Астрологијата ви открива за што сте антиталенти

Астрологијата ви открива за што сте антиталенти

Се разбира дека сите не нè бидува за сѐ, a денес астрологијата ќе ви открие што е тоа што не ви одговара на вашиот карактер. Да се има реален однос кон себе и своите способности е навистина убава особина која обично се поврзува со зрелоста. Постојат многу надежни млади луѓе полни со енергија, кои со сите сили се обидуваат да успеат на некое поле, а на некој зрел, поискусен и пореален веднаш му е јасно дека тука нема леб за нив. За да не западнете во таква замка, а и за да не губите непотребно време, еве некои општи одредници за тоа кои работи би било добро да избегнувате да ги правите, во согласност со вашиот хороскопски знак.

Астрологијата ви открива за што сте антиталенти

Овен

Сето она што е мирно, пасивно и без секојдневни предизвици, би требало да го избегнувате. Таму каде што нема акција, за овните нема ни живот. Доколку се обидувате да се внесете во некоја работа или хоби поради некој друг или затоа што некој ви рекол да го сторите тоа, а при тоа не почувствувате дека и самите го сакате, исто така нема да успеете. Работа и хоби без динамика едноставно не се во природата на овните, па е најдобро ваквите работи воопшто да не ги прифаќаат. Исто така не им лежат ни работи кои долго траат и кај кои резултатите не се покажуваат релативно брзо.

Бик

Брзината е нешто со што биковите тешко се носат. Сите работи кои се возбудливи и кои треба да се завршат во најкраток рок, вообичаено нив им ја намалуваат функционалноста и ги доведуваат до лудило. Доколку не постои гаранција дека по извршување на работата ќе добијат нешто, биковите губат секаква мотивација за работа. Исто така, ако работата е особено непријатна или груба, тоа ќе ги скрши биковите. Сите работи кои се несигурни или се отворени за разни опции, како и оние каде е потребно да се реагира во моментот, не се за луѓето родени во овој знак. Опасноста исто така ги одбива.

Близнаци

Долготрајни работни задачи и активности за кои е потребно да се биде темелен и да се внимава на секој детаљ, ќе ја убие желбата за работа кај близнаците. Сѐ што има маратонски карактер или е навидум досадно и неинтересно, не им одговара на близнаците. Исто така нив ќе ги уништи и каква било осамена активност каде што нема да бидат во можност да комуницираат. На претставниците на овој знак не им годи работа со премногу одговорност, бидејќи тие едноставно не поседуваат трпение и сериозност за да можат да се носат со такви барања и очекувања.
Работа во институции и фирми од затворен тип, исто така не ги прави среќни.

Рак

Активности кои се механички, како и оние во кои не може да се покаже барем минимум човечност, ќе ги направи раковите навистина несреќни. Благодарение на својата издржливост, тие би можеле да го поднесат тоа, но не за долго, или поточно додека не им дојде преку глава целата ситуација. Тогаш вообичаено запаѓаат во депресија. Студена атмосфера, крути задачи, беспоштедна борба поради стекнување поени или профит, се нешта со кои припадниците на овој знак многу тешко се справуваат. Ако во она што го работат нема душа, тогаш за раковите нема ни среќа.

Лав

Работа која е изолирана и е далеку од очите на другите луѓе или некоја премногу осамена активност, ќе го уништи секој лав. Работа во институции од затворен тип како болници, лаборатории, затвори и строги институти, ним ќе им изгледаат како ноќна мора. Ако својот сјај и влијание не можат да го пренесат на другите, тие ќе патат. Активности во кои нема страст или се рутински и без креативност, исто така не им одговараат на лавовите. Доколку во тоа се обидат да внесат освежување, ќе наидат на отпор и фрустрација.

Девица

Девицата ќе се изгуби потполно онаму кадешто е потребно да се генерализира и да се донесуваат општи заклучоци. Иако во душа е перфекционист, таа ќе се обиде да се прилагоди на сѐ и сешто, но за неа ќе биде вистинска мака доколку е потребно да покаже способност за надминување на границите, преминување преку ситници или занемарување на неважните нешта. Таа со тоа едноставно не може да се помири. Сѐ што во себе вклучува хаос или неуредност макар и како привремена фаза на дејствување, за неа претставува голема препрека.

Вага

Секоја активност која е груба, сурова, грда или агресивна ќе предизвика губење на тлото под нозете на вагите. Нивната природа се згрозува од секој класичен конфликт или војна, па е подобро да ги избегнуваат таквите ситуации. Таму каде што е потребно да се направи разлика и да се одвојат работите вагите ќе бидат способни да го работат, но кога тоа ќе треба конкретно да се примени во пракса и да се одвојат од нешто, а особено од претходната структура и соработници, на вагите ќе им биде неподносливо. Осамени активности исто така не им лежат, бидејќи тие се секогаш за соработка.

Скорпија

Доколку нема провокација, за нив тоа е како храна без сол и ќе ја избегнуваат секоја таква активност, но ако случајно западнат во таква рутина ќе ги уништи нејзиното сивило и монотонија. Тие ќе се обидат сами нешто да смислат за да предизвикаат борба, но ако во тоа не успеат ќе бидат многу несреќни. Работи и активности кои течат мирно, непречено и без предизвици и динамика, едноставно не се за нив. Исто така доколку во работата е сѐ јасно и отворено и нема можност за откривање нешто или барем малку таинственост, тоа за нив е вистинска мака, па е подобро воопшто да не се впуштаат во такво нешто.

Стрелец

Сето она што нема длабочина, висина, ширина и далечина ќе го уништи секој стрелец. Нивните активности мора да ги вклучуваат сите овие димензии, како и можност за развој на долги и непредвидливи стази. Сите активности кои вклучуваат прецизност и јасно одредени правила, а особено ако се малку поцврсти или крути, ќе го гушат стрелецот и неговите најдобри карактеристики нема да излезат на виделина. На претставниците на овој знак им е потребна слобода, па ако работата е монотона и предвидлива и нема можност за ширење и движење, подобро да не го прифаќаат тоа.

Јарец

Вистината е дека јарецот може сенешто да издржи, но сепак неговата активност треба да му дава можност за напредување. Доколку во одредена дејност не гледа дека може да ги постигне своите амбиции, јарецот нема да биде среќен. Во неговата работа мора да постои перспектива за развој, па макар патот до тоа да е тежок и полн со препреки. Понекогаш јарците затапуваат во некоја работа баш поради својата издржливост, иако може да биде очигледно дека нешто друго би им одговарало многу повеќе. За ваква ситуација е потребно разумот да проработи и да се направи промена, но тие тоа го сфаќаат дури после некое време.

Водолија

Ако се решат да работат нешто конвенционално, скоро е сигурно дека ќе погрешат. Нивната оригинална природа секогаш бара нешто ново, па секоја предвидлива, монотона или традиционална работа, кога тогаш ќе ги направи несреќни. Некои водолии прават компромис воведувајќи новитети во старата работа, што не е лош потег, но сепак за нивниот талент да заблеска подобро е да се определат за некоја сосема нова професија, хоби или спорт. На тој начин ќе имаат можност за откривање и истражување, со што нивната вистинска природа ќе дојде до израз.

Риби

Сите активности каде се бара уредност и прецизност, едноставно ќе ги уништи рибите. Оние работи каде што е потребно јасно да се направи разлика и да се покаже чувство за прецизност во детали, не се за нив. Исто така ако работата е еднолична, има воспоставен тек и е некреативна, кај нив веројатно ќе предизвика депресија. Најдобро е да се држат настрана од премногу одредена работа, но и од работа во која премногу би фантазирале. Ако изберат работа која е еднолична, или е без барем малку човечност, рибите ќе ги направи тажни, до степен да заплачат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    Pogresen naslov . ZA STO NE VE BIVA

Напиши одговор на Анонимен Откажи одговор