10 факти кои ќе ги разберат само родените во знакот Близнаци

Не е лесно да се разберете или пак да се спријателите со Близнаците, а тоа го знаат сите кои во своето опкружување имаат некој со тој хороскопски знак. Но, погледнете ги пак овие факти кои нема да ги разбере никој друг освен Близнаците.

1-10-fakti-koi-kje-gi-razberat-samo-rodenite-vo-znakot-na-bliznaci-www.kafepauza.mk_

1. Луѓето мислат дека сте дволични само поради карактеристиките на вашиот хороскопски знак. Факт е дека Близнаците, исто како и останатите хороскопски знаци, имаат неколку различни лица, но не во вистинската смисла на тој збор.

2. Мора да им објаснувате на луѓето дека колку повеќе сте саркастични со нив во разговорот, значи дека толку повеќе тие ви се допаѓаат. На никого не му е јасно зошто тоа е така, но во тоа најверојатно се крие целиот шарм на Близнаците.

3. Не знаете како да им објасните на луѓето дека ви е потребно да ве остават на мир неколку дена или подолг период. Близнаците се едноставно такви, умеат да се изолираат од сите, па затоа пуштете ги да им помине таа фаза.

4. Имате феноменална идеја, феноменална… сè до наредните пет минути кога ќе ви текне уште подобра.

5. Често ви се случува да сфатите дека флертувате со некого само затоа што ви се допаѓа како личност, а за тоа да не сте свесни. Затоа не треба да ве чуди дека некој Близнак се обидува да флертува со вас – треба да се загрижите ако ситуацијата е обратна.

2-10-fakti-koi-kje-gi-razberat-samo-rodenite-vo-znakot-na-bliznaci-www.kafepauza.mk_

6. Постојано сте на вистинска вртелешка од емоции, 7 дена во неделата, 365 дена во годината.

7. Вашето расположение е променливо. Во еден момент сте феноменално расположени, а во следниот имате лице кое вели „остави ме на мир, не сакам да те гледам“.

8. Не може да прошетате по улица, а да не наидете на минимум пет луѓе чија животна приказна ќе ја дознаете со само 10-минутен разговор. Едноставно Близнаците се многу привлечни за луѓето, особено за странците, па не е чудно што толку многу ги обожаваат.

9. За вас целиот живот е една непрекината „журка“ и би било ужасно досадно кога околу вас би се случувале нормални работи.

10. Вие претставувате совршено несовршена комбинација на карактеристики, па затоа не ви е чудно зошто некои луѓе ве сакаат, а додека други не може да ве поднесат. И тоа е животот, зар не?

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар