12 дена новогодишен секс

ОК. На „зимски распуст“ сте и во овој период сакате да имате повозбудлив секс, како еден вид новогодишен подарок за вас и за вашиот партнер. Еве 12 совети кои ќе го зачинат вашиот сексуален живот за време на новогодишните празници. Но запомнете, сите носиме по малку енергија од другите знаци во зодијакот, па секој од овие совети може да има ефект и во вашиот случај. Раководете се по еден од нив секој ден или применете ги сите 12 во една вечер. Заслужувате. Време е за празничен секс.

12 дена новогодишен секс

Овен: Пазете се од првиот знак во зодијакот. Овните се оргазмични и во тоа лесно ќе се уверите доколку се најдете во нивно друштво. Енергијата на овенот сугерира да преземете одговорност за да доживеете сопствено задоволство.

Бик: Воведете некое јадење во сексуалниот чин. Може да биде шлаг-пена, јагоди, чоколадо, мед или што било друго. Употребете ја вашата имагинација. Биковите управуваат со апетитот, па нивната космичка енергија вели: „Зошто да не се наполни стомакот и воедно да се задоволат и подолните предели?“

Близнаци: Овој знак сака муабетење, па нему ќе му се допадне доколку му зборувате валкано. Нема да згрешите ако на близнаците им кажувате реченици од типот: „Сакам (придавка) да ти го (глагол) на твоето (некој дел од телото)“.

Рак: Обидете се со нежност, нежни бакнежи, слатки шепотења, бескрајни допири… Енергијата на ракот е сензуална. Овој знак владее со стомакот и градите, па може да почнете од таму.

Лав: Направете претстава. Лавот е знакот на шоу-бизнисот, а сите знаеме дека не може да има шоу без публика. Енергијата на лавот сугерира да се започне уште во диско-клубот. Фатете се за шипката или качете се на бината и почнете да работите на случајот.

Девица: Дајте им масажа, по можност со среќен крај :). Истражете на интернет кои мускули треба да ги допирате и на кој начин. Нивната енергија се асоцира со здравјето и благосостојбата, и тоа во физичка смисла. Доколку научите повеќе за физиологијата, ќе бидете посамоуверени со девицата и ќе можете и самите да доживеете поголемо задоволство.

Вага: Вагата е знак на елеганцијата. Ќе ја возбудите со тантелена долна облека и/или чаршафи со специфични плетки. Секогаш мислете на извонредните додатоци кои ќе ја освојат вашата вага.

Скорпија: Срушете ги границите на перверзиите. Енергијата на скорпиите може да биде дива и животинска. За секого е различно. Запрашајте се која е вашата граница и границата на вашиот партнер, а потоа пречекорете ја.

Стрелец: Локацијата е сè за стрелецот. Извадете го надвор од креветот и однесете го во кујната, во вашиот автомобил, во лифтот, во просторијата за палта во дискотеката… секое место што ќе ви падне на памет, а притоа не би ве уапсиле.

Јарец: Неговата енергија е во знакот на моќта и авторитетот. Во играта со господарот и слугата, јарецот дефинитивно е господарот. Во овој дух, преземете иницијатива и направете нешто надвор од вообичаеното. Опционално можете да вклучите црна кожа во играта.

Водолија: Појдете во некоја продавница за „играчки“ и купете некои од најинтересните. Чисто за појаснување, ова се такви играчки кои не би ги отпакувале заедно со своите родители во собата. Има голем избор. Па, забавувајте се.

Риби: Го знаете симболот на хороскопскиот знак риби? Размислете. Доволно е кажано.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар