Астрологија: 3 работи кои ќе го направат вашиот партнер среќен

Страста и обидите за секојдневно придобивање на љубовта од партнерот, не треба да згаснат во оној момент кога ќе се почувствувате безбедно во вашата врска. Тоа што врската ви е сега стабилна, не значи дека таква и ќе остане доколку не вложувате доволно во неа за да го направите партнерот среќен. Прочитајте ги трите работи на коишто треба да обрнете внимание за да остане вашиот партнер задоволен и среќен, според хороскопскиот знак.

Астрологија: 3 работи кои ќе го направат вашиот партнер среќен

Овен

1. Покажете возбуда и ентузијазам за нивните интереси, хоби, идеи, но најважно од сѐ, за самите нив.

2. Дозволете им да мислат дека сѐ било нивна идеја.

3. Заборавете на живот според рутина колку што можете повеќе, за да ги одржувате работите во вашата врска нови и свежи.

Бик

1. Разгалувајте ги со масажи и физички контакт во изобилство.

2. Направете да се почувствуваат безбедно, стабилно и комфорно.

3. Дозволете им да одржат степен на независност во врската. Никогаш не си дозволувајте да се чувствуваат како да се во стапица.

Близнаци

1. Секогаш настојувајте комуникацијата помеѓу вас да тече беспрекорно.

2. Пронајдете начин да ги одржите односите едноставни и разиграни во вашата љубовна врска, дури и во тешките мигови.

3. Сакајте ги нивните пријатели и поддржувајте го нивниот активен социјален живот.

Рак

1. Поминувајте многу време со нив. Ракот треба да ви биде на прво место на приоритетите во животот.

2. Магистрирајте на темата „уметност на галењето“.

3. Дајте сѐ од себе за да ја разберете „плимата и осеката“ во нивните расположенија.

Лав

1. Облевајте ги со љубов, внимание и пофалби, секој ден.

2. Поддржете ја и охрабрувајте ја нивната страст и креативни идеи.

3. Дозволете им да ја преземат главната улога секогаш кога тоа е возможно.

Девица

1. Бидете искрени и отворени и не ни помислувајте да сокриете нешто од нив.

2. Секогаш одржувајте го вашиот дом чист, најмногу што е можно.

3. Помогнете им да почнат да зборуваат за нивните чувства, секогаш кога ќе забележите дека се загрижени или нервозни.

Вага

1. Разгалувајте ги и дозволете им за возврат да ве разгалат и тие вас.

2. Бидете дарежливи со комплименти и возвишувања.

3. Немојте да го уништувате балансот во вашата врска, започнувајќи кавги и препирања. Наместо тоа, одржувајте го односот спокоен и хармоничен.

Скорпија

1. Споделувајте ја со нив вашата емотивна, физичка и спиритуална интима.

2. Бидете блиски со нив и потрудете се тие да дознаат колку длабоко сте поврзани вие двајца.

3. Бидете страсни за сѐ што постои во животот, а особено за вашата љубовна врска.

Стрелец

1. Вклучете се во интелектуални разговори и внимателно слушајте ги нивните идеи.

2. Дадете им слобода да го живеат нивниот живот, според нивни услови.

3. Поддржете го нивниот авантуристички дух и станете дел од него, колку што можете повеќе.

Јарец

1. Пронаоѓајте начини постојано да ја покажувате вашата посветеност кон нив и вашата заедничка врска.

2. Научете да се справувате со реалноста. Не се фокусирајте премногу на муабети од стилот „што би било, кога би било“.

3. Употребете ја вашата интелигенција и хумор за да ја придобиете нивната љубов и да ги насмевнете.

Водолија

1. Немојте да бидете љубоморни или застрашени од нивниот активен социјален живот. Наместо тоа, научете како да станете дел од него.

2. Дадете им слобода да прават што сакаат и сами да си одлучуваат за своите постапки.

3. Внимавајте на вашиот систем на вредности и секогаш однесувајте се во согласност со него.

Риби

1. Одржувајте го односот романтичен и сензуален. Никогаш не дозволувајте да се изгуби „магијата“ во вашата врска.

2. Поддржувајте ги кога се чувствуваат несигурно.

3. Почитувајте го нивното спонтано однесување, прилагодливо на секоја новонастаната ситуација. Никогаш не се сомневајте во нивните интуитивни одлуки.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар