Астрологијата и мислењето на мажите за половата еднаквост

Од сите 12 хороскопски знаци, најголема слобода ќе ви дадат воздушните знаци (Близнаци, Вага, Водолија), Јарецот пак е отворено против правата на жените, а за Раковите идеална жена преставува жената-домаќинка. Прочитајте што мислат за женските права, сите машки претставници на хороскопските знаци.

Астрологијата и мислењето на мажите за половата еднаквост

За типичниот Овен, еманципацијата е тешка измислица на исфрустрираните жени. Од припадниците на понежниот пол, тој очекува да бидат женствени, да се грижат за домот и да изгледаат убаво. Ако таа ги исполни овие негови барања и плус сака да гради и кариера, тој нема да ја спречи во тоа, но нема ни да ѝ помогне.

Ако сте се врзале за Бик, тогаш работите ви се очигледни уште од самиот почеток. Штом вашата рамноправност почнува да ја загрозува неговата удобност, односите помеѓу вас ќе почнат да се заоструваат. Така, ако кога ќе дојде дома нема топол дочек на врата со бакнеж, нема домашно приготвена вечера, ниту испеглана кошула, проблемите се на повидок. Тој ќе ве заштитува и пази, ќе ви отвора врата, но немојте да се надевате дека ќе ги мие садовите.

Ракот за идеална жена ја смета само својата мајка, па ќе се мурти ако почнете да си ги барате своите права. Најекстремните машки припадници на овој знак, не го оправдуваат носењето пантолони, пушењето, пиењето алкохол и слично. За ракот, домот и семејството претставуваат светост, па секоја жена која не е сопруга и мајка, за него претставува тотално промашување.

Во клубот на џентлемени, кои преку ноќ се претвораат во машки шовинистички свињи, се вбројува и Лавот, но тој сепак не е толку „тврд орев“ како што изгледа. Единствено нешто што треба да правите, е да го почитувате „златното“ правило: секојпат кога ќе реши да ви помогне околу готвењето и перењето, не го фалете пред неговите пријатели, бидејќи тие го сметаат за најголемиот мачо во друштвото. Секогаш кога ќе реши да сработи нешто, ќе морате постојано да му се восхитувате и да му се заблагодарувате, како божем со тоа да ви прави вам услуга.

Јарецот е отворено против женските права – мажите со престилка ги смета за предавници на својот пол, а со жена која не е доволно вредна, воопшто нема да се впушти во сериозна љубовна врска. Од Рибите никој не би очекувал да има толку конзервативни ставови, но бидејќи сепак припаѓа на посилниот пол, тоа го користи како последен адут во своја одбрана, кога се наоѓа во нестабилен однос со жените. Сепак тој не е непоправлив, но не треба да му дозволите да се занесе со романтични приказни и да се заседне во фотелјата, па да заборави дека требал да ја подмачка вратата која чкрипи.

Девицата и Скорпијата навидум го почитуваат феминизмот и половата еднаквост, но не им верувајте бидејќи во реалниот живот кај нив преовладуваат старите навики (мажот си е маж). Тие со задоволство ќе се грижат за семејството и финансиите, ќе поправаат по дома и гордо ќе лепат плочки во бањата, но сѐ уште со километри се далеку од готвењето и пеглањето. Стрелецот сѐ уште се колеба помеѓу новите струења и сигурноста на старата повластена положба на мажите, но и кога изигрува глава на домот, тој тоа не го мисли сериозно.

Шлагот на тортата доаѓа на крајот, па доколку зборуваме за мажи кои се типични Водолии, Близнаци или Ваги, тие со отворено срце ја прифаќаат еднаквоста помеѓу половите. Во душа се за рамноправност на сите луѓе и со задоволство ќе го поднесат својот дел од товарот. Тие се мажи кои умеат да бидат одлични пријатели со жените и не патат од комплексот „јас сум Тарзан, а ти си Џејн“. Со шармантниот близнак слатко ќе се смеете водејќи интересен разговор, без вулгарно да ви се додворува. Вагата ќе ви подари цвет и ќе ви ја зготви највкусната вечера на светот, а водолијата со часови ќе си игра со децата, а вам ќе ви пристапи со доверба и почитување.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар