Астрологијата и започнувањето на есента

Есента само што не ни зачукала на портите, па затоа мораме да бидеме спремни за посериозни обврски и враќање во реалноста, по долгото и мрзеливо лето. Оваа транзиција може за некого да биде многу тешка, па затоа погледнете што ви порачуваат ѕвездите, за да останете во вашиот природен баланс.

Астрологијата и започнувањето на есента

Воздушни знаци (близнаци, вага, водолија)

Воздушните знаци го обожаваат она чувство на есен, кога треба да се вратат на работните задачи, но може да им се случи да си зададат премногу обврски, кои потоа не можат да ги исполнат. Од аспект на здравјето, најповолно за нив би било да си создадат редовна рутина во извршувањето на секојдневните активности и на тој начин да си внесат ред и баланс во животот. Бидејќи воздухот во овој дел од годината има тенденција да биде многу сув, воздушните знаци треба редовно да користат масла и млека за тело, кои ќе ја одржат влажноста на нивната кожа. Исто така, медитацијата и јогата можат да помогнат за разбистрување на нивниот ум и за подобро фокусирање на задачите.

Огнени знаци (овен, лав, стрелец)

Огнените знаци може да имаат малку тешкотии да ги испратат мрзеливите летни денови, бидејќи тие попрво би си играле, отколку што би работеле. Тие можат да ја одржат забавата во животот доколку практикуваат вежби кои вклучуваат музика. Бидејќи во овој период од годината кај огнените знаци може да се појави чувство на исцрпеност, уметноста, музиката и часовите по глума, можат да бидат одличен начин за разгорување на нивната креативност, која ќе придонесе овие страсни знаци да се чувствуваат исполнето и среќно. Етеричните масла од лаванда и рози ќе им помогнат да се ослободат од стресот и да го подобрат расположението.

Водни знаци (рак, скорпија, риби)

Водените знаци многу посуштински гледаат на есента, бидејќи таа им дава време да ги процесираат и да размислат за сите настани кои се случиле во летото. Тие за време на есента сакаат да се сами и да имаат повеќе слободно време да пишуваат, сликаат или едноставно да мечтаат. Само ваквите активности ќе им помогнат да останат во нивниот природен баланс. Бањите, топлите извори и прошетките по плажа, се одличен начин да се соземат и да се ослободат од стресот.

Земјени знаци (бик, девица, јарец)

Практичните земјени знаци ја обожуваат есента, бидејќи се враќаат на активностите, редовниот распоред и обврските, кои им даваат чувство дека се продуктивни. Овие знаци можеби ќе скокнат пребрзо во долгочасовна работа и преземање премногу обврски, кои потоа можат да имаат стресни последици. За да останат во природниот баланс, нив им е потребна физичка активност. Градинарството и прошетките помеѓу есенските златеникави лисја, се одличен начин за тие повторно да се поврзат со природата. Спа-третманите можат да им бидат од голема корист, бидејќи тие вистински уживаат во човечкиот допир.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Роци Reply

    Кој талент уште верува во астрологија…

Остави коментар