3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема среќа на љубовно поле во текот на ноември

3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема среќа на љубовно поле во текот на ноември

Мора да признаеме дека ноември не е најубавиот месец во годината. Времето станува сѐ поладно, на последните сончеви денови полека им доаѓа крајот и мора да излегуваме од дома наоблечени. Сепак, на некои хороскопски знаци месецот ноември може да им донесе пријатни изненадувања на љубовен план. Дознајте дали и вие сте дел од нив и дали ќе доживеете голема љубовна среќа овој месец…

3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема среќа на љубовно поле во текот на ноември

Рак

Во текот на ноември, животот на Раковите ќе биде полн со уживања. Овој период ќе им биде поволен за љубовни состаноци, за почеток на нови љубовни приказни, па дури и тајни врски и искуства, на кои секогаш ќе се сеќаваат со насмевка на лицето. Припадниците на овој знак ќе откријат нешто ново за себе, поврзано со нивните желби и копнежи во љубовниот живот. Освен тоа, Раковите месецов ќе имаат можност за проширување на семејството со нови членови.

Девица

Разговори и патувања. Уживање и забава! Месецов Девиците можат да очекуваат љубовни изјави, свршувачка, чувствителни и искрени пораки и успешни договори. Можно е да патуваат поради љубовта или да запознаат личност која многу ќе им значи. Но, исто така, можат да паднат во стапица! Можно е да наседнат на лажни ветувања кои немаат никаков допир со реалноста. Девиците треба да внимаваат да не ги мешаат парите и љубовните интереси. Освен тоа, сѐ друго е добро и позитивно.

Јарец

Јарците месецов ги очекува голема среќа. Ноември 2017 година има многу што да им понуди на љубовен план. Ќе им се отвораат љубовни прилики на разни културни настани, што значи дека својата подобра половина ќе можат да ја најдат на некое случување или собир на луѓе со заеднички интереси, цели и хобија. Во овој месец многу се важни комуникацијата, соработката и контактите со странци.

Не се разочарувајте доколку не се пронајдовте помеѓу овие хороскопски знаци, бидејќи астрологијата ви открива што можете да очекувате во последните месеци од годината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар