Како хороскопските знаци ги искажуваат емоциите?

Како хороскопските знаци ги искажуваат емоциите?

Дали сте големи лутковци или си ги чувате емоциите за себе? Дознајте кој знак како реагира и како го покажува својот бес, на кој начин ја демонстрира својата лутина и на кој начин простува.

Како хороскопските знаци ги искажуваат емоциите?

Овен

Овните брзо се лутат и стануваат агресивни, а причината за тоа е што тие се многу плашливи личности. Секој овен е свесен дека многу би си помогнал себеси, доколку би научил да го контролира својот бес. Доколку имате намера да се впуштите во љубовна врска со оваа усвитена глава, бидете сигурни дека знаете како да ги застапувате вашите сопствени интереси, бидејќи овните се силни борци. Освен тоа, ќе морате да се потрудите да бидете интересни, бидејќи лекот на овните за досадата, е кавгата.

Бик

Секој бик сака некој да се грижи за него. Потајно копнеат за чувство на сигурност. Тие се големи хедонисти. Чувството на несигурност ги тера да заработуваат многу пари и да купуваат скапи материјални работи. За среќа, биковите се многу чувствителни, па со тек на време би требало да сфатат дека сигурноста произлегува од нивната верба во себе, а не од материјалните работи.

Близнаци

Близнаците се прикриени шизофреничари. Имаат двојна личност, па никогаш нема да бидете потполно сигурни со која од нив го поминувате вашето време. Покрај тоа, близнаците сами на себе си се „адвокати на ѓаволот“, бидејќи никогаш не знаат како и што да одберат. Секоја пресвртница во нивниот живот ги збунува.

Рак

Раковите се многу плачливи луѓе. Овој воден знак се занимава исклучиво со исполнување на сопствените емотивни потреби, што е причина за нивната голема несигурност. Освен тоа што се плачливи, раковите знаат и да се закачат за партнерот како пијавица, досадувајќи му и барајќи од него постојано да ги уверува во нивната сопствена вредност. Поради тоа, доколку сте во врска со рак, телефонот ќе ви ѕвони почесто одошто би сакале. За да го избегнете тоа, пуштете го ракот да се грижи за вас или купете му куче.

Лав

Нивните приказни се безизлезни, а работите коишто ги кажуваат треба да ги прифатите со доза на резерва. Лавовите сакаат да ги преувеличуваат работите и да го менуваат редоследот на настаните, за ситуациите да звучат погламурозно и повозбудливо. Освен тоа, обожаваат да се фалат, а тоа е нивна особина над која немаат контрола. Затоа, разгалувајте го нивното его и препуштете се на уживањето. Со лавот, никогаш нема да ви биде досадно.

Девица

Девицата никогаш не е задоволна. Припадниците на овој знак, сметаат дека никогаш ништо не е доволно добро. Тежнеат кон перфекционизам, а недостаток им е тоа што анализираат сѐ, па дури и најмалите ситници. Затоа, нивните критики никогаш не ги земајте здраво за готово.

Вага

Вагата секогаш изгледа како да не може да дочека да стане нечиј/а љубовник/ца, а тоа може да е доста привлечно за претставниците на спротивниот пол. Причината за нивното однесување е тоа што вагите обожаваат да бидат во врска, но истовремено имаат проблем со врзувањето, бидејќи се водат според тоа дека „тревата е секогаш позелена кај комшијата“. За да биде уште полошо, никогаш нема да знаете дека нешто не е во ред, бидејќи вагите се родени дипломати, кои ќе се смешкаат дури и кога вријат однатре. Вагите се пасивни агресивци, кои истовремено пленат со својот шарм и убавина.

Скорпија

Тајната на скорпиите е во тоа што тие имаат многу тајни кои никогаш нема да ви ги откријат. Тие ја обожаваат својата приватност. Но, колку повеќе им се отворите, тие ќе се чувствуваат посигурни и сами ќе почнат да ви се отвораат. Забодувањето на вашиот нос во нивните работи, нема ни малку да ви помогне да откриете што планираат и во која насока се движат. Скорпиите се многу љубоморни, па флертувањето на нивниот партнер со друг/а нема лесно да го поднесат, ниту ќе го заборават. Неверство никогаш не би простиле и ќе ја прекинат врската веднаш штом дознаат за тоа.

Стрелец

Стрелците не кријат ништо во себе. Тие се отворена книга и се искрени до болка. Понекогаш, поради тие карактеристики може да делуваат како нетактични личности. Кога нешто не им се допаѓа, честопати си ја „забиваат главата во песок“ и на тој начин се штитат. Исто така, многу често се однесуваат како себични и неодговорни личности.

Јарец

Јарците понекогаш ги доживуваме како луѓе со ледено срце, но нив сепак им е многу важно што другите мислат за нив. За да ги остварат своите желби, спремни се напорно да работат и нема да ви допуштат да дознаете на кој начин успеале да го постигнат она што го зацртале. Ретко кога „откачуваат“, зашто се сепак доста сериозни луѓе. Јарците спаѓаат во посветени љубовни партнери.

Водолија

Водолиите го сакаат човештвото, но не ги сакаат луѓето. По малку се снобови, но тоа го кријат и се однесуваат онака како што самите зацртале дека треба. По навика, кажуваат „не“ и не очекувајте од нив да бидат среќни, доколку ги „заробите“ покрај вас. Со водолиите управува Уран, кој ги прави да бидат родени бунтовници. Доколку започнете љубовна врска со водолија, знајте дека тие, освен според своите, не функционираат според ниедни туѓи правила.

Риби

Кај рибите често се случува да не успеваат да постигнат хармонија помеѓу духовното и физичкото. Повеќе од кој било друг хороскопски знак, рибите се склони кон бегање од реалноста. Поради тоа, честопати се од нешто зависни, било од храна, книги, телевизија, дрога, алкохол или секс. Тие се изразено чувствителни личности, кои се склони кон уметноста. Тешко им паѓа да бидат верни кон својот партнер, а од него очекуваат потполна верност. Сепак, и самите се неверни кога ќе им се укаже прилика. Сопствените грешки со леснотија си ги простуваат.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Христијан Reply

    нема безе ова не е точно

  2. Tino Reply

    Близнаците се прикриени шизофреничари? koj pishuva vakvi raboti ccc

Напиши одговор на Tino Откажи одговор