Астрологијата и ерогените зони

Некои астролози го поврзуваат секој хороскопски знак со одреден дел од телото, кој е најчувствителен кај секој од нив. Сакате да добиете божествен водич за „жешките точки“ на вашиот љубовен партнер? Секако дека сакате, бидејќи дознавајќи ги оние зони кои му даваат најголемо задоволство на вашиот/вашата љубен/а, може да донесе многу секси и неочекувани резултати.

Астрологијата и ерогените зони

Овен: глава и лице

Овенот е многу чувствителен на галење на челото и слепоочниците. Тој обожава да си играте со неговата коса, да му ја чешлате или да поминувате со вашите прсти низ неа. Женските припаднички на овој хороскопски знак, уживаат во бакнежи по вратот и ушите, од партнер со остра брада. Друг предлог е нежно да ги грицкате усните на овенот. Тоа дефинитивно ќе го полуди.

Бик: врат

Можете да почнете со нежни допири по задниот дел на главата (кај тилот) и постепено да продолжите со бакнување по должината на вратот. Пријатно би го изненадиле доколку „случајно“ го допрете по вратот, додека се обидувате да му ја наместите јаката. Сензуалните бакнежи и нежните грицкања на неговите усни, кои ќе следуваат потоа, треба да се одвиваат бавно и по природен тек.

Близнаци: раце, дланки и рамена

Бакнувајте ја внатрешната страна на нивните раце, потоа нежно лижете ги дланките, а на крај шмукајте ги нивните прсти. Ќе почувствувате како близнакот ќе почне да трепери и да се возбудува сè повеќе и повеќе, ако умеете умешно да ја одолговлекувате оваа предигра.

Рак: гради

Машките и женските припадници на знакот рак, обожаваат француски бакнежи. Градите им се најсензибилниот дел од телото, па ако нежно ги допирате и лижете по градите, верувајте дека ќе добиете „жешка“ реакција. Исто така, внимателни штипкања по градите можат да го зголемат неговото задоволство.

Лав: грб

Можете да го започнете „главниот настан“ во бањата. Нежно тријте му го грбот со сунѓер и вашиот лав ќе се претвори во „опасен мачор“. На највисоката точка на неговото задоволство, можете да почнете да го гребете по грбот. Исто така, имајте ги на ум и еротичните масажи со етерични масла.

Девица: стомак

Девиците најмногу ќе се возбудат ако ги допирате со јазикот и со вашата коса, по нивниот стомак. Потрудете се предиграта да трае подолго, а издвојте време и да и го бакнувате папокот, па ќе видите што ќе се случи.

Вага: долен дел на грб и задник

Лесно ќе ја препознаете вагата по нејзиниот убав задник. Во најинтимните моменти поминати со неа, нежно потчукнувајте и го задникот и лукаво потштипнувајте го. За да додадете уште повеќе возбуда, нежно допирајте ја по ’рбетниот столб со вашите брадавици.

Скорпија: полови органи

Не треба да сте генијалец за да ги пронајдете најчувствителните ерогени зони кај скорпијата. Галења, допири и бакнежи на гениталиите и околу нив, како и орален секс, се дефинитивно најдобрите начини да ја „збеснете“ скорпијата.

Стрелец: бутови

Нежно удирање по внатрешната страна на бутовите и глатко допирање на областа околу гениталиите, ќе гарантира „будење“ на неговите сетила. Женските стрелци се исто така чувствителни на нежни допири по нивната коса. Овој знак ужива и во нежна масажа по неговите усни со некое топло, миризливо масло.

Јарец: колена

Бакнувајте го зад колената за да ја разгорите неговата страст. Потоа нежно допирајте го неговото тело одозгора – надолу со вашите брадавици. Одвојте време и за бакнување на неговиот папок и бедрата.

Водолија: од листовите до глуждовите

Сите секс пози кои овозможуваат допирање на овие делови на нејзиното тело, ќе го пролонгира нејзиното задоволство. Водолијата исто така, многу сака да се милува и гали, така што бидете нежни со неа.

Риби: стапала

Рибата силно ќе се возбуди доколку започнете нежно да ги масирате нејзините стапала. Со врвовите на вашите прсти или со парче свила допирајте ги нејзините стапала, а потоа бакнувајте го пределот од прстите до глуждовите. Сензуално погалете го нејзиното тело со вашето стапало, за да ја полудите.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар