10 причини зошто никогаш нема да можете да ги заборавите Близнаците, за добро или лошо

Близнаците се исто толку способни да го збогатат вашиот живот, како и да го уништат (најчесто ненамерно). Но, без разлика на ситуацијата покрај нив работите никогаш нема да ви бидат здодевни. Погледнете сè што треба да знаете за неверојатните Близнаци…

10 причини зошто никогаш нема да можете да ги заборавите Близнаците, за добро или лошо

1. Тие се комуникативни

Комбинацијата на интелигенција, бистрина и ентузијазам ги прави Близнаците одлични за комуникација во сите видови ситуации. Тие обожаваат да учат и да го споделуваат она што го научиле, па токму затоа и не се воздржуваат при искажување на своите размислувања. Во врските тие сакаат веднаш да ги средуваат сите проблеми и токму затоа нема да дозволат да се насобираат. Понекогаш имаат потешкотии при криењето на своето незадоволство со другите луѓе, па токму затоа најчесто гласно го изразуваат. Во пријателството тие сакаат да дрдорат и озборуваат. Но, ако ви е потребен совет, Близнаците се најдобар избор. Тие ќе ви дадат насока, како и уникатна перспектива на нештата.

2. Тие се брзи

Близнаците брзо размислуваат, зборуваат и се движат. Во повеќето области од нивниот живот, тие едноставно немаат многу трпение за неактивност. И покрај тоа што се релативно опуштени и не се тешки за „одржување“, стагнацијата и досадата им предизвикува анксиозност. Доколку тие почувствуваат дека е време да продолжат понатаму, без размислување ќе го сторат тоа. Исто така имајте на ум дека ако не можете да ги следите, големи се шансите дека тие ќе ве остават зад себе.

3. Тие се креативни

Близнаците имаат многу таленти кои најчесто се артистички и токму затоа започнуваат повеќе различни нешта одеднаш. Оваа карактеристика не е секогаш добра, бидејќи често им недостасува насока и многу ретко можат доволно долго да го задржат своето внимание кон нешто со цел да го завршат до крај. Но, доколку ги пронајдат вистинските проекти, тие можат да бидат многу способни и ефикасни. Најдобро работат во креативна и брза околина. Тие се одлични кога станува збор за јавен говор.

4. Тие имаат повеќекратна личност

Една од најпознатите атрибути на Близнаците е нивната двојна личност. Но, она што повеќето луѓе не го знаат е фактот што тие имаат многу повеќе од само двојна личност. Тие многу лесно се адаптираат и имаат силна интуиција. Токму затоа и брзо реагираат на енергијата на другите луѓе што резултира со различна „верзија“ од нив во зависност од личноста со која зборуваат. Овие разлики варираат од суптилни до енормни, во зависност од ситуацијата. Токму затоа тие можат да бидат перципирани како „лажни“, иако реалноста е дека тие само откриваат различни страни од својата повеќекратна личност.

5. Тие се тешки за обврзување

Близнаците се исклучително независни и ја ценат својата слобода. Токму затоа и не сакаат да бидат врзани и брзо ќе се повлечат доколку се почувствуваат згушено. Исто така, за нив времето е многу важно, па тие не сакаат да се обврзат од страв да не направат погрешна одлука која ќе резултира со џабе потрошено време. Тие го сакаат само најдоброто за нивните лични врски, па токму затоа и се подготвени многу да понудат. Во врските, Близнаците најдобро работат со луѓе кои се авантуристи, независни и делотворни.

6. Тие се страсни, понекогаш дури и „луди“

Кога Близнаците се навистина заљубени, тие не се воздржуваат. Токму затоа можат да бидат и ирационално љубоморни на сè она кое го гледаат како закана за оваа љубов. Овој знак е способен во еден момент бесно да фрла урамени фотографии низ домот, а веќе еден час подоцна да го чисти скршеното стакло и да се извинува за својата непромислена одлука. Да, тие знаат да полудат, но тоа се случува само кога навистина се грижат и најчесто поради тоа што имаат навистина добра причина.

7. Тие се површни

Близнаците се површни во неколку аспекти. Тие го сакаат сценското светло и често им даваат преголема вредност на површните нешта. Тие многу често не допираат многу длабоко, па токму затоа и погрешно ги проценуваат луѓето или ситуациите. Ова можеби е најголемата маана која ја поседува овој знак. Понекогаш едноставно мора да работите напорно доколку сакате да го промените првичниот впечаток кој Близнакот набрзина го донел за вас.

8. Тие се неодлучни и непостојани

Можеби една од најголемите маани (или квалитети, во зависност од ситуацијата) на Близнаците е непостојаноста. Еден ден тие се среќни, а веќе наредниот може работите да им се премногу комплицирани. Нивното расположение може да се промени за само една секунда. Па, поради нивната двојна природа, тие се сомневаат во своите одлуки, доколку воопшто успеале да се одлучат за нешто. Тие постојано се сомневаат во себе, понекогаш и до степен на опсесивност. Токму затоа и се склони на анксиозност.

9. Тие се дарежливи

Дури и кога поминуваат низ лоши времиња, Близнаците никогаш нема да ја изгубат својата дарежливост кон најблиските. Тие се познати по тоа што не се добри за штедење, па токму затоа можат да потрошат многу повеќе со цел другите да не ги доживуваат како скржави.

10. Тие опростуваат, но никогаш не забораваат

И покрај тоа што опростуваат лесно, тие никогаш нема да ги заборават нештата кои им биле згрешени. Кога Близнаците се грижат за вас, тој или таа лесно ќе ги надмине сите грешки кои некогаш сте ги направиле. Но, бидејќи не се способни да заборават, потребно е долго време за одново да ја освоите нивната доверба, па токму тоа може негативно да влијае врз вашата врска. Каква поука можете да извлечете од ова? Едноставно не им грешете на Близнаците.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар