Астрологијата и (не)зависноста од вашиот љубовен партнер

Некои хороскопски знаци се индивидуални и одбиваат да прифаќаат компромисно решение за кого и да станува збор, додека други со задоволство го претопуваат нивниот идентитет во животниот стил на нивниот партнер. Дознајте дали вие умеете да бидете во цврста љубовна врска, а сепак да останете свои.

Астрологијата и (не)зависноста од вашиот љубовен партнер

Водолијата знае дека нема ништо повредно во животот од независноста на умот и духот, па затоа бара партнер кој го дели истото мислење. Претставниците на овој хороскопски знак се доволно блиски со нивниот партнер, за да уживаат во интимната врска, но најзадоволни ќе се чувствуваат доколку имаат доволно простор да си ги остварат своите лични желби, но и потребите на нивниот партнер, без да мислат дека нешто ги попречува во тоа.

Скорпијата смета дека патот за вистинско пронаоѓање на нејзиното свое јас, е преку цврста и страсна љубовна врска. Овие луѓе се способни да останат засекогаш приврзани за нивниот партнер, се разбира доколку станува збор за искрена љубовна врска.

Ракот е семеен хороскопски знак, кој како „глава“ на семејството внесува помеѓу неговите членови сила и самодоверба. Но, раковите имаат тенденција да го загубат својот идентитет, обидувајќи се постојано да се прилагодуваат на потребите на другите луѓе, поради што ќе треба да се потрудат малку повеќе за да овозможат и нивниот глас да биде чуен.

Овенот, бикот и лавот се силни знаци, кои дефинитивно обожаваат да бидат во љубовна врска, но најчесто инсистираат нивните желби и потреби да дојдат на прво место. Тие го определуваат темпото по кое планираат да се движи нивната врска и очекуваат нивната „подобра половина“ да го следи со задоволство.

Јарецот смета дека најдобриот начин да остане искрен спрема себеси е преку постигнување поголем успех во својата професија. И покрај тоа што претставниците на овој хороскопски знак ги ценат цврстите љубовни врски, нивниот партнер може да се чувствува како да е од второстепено значење за нивниот преамбициозен партнер.

Рибите ризикуваат да ги заборават своите потреби, бидејќи постојано се трудат да го прават она што сметаат дека е потребно за одржување на нивната љубовна врска. За да си ги „наполнат“ батериите кои постојано ги користат за некој друг, тие бегаат во нивниот свет на фантазија и честопати избегнуваат или забораваат да се поврзат со партнерот во искрена и вистинска смисла на зборот.

Девицата е толку независна и самостојна, што честопати одбива да стане дел од сериозна љубовна врска, бидејќи стравува дека ќе му даде на нејзиниот партнер премногу од себеси.

Близнаците и покрај тоа што се многу флексибилни луѓе, нив брзо им здосадува. Ако партнерот премногу ги турка во насока, која е спротивна од она што тие го посакуваат за себе, ќе тргнат во потрага по нив сопствен начин на забава.

Вагата е социјална пеперутка. Обожава да биде во друштво, помеѓу пријателите и да биде дел од убава љубовна врска. Претставниците на овој хороскопски знак одлично се снаоѓаат и сами, но кога се во врска, сакаат да зависат од нивниот партнер и се спремни целосно да му се посветат и да се прилагодат на неговите/нејзините потреби. Тие се толерантни и флексибилни луѓе, сè до оној момент додека не сфатат дека партнерот тотално го менува нивниот карактер и начин на живот.

Стрелецот не може да живее без својата независност. Тој копнее по возбуда и авантура и со раце ширум отворени, ги дочекува промените во животот. Слободата им е толку битна на стрелците, што тие ги носат сопствените одлуки врз база на количеството простор со кое располагаат. Тие можат да пропуштат добра љубовна врска, ако сметаат дека потенцијалниот партнер премногу ги гуши.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Rosana Reply

    E ona za devicata ne e tocno……. Lugeto koi se rodeni vo toj znak nikogas i od nisto nemaat strav nitu ljubomora tie dva zbora ne se naogaat vo nivniot recnik ….. Za da bidat vo vrska tie dolgo vreme odbiraat partner bidejki sakaat da bidat sigurni kakva licnost stoi do niv (ne sakaat nikoj da gi posramoti) Vistinata e TIE EDVAJ CEKAAT DA SE PODELAT SEBESI NO TREBA DA JA NAJDAT KOMPAKTIBILNATA LICNOST!

Остави коментар