Астрологијата и изборот на лак за нокти

Дознајте која боја на лак за нокти му одговара најмногу на вашиот хороскопски знак…

Овен

Овните се сметаат за кралици на маникирот. Иако често користат црвен лак за нокти, нив, исто така, им одговараат и виолетовите нијанси.

Астрологијата и изборот на лак за нокти

Бик

На биковите најмногу им одговараат зелените нијанси на лак за нокти. Зелената боја означува изобилство, а истовремено го стимулира и личниот економски развој.

Астрологијата и изборот на лак за нокти

Близнаци

Близнаците нема потреба да ја кријат светлината која извира од нив. Напротив, треба да ја истакнат користејќи портокалови нијанси на лак за нокти кои потсетуваат на пламен и сонце.

Астрологијата и изборот на лак за нокти

Рак

Бисерните нијанси најмногу им одговараат на воздржаните ракови. Од боите, тие се одлучуваат за сребрената боја која потсетува на таинствената внатрешност на школката. Раковите треба да излезат од своето скривалиште и да заблескаат со сребрен сјај.

Астрологијата и изборот на лак за нокти

Лав

Лавовите треба да ја покажат својата сила преку боја која претставува инвентивност и издржливост, за да ја комплетираат успешната приказна. Затоа им се препорачува да користат лак за нокти во бронзени нијанси. Астрологијата и изборот на лак за нокти

Девица

Црвената боја најмногу им одговара на девиците. Таа одлично се вклопува во нивниот стил и претставува совршено надополнување на атмосферата која ја создаваат припадничките на овој знак.

Астрологијата и изборот на лак за нокти

Вага

Вагите знаат дека помалку е повеќе. Тие веруваат во заводливата моќ на суптилноста и затоа најмногу им одговараат неутрални нијанси на лак за нокти. Популарните „голи нокти“ изгледаат шик и софистицирано.

Астрологијата и изборот на лак за нокти

Скорпија

Зад заводливата насмевка на скорпиите всушност се крие чувствително срце. Припадничките на овој знак нема потреба да ја кријат чувствителноста. Напротив, треба да ја покажат својата помека страна, користејќи розови нијанси на лак за нокти.

Астрологијата и изборот на лак за нокти

Стрелец

На стрелците најмногу им одговара црн лак за нокти затоа што оваа боја потсетува на мистерија. Мистериозноста е дел од стилот на стрелците и тие треба да ја истакнат оваа особина преку лакот за нокти.

Астрологијата и изборот на лак за нокти

Јарец

Волшебните сини нијанси на лак за нокти најмногу им одговараат на јарците. Бојата која потсетува на вода е одличен избор за припадничките на овој знак.

Астрологијата и изборот на лак за нокти

Водолија

На водолиите им одговараат сите бои на лак за нокти, сè додека се работи за впечатливи неонски бои. Овие бои се вклопуваат во стилот на водолијата и го ослободуваат нејзиниот весел дух.

Астрологијата и изборот на лак за нокти

Риби

На таинствените и имагинативни риби најмногу им одговараат сивите нијанси на лак за нокти. Човечкото око разликува широк спектар од околу 500 нијанси на сива боја, а рибите треба да останат оригинални во своите идеи, исто како што се оригинални и во изборот на лак за нокти.

Астрологијата и изборот на лак за нокти

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар