6 хороскопски знаци кои се оперирани од хумор, иако никогаш нема да го признаат тоа!

6 хороскопски знаци кои се оперирани од хумор, иако никогаш нема да го признаат тоа!

Не сите луѓе се родени со извонредна смисла за хумор, а доколку беа, светот можеби би бил и малку досаден. Луѓето родени во одредени хороскопски знаци баш и не се за шеги. Од друга страна, пак, убаво е да бидете во друштво на човек кој има смисла за хумор, а некои дури признаваат дека тоа на нив делува како афродизијак. Ако не сте помеѓу нив, не очајувајте, сигурно имате други особини кои оние хумористичните ги немаат.

6 хороскопски знаци кои се оперирани од хумор, иако никогаш нема да го признаат тоа!

Рак

Луѓето родени во овој знак се познати по малку мајчинскиот начин на интеракција со другите, но понекогаш токму тоа ја спречува секоја шанса и способност да се насмеат. Вистина, животот бара сериозност, но не секогаш. Животот без смеа всушност е многу лош, досаден и несреќен. Смејте се, од тоа можете само да се чувствувате подобро.

Скорпија

Тие се тежок тип луѓе, барем некои така тврдат. Кај Скорпиите никогаш не знаете што им се мота низ глава, тешко е да ги прочитате. Тие понекогаш знаат воопшто да не се насмеат дури и кога вие сте многу смешни и сите други „умираат“ од смеење. Кога ќе се обидат да се шегуваат, тоа знае да биде малку злобно и не премногу хумористично. За нив најдобро е да се дружат со други Скорпии, бидејќи имаат иста смисла за хумор (односно ја немаат), па добро ќе се разбираат.

Стрелец

Не постои ништо полошо од луѓето кои копнеат да бидат во центарот на вниманието, уверени се дека им се многу смешни на другите, а всушност не се. Такви се Стрелците! Но, тие не се лоши и треба да ги прифатите такви какви што се, а понекогаш тоа може да биде симпатично. Тие би сакале да бидат хумористични, но тоа едноставно не им оди.

6 хороскопски знаци кои се оперирани од хумор, иако никогаш нема да го признаат тоа!

Јарец

За луѓето од овој знак велат дека се студени затоа што се родени во најстудената доба од годината, барем во нашие краеви. Тоа студенило се проширува и на нивната смисла за хумор – смрзната, и всушност ја нема. Тие и не сакаат премногу да се забавуваат во животот, па некако им прилега тоа што не се хумористични.

Девица

Ориентирани на деталите, луѓето родени во овој знак ѝ посветуваат премногу внимание на секоја ситница за да би имале многу смисла за хумор. Не е дека не сакаат или дека не им е важно, но едноставно не се хумористични. Нивната педантна природа е совршена за некои други работи, како на пример за детективска работа, но за шеги не е.

Овен

Иако не се толку тврдоглави како Биковите, дозата на тврдоглавост кај луѓето родени во знакот Овен е доволна за да не сфатат шега. Тоа е малку тажно, бидејќи по природа се родени лидери и сакаат да бидат главни. Би било супер кога би можеле почесто да ги смеат луѓето околу себе, но тоа можеби сепак е премногу за нив.

Доколку се пронајдовте на листата, а не се согласувате со тоа, погледнете кои знаци откриваат дека имате смисла за хумор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар