Астрологијата открива по 5 причини да раскинете со секој хороскопски знак

Која е темната страна на секој хороскопски знак поради кој треба да размислите за раскинување?

Астрологијата открива по 5 причини да раскинете со секој хороскопски знак

Овен

1. Овенот има незгоден темперамент и лесно избувнува.

2. Наивен е, незрел и во врската се однесува како тинејџер.

3. На почетокот е многу заинтересиран, но по некое време работите му здодеваат и тој почнува да бара нешто друго.

4. Ги сака работите овде и сега, а таа негова нестрпливост знае да иритира.

5. Речиси се неспособни да се стават во ваша кожа заради нивната себичност и тесноградост.

Бик

1. Толку е тврдоглав што нема шанси да победите во кавгата со него, па колку сакате бидете во право.

2. Ќе ги избегнува домашните обврски. Многу е тешко тие да се поделат со Бикот.

3. Бикот секогаш сопствените потреби ќе ги става пред вашите.

4. Понекогаш знае да биде неверојатно здодевен.

5. Избегнуваат да зборуваат за чувствата. Дури и кога им е тешко тие пак ќе велат дека сè е во ред.

Близнаци

1. Тие се потполно нескротливи.

2. Брзо го менуваат расположението, така што не знаете покрај каква личност ќе се разбудите следното утро.

3. Силни се на зборови, слаби се на дела.

4. Веројатно брзо ќе им досадите.

5. Ретко ги завршуваат работите поради нивната неистрајност.

Рак

1. Може да ве исцрпи со неговата молчаливост.

2. Знае да каже некои тешки зборови и после да се прави како ништо да не рекол

3. Наметлив е и зависен од другите.

4. Брзо се врзува и брзо сака да влезе во брак.

5. Не сакаат авантури и затоа може еден ден да ви досадат.

Лав

1. Тие флертуваат секаде и со сите. Нема сигурност во врската со нив.

2. Никогаш нема да ве сака повеќе отколку што се сака себеси.

3. Не ги признава грешките.

4. Неговата ароганција може да иритира.

5. Тој сака цело време да биде во центарот на вниманието, така што вие ќе завршите во неговата сенка.

Девица

1. Сакаат да им судат на луѓето. Тие се вашите вечни критичари.

2. Со нив вие секогаш ќе бидете оној кој го повлекува првиот потег.

3. Многу се непостојани.

4. Постојана им е само несигурноста.

5. Ќе добивате приговори и на најситните грешки.

Вага

1. Никогаш не можете да бидете сигурно што таа мисли затоа што секогаш го кажува она што најмногу сакате да го чуете.

2. Многу бавно носи одлуки. Тоа го прави на начин што многу нервира.

3. Никогаш нема да ви го чува грбот.

4. Вагата копнее по совршенство во својот изглед, а истото ќе го очекува и од вас.

5. Немаат силна волја.

Скорпија

1. Нивните претерани напади на љубомора ќе ве оддалечат од сите ваши пријатели.

2. Таа постојано манипулира со вашите емоции.

3. Знаат да ве издигнат на пиедестал но и да ве понижат како никој друг.

4. Таинствени се и превртливи и со вас ќе го споделуваат само она што сакаат да го знаете.

5. Со нивната негативност и малите караници ќе се претворат во големи војни.

Стрелец

1. Не се добри слушатели и постојано ве прекинуваат на сред реченица.

2. Се жалат на вас ако не сте им забавни.

3. Не можете ним да им пренесете знаење затоа што мислат дека знаат сè.

4. Самобендисани се и сакаат да ги контролираат другите.

5. Делуваат бесчувствително, но знаат како да ве повредат ако решат да го сторат тоа.

Јарец

1. Секогаш својата работа ќе ја ставаат пред вас.

2. Сакаат сè да биде под нивна контрола.

3. Ако тие имаат корист од нешто, не им е гајле дали тоа ќе ве повреди вас.

4. Мразат спонтаност.

5. Премногу се затворени и тешко е да се пробие нивниот емоционален ѕид.

Водолија

1. Понекогаш живее во своите мечти и затоа е делува отсутно.

2. Сметаат дека се многу паметни и затоа постојано ви држат некаква лекција.

3. Нивната идеална забава подразбира присуство на пријатели, а не на квалитетно време само со вас.

4. Лесно ги осудуваат другите луѓе.

5. Секогаш ќе знаете што мислат, но никогаш нема да знаете што чувствуваат.

Риби

1. Се однесуваат како да не се од овој свет.

2. Тешко можете да ги натерате да започнат нешто, а ако започнат тешко дека ќе го завршат.

3. Не знаат што навистина сакаат од животот.

4. Ќе се жртвуваат за вашата врска, но потоа ќе ве презираат поради тоа што сте ги натерале да го сторат тоа.

5. Ја идеализираат врската и очекуваат и вие да одговорите на нивните нереални очекувања.


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар