Астрологијата и вашиот принц од соништата

Сподели

Секој жена има различни барања и очекувања од својот љубовен живот, па во согласност со нив го бара и својот партнер. Прочитајте кој е вашиот принц од соништата, според астролошката наука.

Астрологијата и вашиот принц од соништата

Овен

За вас љубовта претставува страст и возбуда. Сакате да флертувате и скоро секогаш го освојувате момчето што го посакувате, бидејќи ниедно не може да му одолее на вашиот шарм и духовитост. Тој е потполно фасциниран од вашата желба да го имате и од сето она што сте спремни да го направите за да му ја докажете својата љубов. Вашата сродна душа се момчиња кои сакаат да го освојат срцето на една жена, какви што се стрелецот и лавот.

Бик

Моќниот бик е еден од најромантичните знаци на зодијакот. Вие сонувате за совршен принц кој ќе ве држи за рака и ќе ве опсипува со мали дарови. За возврат ќе ви претставува задоволство да го разгалувате. Вие не играте игри во љубовта, ниту ви се допаѓаат момчиња кои го прават тоа. Вашето трпение и решителност ви овозможуваат да го чекате совршениот партнер, а не да си го губите времето на некаква безнадежна врска. Поради чувствителната природа вам ви одговараат момчиња родени во знакот риби, но силните скорпии прават вашето срце побргу да зачука.

Близнаци

Близнаците се мајстори за флерт, па каде и да се појават зад себе оставаат многу скршени машки срца. Вие не сакате никого да повредите, но момчињата едноставно се вљубуваат во начинот на кој се смеете или ја зафрлате косата наназад и уживате да ги играте овие игри сѐ додека не го најдете момчето покрај кое ќе сакате да се смирите. Вас ве привлекува самостојната водолија, но идеален партнер за вас е стрелецот, бидејќи ќе му се допаѓа вашиот авантуристички дух, а е исто толку добар мајстор за флерт како и вие.

Рак

Вие сте чувствителна личност и потребно ви е момче кое сака да се гали, но во исто време да ги почитува и вашите старомодни стандарди. Особено ви е важно вашето момче да им се допадне на вашите родители, бидејќи вам семејството ви е најважно. За вас идеален состанок е кога останувате дома и уживате гледајќи филмови со момчето. Ваша сродна душа е девицата, бидејќи во ваше присуство нејзината нежна страна излегува на површина.

Лав

Кралската лавица сака да биде главна во љубовта. Момчињата кои не те познаваат доволно добро, по малку ги плаши твојата самоувереност и независност. Вистината е дека моќната кралица на џунглата, може да се претвори во преплашено маче кога некој ќе ѝ го скрши срцето. Длабоко во душата ви сте маченце кое сака да има само едно момче кое ќе биде само ваше. Многу сте верни и посветени и тоа го барате и од својот партнер. Ваша сродна душа се близнаците и стрелците кои ви нудат возбуда, но покрај ракот се чувствувате сигурно и сакано.

Девица

Срамежливата девица не е од оние кои љубат, а потоа раскажуваат за тоа. Љубовта е приватна работа помеѓу вас и вашиот дневник. Вие нема да го направите првиот чекор, ниту бесрамно ќе се нафрлите на некое момче. Не сакате да бидете мистериозни. Во суштина сте потполно отворени и искрени, но само тогаш кога ќе решите да му дозволите на некое момче да ви се приближи. Меѓутоа пред да се случи тоа, тој ќе мора да ве импресионира со својот ум. Вашата сродна душа е јарецот, поради неговата сензибилност.

Вага

Магичната моќ на вагата ѝ овозможува да го привлече токму оној тип на момче кое го посакува, а потоа ќе го маѓепса и ќе направи тоа безнадежно да се вљуби во неа. Тоа не значи дека не сте пребирливи. Вашето момче мора да изгледа добро и да се облекува добро токму како и вие. Не можете да му одолеете на овенот уште од истиот момент кога ќе го видите како влегува во просторијата, но тој не е вистинскиот за вас. Ракот ќе ве обожува како никој друг.

Скорпија

Скорпијата не се плаши да се бори за својата љубов. Штом ќе ви се допадне некое момче инстиктивно знаете што точно треба да кажете и направите за тоа да ве посака. Вие сте всушност толку добри во играта на заведување што тој на крај ќе помисли дека тој те „брка“ тебе. Секогаш конците ги држите во свои раце, а емоциите заклучени во себе, сѐ додека не се осигурите дека можете да му верувате, а потоа тој нема да може да замисли поинтензивна љубов од вашата. Ваша сродна душа се момчиња во знакот на риби и рак.

Стрелец

Кога е љубовта во прашање вие сте опуштени. Момчињата се „палат“ на вас бидејќи не ги заморувате и не правите драми без потреба. Вие сакате момчиња кои сакаат добро да се забавуваат, кои имаат авантуристички дух и се спонтани. Потребно е и да се искрени и да го почитуваат тоа што работите ги гледате токму онакви какви што се. Длабоко во своето срце чезнете да патувате, па честопати ве привлекуваат момчиња со егзотичен изглед кон животот, кои потекнуваат од далечни места. Ваша сродна душа се момчиња со слободен дух, како што се водолија или близнаци.

Јарец

За вас љубовта е сериозна работа и не постојат изгледи своето срце да го доведете во опасност, освен ако не сте сигурни дека чувствата ви се возвратени. Вие сакате најпрво да ја испитате ситуацијата, а потоа да се впуштите во врска. Пријателите играат голема улога во вашите романси, бидејќи честопати тие ви ги даваат потребните информации. Ваша сродна душа се бикот и девицата, бидејќи тие најдобро ве разбираат.

Водолија

Вие сте независни и најголема грешка што некое момче може да ја направи, е да ја загрози вашата слобода. Не сакате љубовта да управува со целиот ваш живот. Со своето момче ќе излезете во петок навечер, но саботата е за излегување со другарките, а ако тоа не му одговара, едноставно го отпишувате од вашиот живот. Исто така, вашето момче треба да има доволно самодоверба, за да може да разбере дека вашето срце е доволно големо за да ги сака сите. Ваша сродна душа се момчиња во знакот девица, бидејќи и тие ја ценат својата слобода.

Риби

Астролошката божица на љубовта е најсреќна кога е заљубена и тоа вистински заљубена. Вие сте вистински романтик кој потполно верува во постоењето на сродни души и сте во состојба ако е потребно и земјата да ја превртите за да ја пронајдете својата. Кога ќе го пронајдете вашиот совршен партнер, ќе сакате сѐ да сторите за него, но понекогаш е грешка неговите потреби да ги ставате пред своите. Ваша сродна душа е ракот, бидејќи ја чувствува вашата болка и ја дели вашата радост подобро од било кој.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Ana Reply

    да бе, вагата никогаш нема сродна душа и не е ничија сродна душа :( xD

  2. Некој. Reply

    Ме интересира само, што подразбирате под „старомодни стандарди“ кај рак.

  3. Една вага Reply

    Story of my life за вагата. Јас сакам еден, друг ме сака мене итн…:(

  4. TOJ vaga Reply

    Nie vagite zagreota, na nieden znak ne sme srodna dusa

Остави коментар