Астрологијата открива: Како да го освоите срцето на мажите Риби?

Астрологијата открива: Како да го освоите срцето на мажите Риби?

Заљубувањето не е лесна работа, но може да биде малку попрактично и поизводливо ако ги знаете хороскопските знаци. Хороскопот може многу да открие за вкусовите, квалитетите и способностите на една личност, но исто така може да открие каде нивното срце е слабо и кршливо. Ако вашата симпатија е Риби, тогаш запомнете дека се соочувате со една деликатна, поетична душа чиј живот се врти околу романтиката, но внимавајте: Рибите се лизгави во рацете и можат да отпливаат кога сакаат!

Астрологијата открива: Како да го освоите срцето на мажите Риби?

1. Немојте да бидете агресивни

Умот на Рибите е една поема и тие не очекуваат ништо помалку од нивната дама. Бидете нежни, смирени и поетични. Една остварлива и деликатна фантазија.

2. Бидете поема

Животот на Рибите се врти околу потрагата по сродна душа. Доколку сакате нивната поезија да ви биде посветена вам, тогаш така и однесувајте се: Како да сте лик во поезијата на Пабло Неруда.

3. Немојте постојано да бидете достапни

Рибите сакаат да пливаат во немирно море, а не во една мала и ограничена када. Немојте постојано да ги барате или да одговарате на телефонот кога тие ве бараат. Немојте секогаш да бидете тука. Исчезнувајте на моменти, држете ги во неизвесност.

4. Чесноста и трпението се доблести

Немојте сѐ да направите уште на првата средба. Рибите сакаат темпото да биде бавно и лесно. Се соочувате со една нежна и чувствителна личност, а ако успеете да ги натерате да се заљубат во вас, тогаш ќе бидат вечно ваши. Немојте да се облекувате провокативно. Тие нема да паднат на модел од Викторија Сикрет, тие бараат партнер со душа.

5. Сакајте ги

Ако успеете во мисијата да ги освоите срцата на Рибите, тогаш научете како да бидете љубезни, нежни и грижливи кон нив. Тие се вистински романтичари и потребно е да ги третирате со внимание. Давајте им ја потребната поддршка и сакајте ги како што никој досега не сте го сакале. Сакајте ги како тоа да го заслужуваат. Немојте да ги разочарате или да ги напуштите. Ако се заљубат во вас, тогаш ценето го тоа. Запливајте во морето на љубовта и среќно рибарење!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар