Астрологијата и справувањето со вашиот флертувачки шеф

Уште една забава со вашите колеги, организирана од фирмата во која работите. Таму е и вашиот шеф/шефица, кој/а после неколку испиени чашки почнува да флертува со вас. Можете ли да го/ја одбиете, а истовремено да ја задржите вашата работна позиција и да не ја уништите шансата за напредок во фирмата? Прочитајте како реагира секој хороскопски знак во ваквите ситуации и научете како да ја избегнете драмата. Ќе ви звучи чудно, но со хороскопските знаци со вроден флертувачки дух: близнаци, овен, стрелец и водолија, најверојатно наједноставно би излегле на крај.

Астрологијата и справувањето со вашиот флертувачки шеф

Близнаците се комуникативни и постојано се во потрага по „плен“, така што ако можете да останете рамнодушни на нивните духовити и шармантни досетки и да избегнете да бидете „приклештени“, тие најверојатно лесно ќе преминат во друга потрага.

Овенот обожава предизвици, така што нека не ве збунува и изненадува неговиот настап. Останете рамнодушни на неговото задевање и шегување со вас и ќе констатирате дека времетраењето на неговиот обид да ве освои нема да трае долго. Ако не сакате да бидете неговата освоена битка, овенот брзо ќе премине на некој/а друг/а.

Стрелецот и водолијата кои седат зад директорското столче сакаат да се однесуваат пријателски настроени со вработените, така што немојте приодот кој го имаат кон вас да го протолкувате, како нивен „обид за правење грев“ со вас. Тие можеби имаат „ѓаволеста“ искра во нивните очи, но одбивањето од ваша страна не би го прифатиле лошо, сè додека умеете да го изведете на интересен начин.

Девиците знаат да бидат многу наметливи, така што ако не сте спремни за високо – ризичен флерт, избегнувајте ги со сите ваши сили. Среќна околност е тоа што девицата најверојатно би флертувала со сите присутни на колегијалната забава, па вашиот ризик ќе трае сè додека таа ве има на радар. Забелешка: Ако вашата шефица е девица, не грижете се: таа не би сакала да се посрамоти пред помладите менаџери.

Астрологијата и справувањето со вашиот флертувачки шеф

Со биковите е тешко да се излезе на крај, особено бидејќи тие се високо атрактивни, благи и попустливи шефови, кои се по малку „гладни за моќ“. Љубовното одбивање тие можат да го доживеат како знак дека тие не се главни. Директно „не“ може да ги налути, па доколку сакате да ги одбиете, откраднете се од забавата на компанијата, додека бикот не гледа.

Вагата слатко, љубезно и убедливо ќе направи да не можете да правите ништо друго освен да стоите и да се „топите“ на комплиментите кои таа ви ги упатува. Вагите најчесто имаат поинакви романтични надежи на ум одошто надворешно оставаат впечаток, така што ако не се „онесвестувате“ на секој нивни збор, ќе ги охрабрите да се повлечат.

Јарецот има јако чувство за тоа кое е неговото хиерархиско место, така што без разлика ако тој долго гледа во вас од спротивната страна на просторијата, тој сепак не би ризикувал да го изгуби својот имиџ со тоа што би постапил детски и неразумно.

Во однос на аферите на работното место, лавот е проблематичен знак бидејќи нивното его им создава потреба да бидат обожавани од сите колеги. Истото се однесува и на водните знаци рак, скорпија и риби, кои одбивањето би си го сфатиле многу лично. Овие хороскопски знаци најбезболно би се повлекле, ако им пристапите со спремен изговор: „Ако немав девојка/момче можеби би…“. Сè додека не си го земат вашиот одговор при срце, вие би успеале да ја избегнете драмата.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. zaklina Reply

    interesno,,,,,

Остави коментар