Астрологијата и љубовните врски на далечина

Астрологијата и љубовните врски на далечина

Предизвикувачка, тешка за одржување, однапред осудена на пропаст… Доколку сте во љубовна врска на далечина, до сега сигурно сте ги слушнале сите можни негативни коментари во врска со тоа. Она што не сте го слушнале, е дека ваквите љубовни врски имаат исто толку шанси за успех, колку и оние во кои партнерите живеат во истата населба. Исто како и во сите други љубовни врски, така и врската на далечина си бара постоење доверба помеѓу партнерите, добра комуникација и многу вложен труд за нејзино правилно насочување. Можете да ги употребите моќите кои ги поседува вашиот хороскопски знак за да се справите со предизвиците кои ги поставува пред вас љубовната врска, која сакате да ја одржувате на илјадници километри од вашиот партнер.

Астрологијата и љубовните врски на далечина

Овен

Вие обожавате предизвици, така што најверојатно веднаш ќе се „загреете“ за идејата да имате врска на далечина. Но, дали ќе бидете истрајни во вложувањето напори за да ја одржите, е друг муабет. Доколку вашата цел е да ја одржувате таа љубов и покрај тоа што километри ве разделуваат од вашиот сакан/а, внимавајте да не го изгубите фокусот кон неа, поради следното возбудливо нешто кое ќе се појави во вашиот живот.

Бик

Вашата јака страна во секоја љубовна врска која ја имате, е способноста да ја одржувате романтиката во живот. Вие сте надарени со талент да го задоволувате вашиот партнер со сензуални задоволства во кои и двајцата уживате. Кога нема да бидете блиску еден до друг, одржувајте го жарот во врската, така што ќе му праќате на вашиот партнер изненадувања кои ќе му бидат од големо значење, како на пример ароматизирана свеќа, која двајцата ве асоцира на романтики.

Близнаци

Бла, бла, бла… комуницирањето на големи далечини вам ви е наједноставната работа, бидејќи сте многу зборлести по природа. Но, внимавајте на кој начин го поминувате времето зборувајќи на телефон или преку Скајп. Наместо да го арчите времето со вашите досетки и брборење за сè и сешто, информирајте го вашиот партнер за битните настани кои ви се случиле во животот и зборувајте му отворено за вашите најдлабоки чувства. Најдобриот начин да ја изградите довербата во вашата врска, е да бидете искрени.

Рак

Вие можеби ќе се расправате за тоа дека партнерот е тој којшто секојпат треба да дојде да ве посети онаму каде што сте вие, но редно време е да бидете фер. Поделете го по пола стресот предизвикан од патувањето со авион со вашиот партнер, така што ќе понудите алтернативни локации за средба. Кога ќе се пакувате, одолејте му на вашиот нагон да го понесете со вас секое можно предметче кое ви создава чувство на удобност и домашна атмосфера.  Наместо тоа, охрабрете го вашиот партнер да инкорпорира нешто во неговиот дом, што вие ќе му го предложите.

Лав

Кога разговарањето преку телефон, чет или имејл пораки се најчестите начини на кои комуницирате со вашиот партнер, не можете да се потпрете на вашата харизматична насмевка и шарм, како што можете во интеракциите лице в лице. Одбирајте ги вашите зборови внимателно, за да не се случи вашиот партнер погрешно да го интерпретира тонот на вашиот глас. Исто така, гледајте да ги одложувате потешките разговори за деновите кога ќе можете да се видите во живо.

Астрологијата и љубовните врски на далечина

Девица

Вие обожавате да планирате, па затоа искористете ги вашите организациски способности за да креирате долгорочен план за вашата љубовна врска. Зборувајте со вашиот партнер за иднината и договорете се колку време ќе живеете оддалечени. Дискутирајте за тоа дали постои можност едниот од вас да се пресели кај другиот и доколку постигнете компромис, поставете краен рок до кога тоа мора да се случи. Прегледувајте ги вашите планови одвреме-навреме и имајте флексибилен однос со вашиот љубен/а.

Вага

Дајте му на вашиот партнер на знаење кои се вашите очекувања од врската и колку сте спремни да вложите во неа. Ако тој или таа има различни идеи од вашите, употребете ја вашата способност за преговарање и обидете се да постигнете компромис кој ќе ви одговара на двајцата. Преземањето иницијатива и отворениот пристап, се одлични начини на создавање чувство на блискост во вашата врска.

Скорпија

На сите парови кои функционираат на далечина најмногу им недостига физичката интимност која другите парови си ја зимаат здраво за готово. Очигледно е дека не можете секојдневно да ги победите илјадниците километри за да го бакнете вашиот љубовен партнер, но затоа можете да ја свртите веб-камерата кон вас. Употребете го жешкиот шарм кој го поседувате, за да го послужите вашиот љубовник со секси сајберстриптиз.

Стрелец

Настојувајте да пронајдете заеднички интереси помеѓу вас и вашиот партнер, па макар и со сила. Учете го истиот странски јазик кој го учи вашето најмило и вежбајте го во конверзација и преку праќање пораки на интернет. Како награда за вложениот труд, планирајте го вашиот заеднички одмор, на кој ќе можете да ги искористите вашите новостекнати јазични способности и да тестирате колку течно го зборувате јазикот. Заедничките интереси се одлични за зацврстувањето на вашата врска.

Јарец

Нахранете ја вашата носталгична страна, така што ќе планирате настани кои ќе бидат базирани на убавите моменти кои сте ги поминале со вашиот партнер. Повторно посетување на романтичните места со вашиот партнер, секогаш „ги полни батериите“ на врската. Кога вашето злато ќе си дојде дома на посета, направете албум со фотографии од тие места и опис на романтичниот момент, кој ќе ве прошета низ убавите спомени секогаш кога ќе посакате да се присетите на нив. И се разбира, не заборавајте да направите две копии од албумот, за секој од вас да си понесе по еден дома кога ќе морате повторно да се разделите.

Водолија

Вие всушност можеби ќе ја цените оддалеченоста помеѓу вас и вашиот партнер, бидејќи таа ќе ви дозволи да си ја одржувате индивидуалноста, која понекогаш може да исчезне поради тоа што партнерите поминуваат премногу време заедно. Во секој случај, внимавајте да не се оддалечите и емоционално од вашиот партнер.

Риби

Вие сакате да ја искористите секоја прилика да избегате од реалноста за да можете да си ја регенерирате вашата креативна енергија. Поканете го вашиот партнер да ви се придружи во играњето некоја научно-фантастична видео игра преку интернет. Кога ќе бидете во можност да се видите во живо, создадете сцена како од фантазиите, за да продолжите да ја играте вашата имагинативна игра во реалноста. Тоа може да внесе нова искра во вашиот љубовен живот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар