сакаат нивната креативност да ја инвестираат во нешто што ќе роди плод.

Негативни особини на лавот

  • Ароганција

Лавот знае понекогаш да ги премине границите на нормалното однесување и може буквално да смета дека тој, заедно со неговото семејство и пријателите го сочинуваат центарот на универзумот. Како и да е, лавот има многу големо срце, поради што луѓето во неговиот круг имаат тенденција да му „прогледаат низ прсти“, кога арогантноста ќе му дојде до израз.

  • Ориентиран кон угледот

Лавовите сакаат да ги држат најдобрите нешта во свои раце. Сакаат да возат најубав автомобил, да живеат во најубава куќа, да се облекуваат во најмодерна облека, да ручаат во најелитните ресторани… Тие понекогаш премногу се внесуваат во светот на раскошот, што забораваат дека материјалните работи не се градители на нивната личност, туку она што го носат во душата. Ако забележите дека оваа потреба да се покажете и докажете пред светот со скапи работи ви се случува и вам, сопрете навреме и запомнете дека вашата искреност спрема себеси, е она што ќе ве направи уникатна личност, различна од сите останати во светот.Астролошки профил на родените во знакот лав

  • Темната страна на самобендисаноста

Вашата потреба да бидете во центарот на вниманието, честопати доаѓа во пакет со една негативна страна. Понекогаш, кога ќе сфатите дека сите знаат дека вниманието е постојано свртено кон вас додека зборувате, вие почнувате да ги игнорирате проблемите на вашите пријатели и членовите на вашето семејство и го ставате фокусот на вашите лични драми. Кога тоа ќе се случи, обидете се да се повлечете малку. Една од вашите најголеми карактерни квалитети, е вашата дарежлива природа. Помешајте ја вашата дарежливост со обид да слушате малку повнимателно додека некој друг зборува и ќе оставите впечаток на многу мила и фина личност, достојна за почит.Астролошки профил на родените во знакот лав

Лавот во љубовта

Кога припадниците на овој хороскопски знак се заљубени, нивните најголеми квалитети доаѓаат до израз. Ако ве сака некој лав, вие ќе бидете облеани со скапи подароци, ќе ве однесе на „најжешките“ места за ноќно лудување, а кога е во романтично расположение, ќе ви заѕвони на врата со букет цвеќиња и шампањско. Ако вашата дефиниција за љубов, е базирана на некој романтичен филм, лавот може да ви помогне да си го остварите тој ваш љубовен сон.Астролошки профил на родените во знакот лавЕве неколку совети кои ќе ви помогнат да го направите вашиот лав среќен:

Фалете го често. Кажете му/ù дека изгледа одлично или дека мириса фантастично и гледајте како задоволно ви се насмевнува.

Живејте го животот до максимум. Бидете расположени да експериментирате со нови места за состанок со вашиот лав и секогаш понесувајте си ги со вас неопходните работи и по можност пар пижами. Можеби ќе отидете на некоја „екскурзија“ во близина на вашиот град, или подалеку. Сè е можно со партнер во знакот лав.Астролошки профил на родените во знакот лавНемојте да го повредувате егото на лавот. На припадниците на овој хороскопски знак многу лесно можете да им ги повредите чувствата. Тоа не значи дека не треба да му/ù потенцирате кога ќе ја преминат вашата линија на толеранција, но бидете внимателни како се изразувате, ако не сакате да провоцирате кавга.

  • Лавот најмногу си одговара со: вага, стрелец, овен, близнаци.
  • Животно мото: „Ако ти сметам – тужи ме!“ или „Никогаш не следи ја толпата“.
  • Најдобри професии за лав: актери во филм или драма, стенд-ап комедијанти, спортисти, брокери, менаџери, професори, спортски тренери, рудари, пожарникари, организатори на настани, уметници, советници, адвокати, политичари, агенти во односите со јавноста, модни дизајнери, танцувачи.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Лавица Reply

    До некаде е точно, но лавот си одговара и со шкорпијата… али во зависност со која шкорпија си и со кој дел од неа ќе ги најдеш. Со вага и стрелец јас не се поднесувам…. Ароганцијата не е моја страна иако сум лав во хороскоп, што се однесува до угледот лавот знае да биде и трпелив сака луксуз ама се задоволува и со скромното. Тешко се разочарува, а за професиите сте во право. Во љубовта лавот доминира, вие сте пишувале само за машката страна а за женската? Женската страна на лавот брзо се заљубува и кога сака сака со целото срце и душа. Романтачна е и сака романтични нешто но брзо се прилагодува и кон другите мали нешта…Лавот е тврдоглав, и кога ќе науми нешто тоа ќе го направи без оглед на се. Самобендисаност хаха на пример јас не сакам да сум во центар на вниманието па сите да покажуваат со прст на мене. Кај секој лав е различно.

    • LIONESS Reply

      Значи не е се до знакот во кој си роден. Многу влијае да, ама не го опишува целосниот карактер на еден човек. Мене на пример многу разлика ми прави подзнакот. А и знакот во кој месечината е, е исто така важен. И аспектите наравно!
      Јас се пронајдов во текстов, од А до Ш за мене е точен. Горда сум што сум лав во хороскоп и за ништо не би го сменила.
      И не се согласувам дека брзо се заљубува еден лав, можеби ’’страсти’’ осеќаме према одредени личности, но најчесто брзо поминуваат. Лавот еднаш љуби со цело срце и обично никогаш не ја заборава таа посебна личност, колку и да то глуми спротивното. Кога сме кај муабетот за како лавот сака да биде во центар на внимание, така е. Сум ја забележала оваа карактеристика кај сите лавови што ги знам, особено е нагласена кај мажите родени во овој знак. И за крај, шкорпиите. Не знам зошто, но многу ми се слични со нас. Барем јас така ги доживувам, иако не се трпам многу многу со нив.
      Епа поздрав до сите лавчиња, остануваме главни и најјаки како што отсекогаш сме биле и ке бидеме!! 😀

  2. uste edna lavica Reply

    Da se nadovrzam, mene ova me opisuva totalno. Samo me interesira kako se naoga znakot vo koj e mesecinata??

  3. N. Reply

    Se e tocno !!

  4. Хана Reply

    Најточно на цел свет. Баш сум типична лавица, башка дупла, и во целост сите мани и доблести ми се нагласени.

    Се гордеам што сум лавица :)

  5. lavce Reply

    Лав е најубав хороскопски знак, значи. И јас сум горда што сум лав :)

    • kate Reply

      lavovite se vecni borci i retko koga gubat

  6. Љупка Reply

    баш дека сме најдобри, и ќе си го фалиме знакот дека ни е најдобар… што е и многу разбирливо… зарем има нешто поубаво од успешен лав, што си ја цени фамилијата и најблиските и знае да сака?! :)))

  7. слаџана Reply

    прекрасно……………….поточно здравје

  8. jule Reply

    mpram da kazam kako lav ,voop[te ne sum arogantna , da ja cenam familijata zarem ne misli ni eden horoskopski znak kako mene sakam i gi sakam site bez uslov samo taka mozete nekoi da naucite da saka bez da glumi.kreativci se ,topli kako mesecot sakam da sum vo tolpata samo na kraj od tamu poubavo gi dozivuvam lugeto otidov vo xunglata cao

  9. ena elena Reply

    si go sakam mojot horoskopski znakk <3 <3<3 😀

  10. PAVLINA Reply

    LAVOT E NAJ BORBEN ZNAK KAJ NEGO NEMA NEMOZE I NESMEE TOJ UPOREN E I POVEKE DOBIVA NEGO STO GUBI JAS SUM LAV SO LAV PODZNAK

  11. Meri Reply

    toa se karakternite osobini na lavot! Se prepoznav!

  12. Dejan Reply

    Bravo jas sum dupli lav i sev mi e pogodeno :)

  13. 28 јули Reply

    i jas ne sum arogantna, a za toa deka sakam da sum vo centarot na vnimanieto, tocno e…mnogu zboram i sakam sekoj da me slusa:) a i humoristicna sum znam da go nasmeam celo drustvo i sum srekna vo toa

  14. Lavica - 5 Avgust Reply

    Ha…Ljubitel sum na chovekovata nasmevka …humana lichnost sum…lojalna sum i toa mnogu no na momenti stanuvam ekstremno nelojalna xD ( Koj kako kje zasluzhi) Gordosta sekogash mi e pred se…Sakam da dominiram…Ne sakam da sum centar na vnimanie…Toa go mrazam…Arogantna sum…Ugledot ne mi e mnogu vazhen…Samobendisana sum ama vo odredeni granici…A za vo ljubovta…Na lavovite im treba opasnost…avanturistichka dusha…rizik…vozbuda…romantichnost…pofalbi…masazha…i najmnogu im odgovara lav ili pak devica…poshto lavot im odgovara vo sekoj pogled…a devicata mozhi edinstvena da go smiri lavot ili pak edinstven da ja smiri lavicata :))

  15. tatjanasuperleo Reply

    poveketo raboti kazani za lavot se vistina-se zavisi i od podznakot,jas sum pozer-so taa maska se krijam da ne me povredat,ne se cuvstvuvam prijatno ako sum vo centarot na vnimanieto,no sakam da me sakaat i mislamdeka se mozam da napravam sama i najdobro,nekogas duri i gi potcenuvam drugite,toa ne mi cini,so tek na godinite nauciv da toleriram i deka site sme razlicni.koga stanuva zbor za humanosta tuka mislam deka site lavovi se isti-ne sakaat drugite da im ja vidat taa strana od licnosta zatoa sto toa ne go pravime za da dobieme orden tuku taka ni kazuva srceto,a za ljubovta-mislam (barem jas sum takva)eden covek za cel zivot,mrazam neverstva i licemeri a lavot e glumec i toa sto go glumi veruva vo toa .zakoja e najdobra kombinacija se e individualno toj sto najmnogu saka taa kombinacija e najdobra,kaj mene e lav-skorpija (horoskopski ne se preporacuva)ne si odgovaraat a nie sme 20et god. zaedno.

  16. leo Reply

    So netrpenie go ocekuvam profilot na zenskite lavici :))))

  17. Elena Reply

    Zasto seuste nema za profil na zensko lav????

    • Кафе пауза Reply

      Елена, малку го одложивме објавувањето на тој текст бидејќи подготвуваме нешто ново и интересно. Благодариме за трпението, постот што го бараш секако ќе излезе на сајтот.

  18. Сања Reply

    Добро неможе за сите знаци да има љубовен астролошки профил,само за Лав да нема…Мислам дека е редно време да излезе м?

Остави коментар