Астрологијата и вашето здравје

Освен тоа што хороскопскиот знак го одредува вашиот карактер, сложувањето со околината, вашиот избор на професија и партнер, тој може да ви ги посочи и слабостите и предностите и кога е во прашање вашето здравје.

Астрологијата и вашето здравје

Овен

Овните најчесто патат од главоболка, мигрена, невралгија, несоница, а се случува и да паднат во несвест. Припадниците на овој знак најлесно се разболуваат ако нивниот живот е исполнет со монотонија, ако имаат егзистенцијални проблеми или поради постојаното планирање на иднината, што неминовно лошо се одразува токму на нивниот нервен систем. Меѓутоа овните се многу снажни, па повеќето болести ги поминуваат на нозе, но не сфаќаат всушност дека со тоа си прават огромна услуга. За да не се случи еден ден да имаат проблеми со хронични болести, би требало да реагираат штом ќе забележат и најмали знаци на замор, исцрпеност, болки или какви било тегоби.

Бик

Биковите честопати имаат проблеми со органите за дишење, понекогаш патат од астма, бронхитис, чести воспаленија на грлото, а поради нивниот хедонистички начин на живот, тие се склони и кон кардиоваскуларни заболувања, чир и слично. Колку што се заљубени во самите себе, тие толку го сакаат и животот, па поради тоа им е тешко да се придржуваат кон какви било режими на исхрана, вежби или терапии, што може да им донесе проблеми на здравствен план. Биковите не поднесуваат да бидат болни и да лежат во кревет и често негираат дека имаат здравствен проблем. Падот на имунитетот кој е предизвикан од преголем напор и стрес, често е причина за некоја болест кај припадниците на овој знак.

Близнаци

Најчести проблеми близнаците имаат во горниот дел од телото, како што се  рамениците и рацете, но имаат проблем и со болести на нервниот систем. Честопати ги мачи упорна кашлица, астма, фрактури на коските или некое психичко заболување. Самотијата, неприфатеноста и неразбирањето често им создава притисок кој потоа негативно се одразува на нивната здравствена состојба. Близнаците спаѓаат во тешки пациенти, бидејќи мислат дека можат да оздрават веднаш по земањето на лекот, ги занемаруваат симптомите на болеста, а им се случува и да заборават да ја земат терапијата навреме или едноставно да ја прекинат тогаш кога мислат дека оздравеле.

Рак

Раковите можат да имаат проблеми со дигестивниот тракт и со видот. Лошото варење на храната и чирот се главните маки кога е во прашање нивното здравје. Тие се емотивни личности, што честопати негативно се одразува на нивното здравје, бидејќи ја потиснуваат и чуваат нервозата во себе, па наместо да се нервираат тие, се нервира нивниот желудник. Класичната медицина нема многу да им помогне, доколку не се опкружени со луѓе кои ги сакаат и се грижат за нив. Раковите можат по малку да се однесуваат како хипохондри, па ако еднаш кивнат, веднаш трчаат на лекар.

Лав

Лавовите можат да имаат проблеми со ’рбетот, видот и со кардиоваскуларниот систем, па затоа најчесто се жалат на проблеми со очите, болки во половината и ’рбетот и неправилна работа на срцето (забрзано чукање). Бидејќи припадниците на овој знак се навикнати многу да работат и да се трошат, немаат баш многу време да се грижат за себе и за своето здравје, што може скапо да ги чини ако долго ги запоставуваат симптомите. Освен тоа, одењето на лекар за нив претставува знак на слабост. Губењето на работното место, загуба на член од семејството или некој друг стрес кој влијае на нивното его, може да предизвика болест кај лавовите.

Девица

Педантните девици ги мачат проблеми со дигестивните органи и стомакот, па најчесто патат од грчеви, како и болести поврзани со црниот дроб и жолчката, а може да се јави и камен во бубрегот и жолчната кеса. Меѓутоа, тоа што ги одвојува од другите знаци, е што се редовни кога се во прашање контролните прегледи, па и при најмал знак дека нешто не функционира како што треба во нивниот организам, одат на лекар по совет. Тие се послушни пациенти и доследно ги следат советите и упатствата од лекарот, а честопати и сами се информираат за својата болест преку консултации и литература. Девиците стануваат подложни на болести кога се чувствуваат бескорисно и неефикасно.

Вага

Вагите мораат да обратат повеќе внимание на долниот дел од ’рбетот, хормонскиот статус на целиот организам, како и на уринарниот тракт, а најчести болести што се јавуваат кај овој знак се лумбаго (болки во крстот), циститис, проблеми со бубрезите и грчеви. Бидејќи тежнеат кон хармонија и не поднесуваат конфликти, тие многу нешта кријат во себе, па како последица на тоа кај нив можат да се јават психоматски заболувања. Поради тоа во нивното лечење, покрај конвенционалната медицина може да има потреба и од совети од психолог или психотерапевт. Советите од лекарот ќе ги послушаат доколку таа личност им е пријатна и симпатична. Недостатокот на љубов за вагите може да биде клучен поттикнувач за развиток на некоја болест, бидејќи тие имаат потреба да сакаат и да бидат сакани.

Скорпија

Скорпиите на прв поглед делуваат дека имаат јак имунолошки систем, но всушност тие се подложни на заболувања на гениталниот и уринарниот тракт, а често ги мачи и варењето на храната. Скорпиите се ноќен кошмар за лекарите, бидејќи како што се таинствени кон другите, такви се и кога одат на преглед, па на лекарот честопати не му ги објаснуваат сите симптоми. Меѓутоа имаат челична волја што им помага да бидат истрајни кога е нивното закрепнување во прашање, па  така тие не се откажуваат сè додека не се почувствуваат сосема здрави. Нивното здравје и имунолошкиот систем можат да бидат загрозени кога ќе се соочат со некоја голема загуба, но и кога во нивниот живот нема доволно мистерија и возбуда.

Стрелец

Припадниците на овој знак, особено женските, честопати ги мачи упорниот целулит на бедрата и задникот, но кога се во прашање сериозните заболувања тие се склони кон кршење на коските и други повреди. Кога се болни вообичаено се потпираат на својот вроден оптимизам дека наскоро ќе им биде подобро и дека ќе ја победат болеста. Добро соработуваат со лекарите и ги слушаат нивните совети, но токму поради оваа причина им се препорачува внимателно да ги одбираат своите лекари, бидејќи понекогаш умеат премногу да им веруваат. Кога ќе им се урнат идеалите или кога ќе ги изневери некоја блиска личност стануваат особено подложни за развој на некоја болест.

Јарец

Артритисот, реумата, честата појава на кариес, разни кожни заболувања како што е егземот, е она што на здравствен план им задава најмногу маки на јарците. Сепак тие се ретко болни, но и кога ќе се разболат не се жалат, туку храбро го поднесуваат тоа. Бидејќи не сакаат да зависат од ништо и од никого, се трудат што побргу да ја завршат својата терапија, а и како пациенти се послушни, но само затоа што сакаат што побргу да му се вратат на својот вообичаен живот. Сакаат отворено и трезвено да им се соопшти здравствениот проблем, бидејќи и самите сакаат да остават таков впечаток, иако во суштина се многу чувствителни.

Водолија

Водолиите имаат проблеми поврзани со циркулацијата или мускулното ткиво, спортски повреди и проширени вени. Како пациенти се љубопитни, па сакаат детално да им се објасни зошто се разболеле и на кој начин можат да оздрават. Доследно се придржуваат до препишаната терапија, но проблем е тоа што можат да забораваат да појдат на контрола, па затоа се случува болеста да се повтори. Неизвесна состојба на работното место, љубовно разочарување или губење на независноста, се стресови кои го слабеат имунолошкиот систем на водолиите.

Риби

Бактериските и вирусните инфекции се редовна појава за рибите, кои можеби во однос на сите знаци имаат најчувствителен имунолошки систем. Не се идеални пациенти, бидејќи умеат да се занемарат себеси и своето здравје, а кога се болни очекуваат големо внимание и нега од луѓето што се покрај нив. Нивните болки често се одраз на нивната несигурност и страв. Имаат склоност да земаат повеќе лекови отколку што е потребно, па  затоа треба да обратат внимание на тоа да ја земаат само терапијата препишана од лекар. Рибите имаат чувствителна природа и какви било ограничувања можат да доведат до психоматски заболувања.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар