Астрологијата и сексуалната предигра

Се обидувате да ги „загреете“ страстите помеѓу вас и вашиот партнер за обострано да уживате во претстојната ноќ? Астрологијата и овој пат ќе ви помогне да сфатите што е тоа кое вас двајца ве возбудува и ќе ви обезбеди незаборавно сексуално доживување под чаршавите?

Астрологијата и сексуалната предигра

Земјени знаци: Бик, Девица и Јарец

Дел од предиграта на овие знаци се вкусна храна и квалитетно вино. Тие обожаваат масажа, прегратки, допири и еден куп нежности. Земјените знаци се страсни и сензуални типови луѓе, кои брзо ќе се возбудат и ќе се препуштат на милувањата под чаршавите, но само доколку сите нивни сетила, се комплетно задоволени.

Совет: Доколку вашиот партнер е земјен знак, ви советуваме да го нагостите со гурманска храна, добра музика, пријатен мирис и безброј нежни допири. Ако и понатаму се двоумите дали вашиот партнер е подготвен да ја помине вечерта со вас и „да оди до крај“, пробајте со масажа на стапала, притоа употребувајќи лосион со свежа арома или масло.

Огнени знаци: Овен, Лав и Стрелец

Страст, возбуда и опасни, авантуристички доживувања ги „палат“ огнените знаци. Овие личности посакуваат креативност и спонтаност во спалната соба и сакаат да испробуваат нови секс-пози и да експериментираат со повеќе различни партнери. Искусни и по малку диви, огнените знаци ценат кога личноста со која се во кревет, ќе ја покаже својата „дива страна“.

Совет: Доколку се спремате да излезете на состанок со некој огнен знак, изберете некоја невообичаена локација и облечете се во примамлива секси облека. Изненадете ги со некоја интересна играчка или некој специјален подарок. Заземањето улоги или некои други авантуристички сексуални игри, дефинитивно ќе го возбудат вашиот партнер, кој е огнен астролошки знак.

Воздушни знаци: Близнаци, Вага и Водолија

Овие остроумни и интелигентни личности ќе се возбудат во оној момент кога нивниот ум ќе биде стимулиран. Со добар разговор, разменување интересни идеи и кажување досетки, ќе го одведете вашиот воздушен знак во кревет побрзо отколку што сте очекувале. Бидејќи бакнежите, милувањата и гушкањата не се дел од нивниот заводнички репертоар, пробајте да ги освоите со одбрани интелигентни реченици.

Совет: Ако вашиот партнер припаѓа во астролошката категорија воздушни знаци, неколку часа пред да излезете на состанок со него, испратете му секси СМС-порака или имејл, бидејќи тој неверојатно многу ужива во сексот преку телефон. Пронајдете некои еротски приказни и книги и испратете им ги на вашиот партнер, пред да се видите, за да му ги „подгреете“ страстите.

Водни знаци: Рак, Скорпија и Риби

Романтичните и чувствителни водени знаци, сакаат прво да се почувствуваат емотивно поврзани со партнерот, пред да се поврзат на други начини. Ним им е потребно да мислат дека нивниот партнер можеби е нивната животна судбина или дека нивната врска има некаква цел и води кон нешто или пак да осетат обострана магнетска сексуална привлечност, пред да се „претопат“ во прегратките на својот партнер. Целосно ги вклучуваат нивните емоции во секоја ситуација, па ако не сте доволно внимателни со нив во своите постапки, тие ќе се премислат во врска со вас и ќе го вратат односот кој го градите, за неколку чекори наназад.

Совет: Магнетизирајте го вашиот партнер кој спаѓа во категоријата водни знаци, со долготраен, непрекинат контакт со очи, бидејќи тој ќе го „прочита“ она што го чувствувате за него преку вашиот поглед. Кога им се обраќате на овие знаци кажете малку, но одбрани зборови кои ќе имаат подлабоко значење за нив. Водните знаци ценат нежна, но истовремено длабока и страсна ноќ под чаршафите и еден куп бакнежи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Теодора Трповска Reply

    Бидејќи бакнежите, милувањата и гушкањата не се дел од нивниот заводнички репертоар, пробајте да ги освоите со одбрани интелигентни реченици.
    Поточно-амин!

Остави коментар