3-те хороскопски знаци што најмногу уживаат во кафе

3-те хороскопски знаци што најмногу уживаат во шолја кафе

За нив кафето не е само топол пијалак без кој не можат да се разбудат – тоа е многу повеќе! Овие знаци не се без причина познати како најголемите љубители на кафето. За нив важи правилото дека можат да живеат без сè, доколку им оставите само непресушен извор на кафе. Погледнете за кои знаци станува збор.

3-te-horoskopski-znaci-shto-najmnogu-uzhivaat-vo-kafe

1. Бик

Како големи љубители на луксузот, тие се најголемите хедонисти во зодијакот. Токму затоа и сосема очекувано тие се едни од најголемите љубители на кафето. Иако можат да пијат секаков вид кафе, се знае кое им е омиленото – силно, црно кафе! Наутро попрво би спиеле саат време помалку отколку да си го скратат уживањето во утринскиот кафе-ритуал и божествената миризба на овој пијалак. Исто така тие веднаш штом стапнуваат во својата канцеларија, подготвуваат кафе за сите колеги, за да можат заедно да уживаат во него. Блазе си им на оние што имаат Бикови колеги. Тие знаат дека не постои проблем што не може да се реши со шолја кафе.

2. Вага

Можеби во животот се доста неодлучни и се двоумат околу сè, но околу едно нешто немаат никаква дилема. Станува збор за кафето! Тие попрво би испиле шолја кафе отколку некој овошен пијалак, ладен сок или освежувачки коктел. Нив ги интересира само кафето и ништо друго – наутро, попладне и навечер. Кога било и каде било. Затоа и секогаш со себе носат по некоја кесичка инстант кафе, за секој случај доколку им се припие, а не се во близина на кафуле.

3. Лав

Силни, успешни, независни… Лавовите никогаш немаат потреба од тоа некој да се грижи за нив, туку партнер што ќе знае како да им направи убаво кафе. Да, добро прочитавте. Лавовите имаат само една слабост – а тоа е силното, црно кафе. Ако сакате да ги соборите од нозе, тогаш подгответе им вкусно кафе на плажа, додека се сончаат за време на топлите летни денови. Тие ќе уживаат како никогаш порано.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар