Астрологијата и прифаќањето предизвици

Ако сте „заглавени“ со многу работни обврски во текот на оваа предновогодишна еуфорија, зошто да не се потрудите да го извлечете најдоброто од себе? Вложете повеќе труд, работете екстра часови, импресионирајте го вашиот шеф и наполнете го вашиот паричник. Но, поголемата заработувачка значи и активна употреба на вашиот разум, добра стратегија и дополнителен напор. Еве како вашиот хороскопски знак реагира на предизвиците кои ќе му се појават на патот.

Астрологијата и прифаќањето предизвици

Знаците овен, рак, вага и јарец умеат да смислат паметни идеи и имаат неисцрпен извор на инспирација. Не постои речиси ништо кое овие знаци не умеат да го остварат, ако го „наместат умот“ кон реализација на некоја цел. Но, тоа мора да е нешто што трае кратко, бидејќи во спротивно ним ќе им здодее и ќе го изгубат фокусот кон работата.

Неуморните и снаодливи знаци близнаци, девица и стрелец имаат фантастични методи за пронаоѓање нови начини на заработување пари. Тие ќе нацртаат неколку шеми и ќе ги закачат на ѕидот, за полесно да увидат која е вистинската која треба да ја следат. Близнаците најверојатно извесен период ќе се колебаат помеѓу 6 различни проекти, бидејќи тие преферираат да ги земаат предвид сите опции кои ги имаат.

На рибите им треба помош околу ова, бидејќи кога се оставени сами на себе тие само ќе се префрлуваат од една на друга работа, не знаејќи на што попрво да се посветат. Ним не им недостигаат идеи, туку едноставно никогаш не можат да решат за која од нив треба да се борат и да целат кон нејзина реализација.

Бик, лав, скорпија и водолија – ним не им недостасува упорност, издржливост и непоколебливост, но понекогаш тие се психички „заглавени“ во еднолично секојдневие и досада, па за да се мотивираат потребно им нешто што ќе ги „протресе“ и ќе им внесе разновидност и забава во животот.

Бик и вага, кои имаат репутација на мрзливи личности, истовремено се и многу (дури и претерано) амбициозни личности кои знаат да бидат и многу толерантни и широкогради. За да дојдат нивните квалитети до израз, овие знаци навистина треба да се „разбудат себеси“ во оние понапорни денови. Тие навистина мразат да бидат лишени од специјалните луксузи кои ним им се потребни за да се чувствуваат исполнето, па тие се спремни максимално да се вложат себеси за да си ги овозможат.

Авантуристичките знаци стрелец и водолија, ќе се спремат за акција во оној момент кога ќе го „намирисаат“ предизвикот, а реализацијата секогаш ќе најдат начин да ја остварат преку забава. После краток период, ефектите ќе бидат очигледни, а токму тоа е она кое ги одржува овие знаци постојано енергични.

Оние кои најдобро се справуваат со предизвиците се девица, јарец и близнаци бидејќи тие едноставно знаат кога да очекуваат прилив, а кога одлив на пари. Тие од една страна ќе се замислат себеси како ја држат наградата од нивниот успех, а од друга страна ќе се посветат на практичните поединости во работата која треба да биде завршена.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Катерина Reply

    за јарец горе-долу еточно,ама овен тешко дека може да биде толку упорен..

  2. meeee Reply

    колку е смао најточно за јарец

Остави коментар