3 нешта низ кои сите Овни треба да пројдат овој месец

Овој месец ќе донесе многу храброст, но и трансформации во животот на Овните. Тие ќе се соочат со неочекувани нешта, но ако се подготват однапред, може да излезат со победа од сите овие ситуации. Погледнете ги најважните 3 дати за Овните во април и што ги очекува во текот на овие денови…

3-neshta-niz-koi-site-ovni-treba-da-projdat-ovoj-mesec-www.kafepauza.mk

Пролетно чистење на 15-ти април

Вие имате цела канцеларија преполна со ѓубре, барем четвртина сантиметар прашина во домот и непристапно дно во багажникот на автомобилот. Но, кога новата месечина ќе се појави на 15-ти, таа ќе ве наполни со волја да ја средите околината во која поминувате најмногу време. И не само што ќе ја средите, туку и ќе ја направите совршена за уживање. Разбудете се рано овој ден, појадувајте здраво и фрлете се на работа. Продуктивноста ќе биде вашата најсилна страна во текот на оваа недела.

Романтичен чекор на 24-ти април

Кога заљубената Венера ќе се слизне од Бикот на 24-ти, вие ќе се чувствувате многу позаводливо од кој било друг вторник во неделата. Вашата мисија? Искористете ја оваа енергија во целост. Ако сте сингл, пристапете ѝ на личноста за која сте заинтересирани и повикајте ја на љубовен состанок. Ако се во врска, изненадете го партнерот со секси долна облека и шише вино.

Тежок разговор на 29-ти април

Полната месечина ќе премине во Скорпија на 29-ти, па затоа и ќе донесе многу трансформативна енергија. Овој момент на космичка јасност може да биде совршениот момент за конечно да го направите разговорот што ви предизвикува стрес. Со страста на Скорпијата како ваш водич, овој дијалог конечно ќе ви помогне да се почувствувате ослободено.

Бестрашни заводнички: Дознајте сѐ за жените Овни!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар